10.09.2012, 15:24 (ФУДБАЛ ВЕСТИ) Ибрахимовиќ: „Јас сум жива легенда“
Напаѓачот на ПСЖ во својот роден град Малме доби место во тамошниот „Булевар на познатите“
Напаѓачот на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ, изјави дека е „жива легенда“ откако во својот роден град Малме доби место во тамошниот „Булевар на познатите“.
„Ова е голема чест за мене и доказ дека сум постигнал нешто во мојата кариера. Луѓето велат дека пред смртта не можеш да станеш легенда, но јас веќе тоа го сторив. Јас сум жива легенда“, изјави Златан Ибрахимовиќ.
Репрезентативецот на Шведска во својата земја се води како еден од најуспешните спортисти, кои во својата кариера постигнале извонредни резултати, но и придонеле за тамошниот фудбал и спортот.
Зенети идниот потпретседател на Интер?
Капитенот на Интер, Хавијер Зенети, кој пред две недели го прослави 800. меч во дресот на „нероазурите“, може да стане новиот потпретседател на клубот.
За 39-годишниот фудбалер најверојатно оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера, поради што челниците на Интер немаат намера да му дозволат да го напушти „Сан Сиро“. Масимо Морати веќе размислува на својот капитен да му понуди едно од високите функции во клубот.
„Ние сме среќни бидејќи во клубот имаме одлични фудбалери, но и интелигентни момци. Нашата желба е Интер секогаш да биде дел од нивните животи, иднина и по завршувањето на нивната кариера“, изјави Морати.
Заминувањето на Зенети во пензија би било големо разочарување за сите фанови на Интер бидејќи ќе загубат голем играч, но од друга страна во клубот ќе добијат човек што ќе помага и надвор од теренот.
Руни: „Роналдо не може без огледало“
Во својата автобиографска книга „Мојата деценија во Пример-лигата“, Вејн Руни му посвети место и на Кристијано Роналдо. Напаѓачот на Манчестер јунајтед ја коментира опседнатоста на Португалецот со неговиот изглед.
„Португалецот е неверојатен, таков човек не сум сретнал. Опседнат е да се гледа постојано во огледало и да се воодушевува на својот изглед. Кога се подготвувавме да играме фудбал, тој сака да се гледа пред огледало. Пред да истрча на теренот, постојано ја прави истата рутина: го облекува дресот, копачките, се врти кон огледалото и гледа како му стојат“, открива Вејн Руни.
|