Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
09.09.2012, 17:54

Шахистите 38., шахистките 66. на Олимпијадата

Во последното коло машката селекција ја совлада Шкотска, а женската Порторико

Роберт Димитриевски

Машката репрезентација на Македонија го освои 38. место во конкуренција на 157 тима, а женската заврши 66. меѓу 127 селекции на јубилејната 40. Шаховска олимпијада, која од 28 август до 9 септември се одржа во Истанбул. Мажите во 11 одиграни натпревари освоија 13 меч-бода и 25 поени по табли, а дамите 11 меч-бода и 21 поен по табли.

Во последното коло избраниците на капитенот Драгољуб Јаќимовиќ, кои го почнаа турнирот како 49. според рејтингот, ја совладаа Шкотска (65.) со 2,5-1,5. Резултатот го отвори интермајсторот Филип Панчевски (рејтинг 2461), кој ги искористи белите фигури на последната табла против ФИДЕ-мајсторот Алан Тејт (2332). Тоа се покажа и решавачко за конечниот резултат, бидејќи во продолжението речиси во исто време ремизираа велемајсторот Владимир Георгиев (2566) со ВМ Колин Мекнеб (2446) на првата, ВМ Трајко Недев (2494) со ВМ Кетеван Арахамија-Грант (2421) на втората и ВМ Влатко Богдановски (2448) со ВМ Џон Шоу (2424) на третата.

Женската селекција, пак, во последниот круг славеше со 2,5-1,5 против Порторико, 22 места подолу рангиран од составот селектиран од Ристе Менкиноски, кој ја почна Олимпијадата од 68. позиција. На половина од натпреварот водство на Македонија и' донесоа Драгана Николовска (1828) со победата со црни фигури над ЖФМ Орта Џо Ен Алварез (1753) на последната табла и Бојана Бејатовиќ (1978) со ремито со ЖФМ Ринели Комас Колон (1810) на втората. Триумфот го обезбеди Моника Стојковска (1939), која уште во претходното коло освои норма за женски ФИДЕ-мајстор и која ја принуди на капитулација Хилзандрили Пачеко Медина (1820) на третата. На крајот ЖИМ Габриела Коскоска (2094) на првата загуби од ЖФМ Даница Васкез Макарини (1916).

Олимписки шампион кај мажите стана Ерменија, сребрениот медал и' припадна на Русија, а бронзениот на Украина. Кај жените триумфира Русија, пред Кина, а трета е Украина.

Резултати од последното коло, мажи: Украина – Кина 3-1; Унгарија – Ерменија 1,5-2,5; Русија – Германија 3-1; Полска – САД 1,5-2,5; Аргентина – Холандија 1-3; Виетнам – Узбекистан 3-1; Романија – Филипини 3-1; Куба – Словенија 2,5-1,5; Азербејџан – Индија 1,5-1,5; Англија – Чешка 2,5-1,5 итн.

Конечна табела: Ерменија 19 меч-бода, Русија 19, Украина 18, САД 17, Кина 17, Холандија 16, Виетнам 16, Романија 16 итн.


Статијата е прочитана 393 пати.

Испрати коментар



Пари од УЕФА за четири македонски клубови
„Коцкестите“ со голем бод од Брисел
Србија го фати последниот воз за Евробаскет 2013
Парична награда од 30.000 евра за Наковска-Бикова
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Јаневски - Македонија заслужи да победи во Глазгов
Талевски и вети нова стрелачка сала на Наковска-Бикова
Хулигани ги каменувале Меси и Аргентинците
Мекларен нема план Б ако си замине Хамилтон
Оланд на слепа параолимпијка - „Ви мавтав, но не ме видовте“
Мари, конечно, со Гренд-слем трофеј
(ФОТО) Тренинг на македонската репрезентација на „Хампден парк“ во Глазгов
Надежите на Македонија не се пласираа во баражот за ЕП
Левин - Шкотска мора да ја победи Македонија
Македонска решителност против шкотската агресивност
(ФУДБАЛ ВЕСТИ) Ибрахимовиќ - „Јас сум жива легенда“
Ѓоковиќ и Мареј во вечерашното финале
Металург едвај извлече реми против Хоризонт Здравје
Металург надмоќно до групите од Лигата на шампионите
Контадор ја освои Вуелта
Четврта титула за Серена Вилијамс на Jу- Ес опен
(ФОТО) Свечено затворени 14. Параолимписки игри во Лондон
Витали Кличко ја одбрани титулата
Хамилтон ја освои Монца
(ФОТО) Ако сакаме барем бод, мора по сите три
Трет пораз на македонските одбојкари
Мареј е првиот финалист на Ју- Ес опен
Металург во финалето на квалификациската група за ЛШ
Хамилтон ја освои пол позицијата во Монца
(ФОТО) Македонија несреќно поразена на „Максимир“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 17°C

Петок
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Славниот боксер ја почна изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на крајот од октомври во Украина...
Талибанците на Фејсбук се претставуваат како убави девојки
Војниците од коалициските сили во Авганистан биле предупредени да бидат многу претпазливи кога „сурфаат“ по социјалните ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |