Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
03.09.2012, 22:51

(ФОТО) Македонија ги почна подготовките за Хрватска и Шкотска



На првиот попладневен тренинг на „Филип Втори“, новиот селектор Јаневски ги имаше на располагање сите повикани фудбалери со исклучок на Тодоровски и Тасевски

ФОТО: Петр Стојановски

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги почна подготовките за двата квалификациски натпревари за СП против Хрватска (7. септември) и Шкотска (11. септември) на гостински терен.

На првиот попладневен тренинг на „Филип Втори“, новиот селектор Чедомир Јаневски ги имаше на располагање сите повикани фудбалери со исклучок на повредениот Александар Тодоровски, кој отпадна од комбинација, како и Дарко Тасевски кој поради мали проблеми со обезбедување на визата за Шкотска во текот на утрешниот ден ќе и се приклучи на репрезентацијата.



„Почнуваме еден нов квалификациски циклус од кој сите веруваме ќе извлечеме еден голем плус за македонскиот репрезентативен фудбал. Овие денови ни останува добро да се подготвиме за првите два натпревари во квалификациската група, убедени дека може максимално да се надигруваме со противниците. Секој селектор сака на располагање да ги има сите повикани фудбалери, но ние ќе мора да се соочиме со одредени откажувања“ – рече денеска Јаневски, кој во последен момент се одлучи во селекцијата да повика двајца фудбалери од домашната сцена, Остоја Стјепановиќ и Драган Ѓоргиев од Вардар.



Утре, националниот тим ќе одработи два тренинга, првиот од 10 часот на арената „Филип Втори", попладневниот од 18 часот.

УЕФА ги одреди судиите за првиот квалификациски натпревар на нашата селекција против Хрватска. Израелецот Алон Јефет ќе биде главен судија на дуелот на "Максимир", а негови помошници ќе бидат сонародниците Амихај Јехошуа Мозес и Абет Ал Ремили.











Статијата е прочитана 1718 пати.

Испрати коментар



Дел Пјеро го одбра Сиднеј наместо Ливерпул
Навивачи на „Арсенал“ уапсени за убиство
Ферер побрз од дождот, подобар од Гаске
Хрватите со петмина во средината и со еден напаѓач
Фергусон, конечно, ќе му даде шанса на Болт
Роналдо - Парите немаат никаква врска
Македонија се искачи на 97. место на ФИФА-листата
Македонските шахисти блескаат на Олимпијадата
Насев прв добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело
Сити подготвил 120 милиони евра за Роналдо!?
Федерер со Бердих за полуфиналето на Ју-Ес опен
Мундијалот ќе се игра со топката „Бразука“
Хулк и Витсел во Зенит за 90 милиони евра
Шаховска Македонија поголема од Австралија
Каранфилов 10., Наковска-Бикова 12. со МК-пиштол
Роналдо не е среќен во Реал Мадрид
Шведски фудбалер даде гол и почина!
Надал ќе паузира уште два месеца



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |