Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.09.2012, 14:34

Инвестицискиот самит за посилна економија 

„Македонија 2025“ ги повика македонските извозни компании на Самитот во Охрид да ги проверат можностите за соработка со нашата бизнис дијаспора

Организацијата „Македонија 2025“ преку глобален инвестициски самит закажан за во Охрид ќе ја зајакнува соработката меѓу бизнис заедницата од Македонија и дијаспората. Мотото на Самитот, што ќе се одржи од 18 до 21 октомври во Охрид, е „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“.

Од Организацијата денеска најавија дека Самитот во Охрид ќе биде еден од најголемите настани годинава на кој ќе присуствуваат над 40 панелисти, истакнати стручеаци и професионалци од сферата на економијата. Целта е да се зајакне соработка меѓу домашните и нашите бизнисмени од целиот свет.

„Ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија, како и потенцијалите за извоз, успешни бизнис модели кои веќе се тестирани и испробани со цел да мотивираат слични потфати и во иднина“, изјави Зоран Мартиновски, член на одборот на директори на „Македонија 2025“ и претседател на Глобалниот инвестициски самит. Тој ги повика македонските извозни компании на Самитот во Охрид да ги проверат можностите за соработка со нашата бизнис дијаспора.

Директорот на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, како член на одборот на директори на „Македонија 2025“, потенцира дека Македонија има одлични производи и брендови, кои треба да се етаблираат на странските пазари со помош на партнери.

„ Преку размена на знаења, технологии,сакаме да изградиме мост меѓу домашниот бизнис сектор и македонските бизнисмени кои се дел од големите светски корпорации. Увоз на знаење ни треба во секој случај, а нови технолигии особено се неопходни во агросекторот, таму има простор за подобрување и на квалитетот и на начинот на продажба“, истакна Мукаетов.

Според Минчо Јорданов, директор на „Макстил“ и исто така член на одборот на директори на „Македонија 2025“, Самитот особено е значаен во овие услови на криза за да се зацврсти соработката.

Тој смета дека потребен е отворен дијалог за бизнис климата и со дијаспората. „За да имаме странски инвестиции треба да бидат запознати луѓето да разберат за нас. Многу малку сме афирмирани. Пред се треба да ги понудиме оние можности преку кои ќе прават профит компаниите“, изјави Јорданов. (С.М.)


Статијата е прочитана 508 пати.

Испрати коментар



Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Филе стави точка на „македонски“
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово
Иванов - И без решение на името можеме да стане��е членка на НАТО
Субрата Рој го купи охридскиот хотел „Славија“
Во Србија 21 лице инфицирано од вирусот Западен Нил
Ал Зуби - Ќе и ги отсечам рацете на Турција ако се меша во Сирија
Во Македонија нема заболени од западно-нилска треска
Бугарија се откажува од влез во еврозоната
Кафеаните од денеска ќе работат еден час пократко
Пронајдени две обесени момчиња во Скопје и во Чегране
Иванов во Брисел на средби со челниците на ЕУ и НАТО
Груевски ги повика иселениците во Канада да инвестираат во Македонија
Финска - иднина без Нокиа



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |