Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.09.2012, 12:10

Во Македонија нема заболени од западно-нилска треска

Комисијата за заштита на населението од заразни заболувања на денешната работна средба ја разгледа состојбата со заразни заболувања во државата, при што е констатирано дека нема поголеми отстапувања во бројот на заразни заболувања, карактеристични за летниот период.

Посебно внимание беше посветено на информациите за ширење на вирусот на западно-нилска треска во околните земји (Србија и Грција), при што беше заклучено дека во Република Македонија досега нема лабораториски потврдено случај на заболен од западно-нилска треска.

На средбата беше констатирано дека постои голем напредок од минатата година во однос на бројот на општини кои ја реализираа законската обврска за дезинсекција и дератизација и оти успешно се реализира Акцискиот план против вектор-преносливи болести.

Поголемиот дел од општините веќе имаат преземено активности за теристичко или авионско прскање, како најдобра превентивна мерка за уништување на комарци.

На територијата на Скопје деновиве се врши четврто ларвицидно прскање против комарци, со посебен акцент на водните површини, по течението на реката Вардар и езерото Треска. Акции за прскање неколкупати летово се преземени и во речиси сите поголеми градови низ државата.

Од Институтот за јавно здравје информираа дека имаат обезбедено доволен број тестови за дијагностика на пациенти сомнителни за западно-нилска треска и дека годинава се испитани материјали од 25 сомнителни лица, но кај сите резултатите се негативни.

Остануваат на сила препораките за преземање превентивни мерки за заштита од вектор-преносливи болести, кои се пренесуваат преку комарци, односно поставување заштитни мрежи на врати и прозорци, отстранување застоена вода од дворови (буриња, вирови, шахти и стари гуми во кои може да се собира дождовницата) и редовно чистење на олуците за да се овозможи истекување на водата и употреба на средства за заштита од каснување комарци.

Најчесто болеста поминува полесно без симптоми, а кај оние кај кои ќе се јават симптоми, тие се слични на грип-покачена температура, изнемоштеност, болки по телото, може да се јават и гадење, повраќање и испип по телото.

Овие симптоми може да бидат резултат и на други респираторни заболувања и од Комисијата препорачуваат доколку се почувствува дел од сиптомите, а лицето има сознание дека е каснат од комарец, пожелно е да се консултира со матичниот лекар.


Статијата е прочитана 341 пати.

Испрати коментар



Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Филе стави точка на „македонски“
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово
Иванов - И без решение на името можеме да станеме членка на НАТО
Субрата Рој го купи охридскиот хотел „Славија“
Во Србија 21 лице инфицирано од вирусот Западен Нил
Ал Зуби - Ќе и ги отсечам рацете на Турција ако се меша во Сирија
Бугарија се откажува од влез во еврозоната
Кафеаните од денеска ќе работат еден час пократко
Пронајдени две обесени момчиња во Скопје и во Чегране
Иванов во Брисел на средби со челниците на ЕУ и НАТО
Груевски ги повика иселениците во Канада да инвестираат во Македонија
Финска - иднина без Нокиа



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман ��мета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |