Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.09.2012, 09:55

Груевски ги повика иселениците во Канада да инвестираат во Македонија

За премиерот доказ за досегашната поддршка на иселениците е и фактот што Канада ја призна Република Македонија под уставното име

Премиерот Никола Груевски ја повика македонската дијаспора во Канада да остане обединета, да продолжи да ја поддржува Република Македонија и да инвестира во татковината.

- Како што успеавте да издејствувате Канада да ја признае Република Македонија под уставното име, сплотени и обединети ќе успеете и за многу други цели што ќе си ги поставите. Онаму каде има неслога, таму нема успеси. Таму каде има слога има успеси. Тоа не значи дека не треба да има различни мислења, но тие треба да се решат во сопствениот двор, а надвор да се настапува заеднички, како што тоа знаете најчесто да го направите. Ви честитам за тоа, како и за сите ваши залагања за Македонија. Вашата поддршка на нашите напори за зачувување на македонскиот идентитет и отпорот што го даваме на многуте притисоци и закани што ги имаме во минатото ни значи многу, ни помага. Благодарни сме на тоа, ни дава многу сила да продолжиме и да ги издржуваме тие притисоци. Тие притисоци нема да можат да не уништат. Еден европски филозоф вели тој што не може да те уништи може да те направи само посилен, истакна македонскиот премиер на средбата со македонската дијаспора во канадскиот град Винздор.

Според него, доказ за досегашната поддршка на иселениците е и фактот што Канада ја призна Република Македонија под уставното име.

- Во 2009 година се сретнав со канадскиот премиер Харпер и тој не криеше дека клучна улога во признавањето на Република Македонија под уставното име од страна на Канада има енергичноста, борбеноста и целата енергија што ја внесе македонската дијаспора, рече македонскиот премиер.

Груевски им порача на иселениците да не ја заборават Македонија и да доаѓаат почесто да ја посетуваат.

- Сретнав неколку луѓе кои веќе ми најавија дека во нивните семејства донеле одлуки за враќање во Македонија и почнување бизнис. Се надевам дека такви примери ќе има што повеќе во иднина. Не бараме од никој од вас да направи бизнис во Македонија без притоа да има профит. Но, ви укажуваме дека во Македонија денес многу полесно се прави бизнис и секој оној што го прави овде во Канада може да размислува дека може тоа да го направи и во Македонија, да заработи, да направи профит и да отвори нови работни места. Исто така, сакам да го задржите единството, слогата бидејќи само со слога и со заеднички јазик ќе бидеме посилни и вие како заедница и сите Македонци во светот, здружени, сплотени, можеме многу повеќе, истакна премиерот Груевски.

На средбата со дијаспората во македонскиот центар „Свети Никола“ присуствуваше и градоначалникот на Виндзор Кен Антела, кој нагласи дека македонската заедница веќе 30 години е значаен дел од градот.

Џеф Ватсон, пратеник на Конзервативната партија во канадскиот Парламент посочи дека Канада и Македонија имаат пријателски билатерални односи.

- Во 2007 година премиерот Стивен Харпер донесе одлука за признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име. Во 2008 година Канада беше за тоа Македонија да добие покана за членство во НАТО. Република Македонија веќе е многу активен учесник во НАТО - во Партнерството за мир и во мисијата во Авганистан, со што има многу важна улога во зачувувањето на меѓународниот мир и безбедност, рече Ватсон.


Статијата е прочитана 689 пати.

Испрати коментар



Четворица убиени во оружен напад во Франција
Бугарија најавува „црвена линија“ за Македонија
Австралиско-новозеландската епархија се дели на два дела
СДСМ - Трајановски го фалсификува Урбанистичкиот план
Ангелов му порача на премиерот да не глуми патриот
Исцртани опасни етнички линии во парламентот
Пешевски - Падна конкурентноста кај компаниите, а не кај Владата
Уште една шанса за загубарите
За Македонија се интересирале автомобилски компании
Ромпуј - Името ќе отвори многу врати
Јанкулоска - Не ги коментирам обинувањата за тендерот за полициски возила
Владата ќе им помага на компаниите да стигнат до европските фондови
Шулц - Македонија секогаш ќе ја има мојата поддршка
Стратегија за спречување на одливот на високообразовниот кадар
Олимпијадата не им донесе профит на британските трговци
Пијан возач усмрти пешак во Куманово
Мртва жена најдена во опожарена куќа
Руте - Ниту цент повеќе за Атина
Филе - ЕУ не бара од Србија да го признае Косово
Тригодишнина од бродска несреќа со „Илинден“
Јапонија ќе ги купи спорните острови
Европската комисија покрена истрага против „Газпром“
Во Собранието почнува расправата за законот за бранителите
Мишел Обама побара нова шанса за претседателот
Ка-дис со нови докази за тендерот за полициски возила
Владата ќе ги награди најдобрите амбасадори
Намален кредитниот рејтинг на ЕУ
Камбоџа ќе го депортира коосновачот на „Пајрат Беј“
Американец усмрти 70.000 кокошки во живинарска фарма
Во тешка сообраќајна несреќа во Мароко загинаа 42 лица
Филе стави точка на „македонски“
Повредени петмина тинејџери, со „пунто“ удриле во дрво
Инвестицискиот самит за посилна економија
Бесплатен железнички превоз за 8 септември
Шест компании заинтересирани за модернизација на патарините
Шулц - ЕУ сака Србија да го признае Косово
Иванов - И без решение на името можеме да станеме членка на НАТО
Субрата Рој го купи охридскиот хотел „Славија“
Во Србија 21 лице инфицирано од вирусот Западен Нил
Ал Зуби - Ќе и ги отсечам рацете на Турција ако се меша во Сирија
Во Македонија нема заболени од западно-нилска треска
Бугарија се откажува од влез во еврозоната
Кафеаните од денеска ќе работат еден час пократко
Пронајдени две обесени момчиња во Скопје и во Чегране
Иванов во Брисел на средби со челниците на ЕУ и НАТО
Финска - иднина без Нокиа



Pokreni akcija vo OON!, 04.09.2012 10:15:25
Poarno, prati pismoto za prodolzhuvanje nasheto chlenstvo vo OON pod ustavnoto ime RM!
Djalosh, 04.09.2012 11:34:34
boze moj, ke investirat ???? makedoncite nikogas ne investirale vo MK, gresil Gruevski sto ne vlegol vo dialog so tamosnite Albanci kogaj se znae deka kaj nim se parite ... ali bez garancija nema investiranje ..... probudite se
Aleksandar, 04.09.2012 13:56:27
Za da vlozat iselenicite pari vo Makedonija, taa treba da e vnatresno stabilna zemja, vo sprotivno tie rizikuvaat da go izgubat. Gruevski nemoze da im garantira (poradi vnatresnite problemi) nikakva sigurnost. Eve na primer kolku e sigurno da se vlozi kapital u Tetovo, Gostivar, Kicevo. Pa site pogolemi gazdi od ovie regioni go selat kapitalot u Skopje ili podaleku. Aaaaa mozebi Gruevski misli deka Makedonia e do Grupcin pa do tamu ke se vlozuva, a koga ke odi Ahmeti togas i vamu. Boze sto trpi Makedonija.
НЕВЕН ГНЕВЕН, 04.09.2012 14:37:43
Кољо нема појма зошто се исели народот од Македонија. А бре тие оставиле огништа, родители, роднини, жени, деца за да опстанат со тоа што отишле вит виделија, да можат да преживеат. И сега овој, ни срам ни перде, вложувајте во Македонија, за тие да има што да дрпаат. Ни срам, ни перде. Ама никој не им верува, тие веќе (дијаспората) се опаметени, животот ги научи да не веруваат не на оваа власт, туку на никоја.
pero, 04.09.2012 18:48:35
Не бре Грујо....... не ти доаѓаат тие вамо.......ко си оделе фрлиле камен зад себе.........Со други зборови, не си ставаат ТРН ВО ЗДРАВА НОГА..............
iselenik, 04.09.2012 20:08:27
E, bre, drugar Kole! Zar ne ti e grev da go trosis siromaviot makedonski narod i da gi mamis so tie tvoi bajki! Ako ti e tolku za da pobegnes od bedata sto doma ti im ja donese na narodot, zosto ne trosis od tvoite evra sto ti i tvojata kriminalna banda gi opljackavte od bedniot narod. E pa taka, ke begas od stramot svoj za da go mamis tvojot narod oti mu cinis mnogu arno so tvoeto obecavane oti iselenicite ke vlozat vo makedoniaj. Ima li uste zaneseni makedonci koj ti veruvaat!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 29°C, Мин: 14°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Таткото на модерниот индивидуализам
Светот годинава ја одбележува 300-годишнината од раѓањето на големиот Жан Жак Русо...
Темна визија за иднината на Европа
Францускиот филозоф Андре Глуксман смета дека ситуацијата во Европа е „вонредно вознемирувачка“. Во интервју за „Шпигел“...
Финска - иднина без Нокиа
Финска е во ЕУ, има перфектен кредитен рејтинг од тројно А и флертува со излезот од еврозоната. Но, не е се’ така добро ...
Што стои зад спорот околу островите меѓу Кина и Јапонија?
Елементите на спортот вклучуваат една карта од динстијата Минг, американски договор и една фабрика за риби...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |