Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.09.2012, 18:52

Мислења

Живееме под исто небо

Назми Беќири

Само со прифаќање на меѓусебните вредности ќе биде подобро на ова поднебје

На 13 август, по повод 11-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, многу пријатели, службени лица, а изненадувачки прв пат и воени лица, сита застанавме пред спомен-плочата на паднатите борци на ОНА во селото Слупчане. Таму положивме цвеќе за нивна почит.

Оваа чест што им се прави денеска на паднатите борци ме радува мене и сите оние што учествувале во таа војна. Сите Албанци се чувствуваат почестени со овој акт (иако малку задоцнет), кој е доказ дека постигнувањето на мирот не е мала работа, туку темел на заедничката иднина на оваа земја. Оваа почит ги релаксира и подобрува и понатаму меѓуетничките односи во земјата. Само со прифаќање на меѓусебните вредности ќе биде подобро на оваа поднебје. На мое изненадување, а не само мое, туку и на мнозинството во Македонија, а и на меѓународната заедница, оваа посета се нарече приватна, а се зборуваше за тоа дали треба да одговараат униформираните лица кои учествувале таму.

Прво, се изненадив поради тоа што оваа изјава ми изгледаше нехумана. Зошто? На Балканот (видено), а верувам дека и пошироко (читано), починатиот се почитува, пред погреб, но и во гроб. Без разлика каде и да е, во градска населба, во село, планина или пат во поле, кога се наидува на некоја погребна поворка, без разлика на етникум или религија, патниците застануваат додека го пренесуваат покојниот. Не само ова, туку и ако луѓето работат, и покрај нив минува некоја погребна поворка, работниците прекинуваат со работа додека поминува поворката.

Второ, посетата е направена од министри кои имаат еден премиер, без разлика на која коалиција или етникум, политичка провиниенција или организација и' припаѓаат, и изјавата беше надвор од рамките на должностите, нивоата и претставништвото на една целина, а во овој случај на претставник на една влада.

Трето, тие не умреле ненадејно, туку го жртвуваа својот живот за еден идеал, и ова треба да се почитува, без разлика дали е нанесена штета или добро (за изјавителите или за некого друг) во материјален аспект.

Четврто, трудот на тие паднати борци е признат на национално и меѓународно ниво.

Петто, политичките и воените лидери, без разлика дали загубиле или победиле, се признати во државата, во коалиција, во владеење.

Шесто, трудот на тие паднати борци се почитува од својот етникум и тие обележја, тие гробишта, не ги изградиле паднатите борци, бидејќи ако се претвориле во вампири, тие не стануваат да градат обележја, туку да создаваат хаос и да убиваат.

Седмо, тие паднати борци што беа посетени победиле во таа војна, го смениле Уставот, врз основа на тој Устав даваат свечена изјава и претседателот и премиерот, а тие што останале живи ја имаат својата организација, регистрирани врз основа на закон во оваа држава. Паднатите борци не претставуваат опасност, додека живите, нивните команданти се во Владата, Собранието и низ низа други институции, заедно со нивниот главен командант.

Не ми се допаѓа кога слушам такви изјави од моите претставници. Не затоа што ми нанесуваат штета, ниту ми го нарушуваат нивото (во овој случај како етникум) ниту ме плашат, но една од особините на човекот е да се грижи за човештвото во целина, а посебно за оние што ги претставува. Овие претставници излегоа слаби, неспособни, без визија. Ќе го земам само зборот „приватно“. На овој збор, во овој случај, не му беше местото тука поради тоа што беше погрешно искажан. Погрешно, поради тоа што приватното не понесува колективна одговорност, а ако има колективна одговорност, тогаш не може да биде приватно.

Приватна посета! „Зошто бре мажу“, така се вели во мојот крај. А ти што правиш? И ти приватно одговори така? Неприватно или службено, секој ден се повикуваш на унитарна држава, мултиетничност, интеграција, кои како основа го имаат Уставот.

Имаме држава која е и моја. Живееме под исто небо и за нејзин владетел би посакал личност на која ќе и' завидуваме во сите аспекти на дејствување, а над се' поради неговата хуманост. Еден владетел мора да поседува знаење, физичка одржливост, трпение, широкоградост, смелост, храброст, но треба и да голтне многу работи.

Се наоѓаме во центарот на Балканот и ни треба соживот со соседите. Нема да ја спомнам војната, бидејќи јас сум учествувал таму. Господе, оддалечи ја од нас, а ова мое посакување го засновам со две мудри искази на мојот народ: „Господе, да не го снајде ни непријателот“, велеа нашите мајки. Додека мажите велеа: „Ако војната била добра, секој би ја садел во својата бавча“.

Има сто начини на дејствување за вакви работи и кои не се сметаат за војна, а носат последици поголеми од војна, носат сиромаштија, образовна деградација на кои не можеш да им се спротивставиш ниту со војска, ниту со оружје, ниту со бојкотирање на државните субвенции, ниту со бегање...

П.С. Живееме во време на глобализација и во ера наречена електронска, информатичка. Навлегуваме во ера на вистината и треба да се подготвуваме да го дочекаме Хазрети Иса или Исус Христос (како сакате). Осама Бин Ладен ги тераше луѓето да се саможртвуваат, а ниту едно негово дете (од околу шеесетмина што ги има) не се саможртвувало за свештенството и за верата. Исто така, ниту едно семејство не некој владетел нема да доживее немаштија и беда. И запомнете, водата и земјата не се горат.

(Авторот е професор на Државниот универзитет во Тетово)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински весник“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 822 пати.

Испрати коментар



Македонија како пијан брод
Договор или разделба
Крунскиот сведок Магаш
Маката на тутунарите



Самоил, 12.09.2012 09:22:09
Сите луѓе на земјата живеат под исто небо. Оние што нашле заеднички интерес живеат во една држава, едно семејство ... Оние што живеат во една држава треба да ги почитуваат обележјата на државата : Устав, знаме, химна, закони, другите луѓе и се друго што го прави можно заедничкото живеење. Албанците се сметаат за победници во војна во која се избориле за свои права не водејќи сметка дека во тие права вклучуваат нешта што ја негираат заедничката држава (химна и знаме на друга држава). Македонците, чии политичари немаа смелост да прогласат воена состојба, очекуваат дека ќе дојдат до привилегии за жртвите од својата страна. Крајот на конфликтот во 2001 треба да значи прифаќање на правила за заедничко живеење. Ако овој конфликт се користи како успешен начин како да се дојде до воен плен тогаш новите конфликти ќе бидат неизбежни, а сите што живееме во оваа држава ќе бидеме губитници.
Caki, 12.09.2012 09:39:14
Nehumani bile reakciite posle chestvuvanjeto na UCK spomenikot!!?Aloo g-ne , kolku pati beshe krshena spomen plochata za poginatite braniteli?Kolku pati ne im dozvolija na roditelite na ubienite Makedonci od Brionisvekji da zapalat a kamo li spomnik da stavat! Tatkoto na ubieniot tinejdjer od Tetovo (igrajkji kosharka so dr. deca)kazha deka Albanchinjata od sosedstvo urinirraat na mestoto kaj shto pogina sin mu , i go glumat ubistvoto na sin mu...vie g-ne i vashite sonarodnici ne go poznavate znachenjeto na zborovite: Humanost , odgovrnost , blagodarnost , respekt kon drugite itn. ..........vas ve interesira samo vashata NACIJA i nishto drugo!
Predavnik, 12.09.2012 12:34:11
I jas sum uchesnik na taa vojna, normalno od drugata strana, i kako vistinski borec imam pochit kon zrtvite na neprijatelot, pa za razlika od premierot i patriotite ne gledam nishto sporno okolu Slupchane. Sporni se mnogu drugi raboti, pred se avtentichnoto tumachenje, kade se pomiluvani zlostornici, a ne borci ili ona shto go iznesuvaat Samuil i Caki. A od se naj sporen e kolektivizmot i subjektivizmot na albancite so izrazeno ne pochituvanje na komshiite i nivnite drzavi, kako i nemanje chuvstvo za sozivot. Ne ste bash taka jadni i naivni g.Nazmi. Izanalizirajte zoshto ve site komshii mrazat, pa izvlechete pouka i pojdete so sredstva i celi vo pravec so koi ke ve zasakat i pochituvaat. A zrtvite, i vashite, a posebno nashite, Bog da gi prosti i neka pochivaat vo mir. Ova *posebno nashite* bidejki za niv me boli, ginea pokraj mene i za razlika od vashite, ne znaeja zoshto, kako shto i den denes ne znae celata makedonska javnost. Ushte ednash, Bog da gi prosti!
do Nazmi, 12.09.2012 18:30:08
Teroristite ne ja dobija vojnata vo 2001 g.Tie ja pocnaa vojnata za teritorii,odnosno za secesija.Toa tie ne go ostvarija,a Makedonija si ja odbrani unitarnosta.Dobija samo sminkersko menuvanje na ustavot kade sto Makedoncite ostanaa edinstveni so status narod i samo makedonskiot jazik na celata teritorija i za nadvor oficijalen.Pa kade gledas pobeda na UCK?Mora vie da bidete lojalni kon Makedonija i samo taka nema da ima omraza i predrasudi kon vas od nas Makedoncite.Prestanete da ja slavite UCK.Nemate nikakva pricina za da ja slavite.Sega da znaes ti Nazmi deka ne si pobednik.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 17°C

Петок
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Славниот боксер ја почна изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на крајот од октомври во Украина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |