Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
11.09.2012, 18:48

Едиторијал

Договор или разделба

Александра М. Митевска

Во парламентот веќе не се знае кој пие, а кој плаќа; кој е власт, а кој опозиција...

Дали владејачкото мнозинство го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која, деновиве, тактички ги игнорира сите закони што доаѓаат од Владата, во која и самата учествува? Или мнозинство наеднаш стана СДСМ, чии пратеници почнаа џентлменски да ги поддржуваат лутите противници од ВМРО-ДПМНЕ. Или, можеби, ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ се претвори во опозиција, штом има потреба преку пратеници да поднесува закон за бранители, бидејќи тоа, очигледно, не може да го стори на владина седница?

Колку е парадоксална ситуацијата, најдобро се виде на случајот со заменичката-народен правобранител, која, ни крива ни должна, не ќе може да замине во пензија се' додека не се разреши кризата што го зафати Собранието, како рефлексија на кризата во Владата.

Атмосферата во законодавниот дом од ден на ден станува се' позбунувачка и се' пофрустрирачка, што јасно укажува дека државата е пред нов политички земјотрес. И тоа во период кога се испишуваат последните страници од новиот годишен извештај на Европската комисија. Реформите, како предуслов за евроинтеграциите, се чини, и овој пат ќе бидат жртвувани за политички каприци!

Сликите од парламентот, најверојатно, се верна копија на случувањата во Владата. Со таа разлика што на „Илинденска“ нема опозиција (барем не во вистинска смисла на зборот) и што настаните таму не се одвиваат пред очите на јавноста.

Политичката клима што се создаде како резултат на конфликтот што избувна меѓу коалициските партнери во Владата од ден на ден станува се' понеодржлива. Тоа можеби е поволна ситуација за ловење политички поени, но, во никој случај, не е добра препорака за држава која претендира да се претставува како сериозна.

И потоа некој пак нека каже дека „институциите функционираат во полна смисла“, кога парламентот е пред парализа. Кај и да е, ќе испари и конструктивноста што СДСМ ја манифестира деновиве и јасно ќе се види дека ВМРО-ДПМНЕ, практично, веќе нема мнозинство, иако, формално, се' уште е во коалиција со ДУИ.

Утре ќе се наврши цел еден месец откако „Слупчане“ ги скара повеќегодишните партнери во Владата. Напрегнатоста во односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја зафати целата политичка арена и упорно прогресира. Ако нејзината цел не е (додека е матно) да се протуркаат таблите со нови имиња на училиштата во Чаир или новата регулатива за бранителите, тогаш веќе нема време за понатамошно одолжување на решението.

Оние што го заплеткаа јазолот треба и да го отплеткаат. Од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ зависи како ќе го направат тоа и дали ќе ја одберат вистинската формула. Дали ќе се договорат или конечно ќе се разделат?

Груевски и Ахмети веќе не можат да ги држат главите во песок. Кај и да е ќе мора да се соочат еден спроти друг или со јавноста и гласно да кажат дали нивната комуникација има шанса да се поправи или по „Слупчане“ и законот за бранителите сите шанси се прокоцкани.

За премостување на кризата постојат повеќе сценарија. Помирување, нов распоред на силите во парламентот, преодна влада, брзи парламентарни избори... Сите тие се далеку од идеални, ама кое и да се примени, сигурно, ќе биде подобро од блокадата на институциите и ситните подметнувања што сега се случуваат.


Статијата е прочитана 1167 пати.

Испрати коментар



Живееме под исто небо
Македонија како пијан брод
Крунскиот сведок Магаш
Маката на тутунарите



jovan, 12.09.2012 00:49:30
Se odi kon toa da nemame Vlada, nemozeme da izbereme Vlada, nema mnozinstvo za Vlada.... i se taka dodeka narodot ne gi zaboravi 20 godisnite vo kontinuitet kriminali i kriminalcite. Potoa ke sledi fajron. Sekoj doma, a koj nema kade, neka se snaoga kako znae i umee (toa vazi za Makedoncite). Kriminalot tolku ni e razvien sto se vo sostojba i drzavava da ja srusat samo i samo da ne odgovaraat i da ne im se cepka ukradenoto.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 17°C

Петок
Грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Стогодишник се` уште работи во „Волмарт“
Највозрасниот работник во САД има 100 години и веќе 29 години работи во супермаркет на „Волмарт“ во Канзас...
(ФОТО) НАСА објави снимки од терористичкиот напад во Њујорк
На годишнината од терористичките напади на 11.септември, НАСА објави фотографии снимени непосредно по нападот врз Светск...
Заврши истрагата за смртта на Алјенде
При истрагата е утврдено дека поранешниот чилеански претседател се самоубил на денот на државниот преврат на 11.сеп...
Кличко ја почна изборна кампања во Украина
Славниот боксер ја почна изборната кампања за општите избори што ќе се одржат на крајот од октомври во Украина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |