Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
20.09.2012, 15:55
Волшебните „Дед кен денс“ вечерва во Солун



Концертот на „Дед кен денс“ во нашата најблиска културна дестинација е предизвик и за голем број македонски фанови

Голем број македонски фанови на единствениот звук што долги години го негува австралискиот култен бенд „Дед кен денс“, денеска ќе се упатат на нивниот концерт во театарот „Earth“ во нашата најблиска културна дестинација Солун да бидат сведоци на моќното враќање на фантастичните Лиса Жерар и Брендон Пери. „Дед кен денс“ се на голема повратничка турнеја на која концертно го промовираат новиот албум насловен „Анастасис“, кој е нивен десетти, а се роди по пауза од цели 16 години.

„Анастасис“ е извонреден албум, што е реткост за бендовите кои повторно се соединуваат откако веќе своевремено ја исплукале, навидум, целата своја креативна енергија, но не и кога се работи за „Дед кен денс“ кои немаат промашување досега. „Анастасис“ не е само враќање на Жерар и Пери како „Дед кен денс“, односно потсетување на нивниот препознатлив и единствен звук кој во 1980-тите години ја промени сликата на т.н. алтернативна сцена, туку е издание кое нуди современи звучни аспекти, продукциски е беспрекорно сработено, комплексно е и во музиколошко-естетска смисла. Ова е силен, храбар, моќен албум кој слободно може да влезе во категоријата албум на годината. Осумте композиции сместени на него никого не оставаат рамнодушен. Тој нуди амбиент каков што одамна не сме доживеале, со целата симболика и мистичност својствена за бендот, и покрај разните обиди во овој контекст во светски рамки. Критиката веќе го опиша како музика која опива, милува, има моќ да ве однесе во меланхолија, предизвикува силни емоции, тера на размислување... И овде е присутен оној спој на источните мантри, африканските ритуални танци, црковното пеење, звукот на древните племиња, на старите цивилизации, на ренесансата, барокот, средниот век, неокласицизмот. „Музика која го пренесува духот на минатото во сегашноста“.

„Дед кен денс“, почнувајќи од првиот албум насловен по името на бендот од 1984 година, низ својата музичка кариера го интерпретираат патот на својот живот. Нивниот последен албум од 1996 година, „Spiritchaser“, беше најавен како крај на нивната кариера како група. Затоа и ова нивно ново обединување претставува огромна радост за многумина. (Т.И.)

Статијата е прочитана 487 пати.

Испрати коментар



„Огнена топка“ на небото над Велика Британија
Почна „Октоберфест“ во Минхен
„Границата“ и „Војцек“ викендов на МОТ
Златна „Камера 300“ за Јоланта Дилевска од Полска
Концерт на Сашко Костов и „The Waiting Waits“ вечерва во „Хавана“
Домот на „Пинк флојд“ во Лондон продаден за два милиони долари
Антологија на македонската поезија објавена во Израел
МРТВ во ново руво
Филмската дива Софија Лорен наполни 78 години
Со скандалозно смелата „Пред ваши очи“, вечерва почнува МОТ
Боб Дилан претендент за Нобелова награда
Премиера на филмот на Иво Трајков во Битола
Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |