21.09.2012, 18:04 Сакал - не сакал, Јакимовски ќе треба да се бори за Скопје?
Иако неодамна изјави дека повеќе сака да се бори за трет мандат во Карпош, Стевче Јакимовски доминира во партиските анализи и анкети за главниот град
Наум Котевски
Малку повеќе од еден месец до главниот митинг на плоштадот во Скопје (најавен е за 28 октомври), опозицијата никако конечно да одлучи кој ќе му се спротивстави на актуелниот градоначалник на престолнината, Коце Трајановски, на локалните избори наредната година. Несигурност или тактизирање?
Доколку го побарате одговорот во СДСМ, како официјален партиски став, срамежливо ќе ви кажат дека во игра се неколку кандидати, но дека се' уште траат внатрепартиските анализи и анкети, кои треба да бидат барабанот што ќе го исфрли името со редниот број на најдобриот кандидат. Нема потреба од брзање, не смее да се погреши, по два пораза во главниот град, време е за победа, ќе ви додадат социјалдемократите.
Но, нашите информации велат дека актуелниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски, најверојатно, ќе биде џокерот на СДСМ за главниот град. Тој во своето интервју за „Утрински весник“ рече дека неговата намера е да добие уште еден мандат со цел да ги заврши сите започнати проекти во Карпош и да ја направи оваа скопска општина најпривлечно и најсредено место за живеење. Сепак, додаде дека краен збор ќе има централата. Токму таа, според наши извори, е многу блиску гордо да извика: „Јакимовски ќе ја стави паричката во џубоксот и ќе ја смени песната цело Скопје - вмровски град“.
Внатрепартиските анализи, наводно, веќе се завршени и, според нив, Јакимовски не само што има предност во однос на своите партиски конкуренти туку води и во компаративните методи со директниот конкурент Коце Трајановски.
Ваквиот евентуален епилог можеби нема да му се допадне на Јакимовски, бидејќи е јасно дека борбата со Трајановски ќе биде ризична и исцрпувачка, но функционери на СДСМ сметаат дека токму тој треба да го прифати предизвикот, како претседател на скопската организација на СДСМ.
Покрај Јакимовски, кој сакал - нејќел ќе мора да ја послуша одлуката на раководството, во медиумите од поодамна се шпекулира и со имињата на Гордан Георгиев, Андреј Петров, Радмила Шеќеринска, а во последно време се споменува и Софија Куновска, која е еден од најгласните советници на СДСМ во Советот на град Скопје. Првите тројца уште пред еден месец за „Утрински весник“ негираа дека се кандидати да управуваат со главниот град.
Најсигурна во своето демантирање изгледаше Шекеринска, која неодамна во Собранието кажа дека Скопје е жртва и пациент на најлошите пластични хирурзи кои претеруваат со фејс-лифтингот.
„Тоа се гласишта и шпекулации. Затоа и нема да ги коментирам за да не ги засилам, бидејќи обично тоа е резултат на коментарите и на демантите“, рече Шекеринска.
Инаку, СДСМ, кој полека го завршува проектот „Работно лето“, а патем најави и кампања од врата на врата, веќе излезе со неколку официјални кандидати за градоначалници. Во трката за Струмица ќе учествува Зоран Заев, во онаа во Велес Аце Коцевски, во Неготино - Силвана Филипова, во Охрид - Александар Петрески, во Штип - Здравко Коцев, во Велес - Аце Коцевски, во Прилеп - Хари Локвенец, во Куманово - Зоран Дамјановски, во Крива Паланка - Горан Младеновски, во Богданци - Зоран Прочков, во Битола - Менде Диневски, во Кавадарци - Борче Ставров...
Во Тетово, Гостивар, Чаир, Сарај, Студеничани и во Липково, СДСМ, најверојатно, ќе го поддржи кандидатот на ДПА, со оглед на фактот дека албанското население е доминантно и не може да победи кандидат од македонска партија.
Разговорите меѓу СДСМ и ЛДП за тоа кој да биде кандидат за Општина Центар се' уште траат. ЛДП е на мислење дека претставник на здружената опозиција треба да биде претседателот на партијата, Андреј Жерновски, кој како конкурент го има Дамјан Манчевски.
|
|
Статијата е прочитана 2775 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 22.09.2012 00:19:06 | Stevce Jakimovski vo momentov e mozebi i najsilnata licnost vo SDSM. Dokazan borec, sekogas na teren, znae da vozvraka na sekakvi napadi, znae i da podnesuva i trpi udari. Gruevski saka vakvi licnosti vo svojte redovi i siguren sum deka zali sto Stevco ne e kaj niv. Site ministri i bliski kadri na Gruevski go primenuvaat toj nacin na rabota( taka im e naredeno),pa ne e tesko da se primeti deka site Ministri i bliski sorabotnici na Gruevski non-stop se na teren, vednas reagiraat na sekakvi obvinuvanja, trpat napadi no i teraat po svoe. Dali toa go primenuvaat za korisni nesta ili ne, e drugo prasanje, no za javnosta ostavaat dojam deka se aktivni i deka se borci. Stevco im e trn vo oko i nema taka lesno da go *ostavat ziv*. No Stevco treba da vnimava i od vnatre. SDSM se poseben slucaj. Edno vreme gi narekuvaa salonska partija, pa neznam dali nesto vo meguvreme e promeneto. Onie koj sedat po salonite gi interesira samo udobnosta i nisto poveke. |
| bate Vane, 22.09.2012 00:35:55 | Samo se plashime ako pobedi da ne poracha mnogu francuski kluchevi za Frchkovska akcija vo razubavuvanje na gradot Skopje. |
| ФЕЛИКС, 22.09.2012 07:19:58 | По се изгледа ,,отиде курбан,, градоначалникот на Карпош,и него ќе го снајде судбината на Фрчковски во форма на жртвено јагне на суетата на Шатевскиот илузионист.Токму тоа што пишува Jovan за ,,најсилната личност,,кај Шатевци е повод да од скоро сигурен избор во Карпош сето се претвори во сигурен пораз на ниво Скопје.Тој и самиот добро си го процени успехот во Карпош а сега по налог влегува во нешто што ќе допринесе да ,,не штрчи,, повеќе по популарност во партиските редови.Се знае како барометарот на популарност незаслужено функционира кај Шатевци.Илузионистот па магла-магла-магла па останатите според послушноста. |
| jovan, vlada @, 22.09.2012 13:34:16 | Neznam zasto si go zrtvuvaat svojot adut za Karpos da trca trka koja odnapred e izgubena, osven ako ne se pravi smisleno za da mu se nasteti na negovata politicka kariera. Ajde da kazeme deka vo Karpus ima sansa ama koj se sansite da pobedi vo Skopje?? Se nadevam deka pocituvaniot ke si ostane tamu kade sto e da se bori vo opstinata kade ima sansa ili da odi da izgubi i da glumi dobar spoter na Koce Trajanovski!? |
| Баба Евда, 22.09.2012 13:59:09 | Ќе нема потреба од француски клучеви. Сите пребегани сдсмовци во дпмне сами ќе ги рушат со голи раце спомениците и ќе плукаат по овчарот.Така ли е , шате баби��о? |
| kole, 22.09.2012 14:00:57 | Ако имаат среќа Скопјани Стевче да биде Градоначалник и да го спаси Скопје барем од лудилото во Центарот...........ништо друго не треба.............ако не е веќе и касно, центарот е комплетно девастиран................ |
| Мики, 22.09.2012 18:44:12 | Нема потреба да се кандидира за Скопје, го имаше карпош и видовме што се случи, а Скопје веќе личи на еден модерен град а и така треба да продолжи. |
| Цветан, 22.09.2012 18:55:00 | Стефче Јакимовски е човекот кој може да го направи Скопје во вистинска метропола! Само напред! |
| Vnatresnosta, 22.09.2012 19:18:18 | A zosto Stevce da ne go pobedi Koce?Treba da se proba Samo napred. |
| deko, 22.09.2012 21:18:09 | Stefce ke bide zrtveno jagne na Brane ke bide kandidat na sdsm za grad. na grad Skopje i otkako katastrofalno ke izgubi ke bide trgnat od politickata scena-Brane ne saka konkurencija vo svojata partija.Neka ti e nazdravje Stefco ti se vrzuva omca okolu vratot-koj te izdigna toj i ke te obesi. |
| elena, 22.09.2012 22:29:26 | treba da bide stevce gradonacalnik. da go prifati predizvikot i da pobedi. |
| STARA SKOPJANKA, 23.09.2012 00:33:51 | Sposobnostite na Jakimovski, bez razmisluvanje i bez zbor, se odamna dokazani. Karposh imash srekja, da go ima za svoj gradonacalnik. Ako Skopje uspee da go dobie vo slednite izbori, gradot vistinski ke zivne i ke zalici na Skopje koe ovoj dosegashen sostav go odnese jabana. Uspehot na Stevce Jakimovski bi bil siguren, ako *vlastodrzcite*ne napravat voobicaena izbrna gimnastika kako na poslednite izbori - *demokratski*, so zaplashuvanje ili ucenuvanje i nekoi drugi metodi, za koi se veke ubavo izvezbani! Ne se plasham okulu odlukata na Jakimovski, niti od komentarite so jasna
tendencija od nekosi FELIKS i jovan vlada@ koi ne se na nivoto niti na S J, niti na bilokoj od *nivnite shatevci*.Se plasham od MESTENKI i krazbi na glasovo. Skopje ne moze da bide VMROvski grad, za toa sto starite skopjani se dalek od ovoj cirkuz sto nasilnicki im go smestija. A, sto ke bide po toa od gradot kic i spomenicite a la* Butel*, toa skojanite ke si odlucat sami i bez francuski klucevi.. |
| Pece, 23.09.2012 13:04:51 | Krivo sedi pravo zbori mislam deka tesko nekoj moze da go pobedi Trajanovski go napravi kako taka da lici na grad .Stevco e isto taka dobar gradonacalnik poslusen partiski nemislam da se zrtvuva zosto realnosta e druga treba nekoja druga licnos a on da si ostane vo Karpos.Vo kolku ima zadkulisni vnatrepartiski igri vo SDSM a vejke se najavuvaat od od nekoi clenovi potrebno e da se revidiraat site dosegasni predlozeni kandidati . Edno sto mozam da kazam mislam deka dobar del od glasacite cekaat da vidat sto i kako ke predlozi Trifun Kostovski i do kade e so formiranjeto na partijata zosto vejke izbiracite se umorni od ovie dve partii i ocekuvaat nekoja nova treta opcija |
| Maja_Karpos, 23.09.2012 17:33:24 | Toa ke bide golema greska na SDSM.Stevce vo Karpos bez kampana ke pobedi a vaka SDSM rizikuva da go izgubi i KARPOS i Skopje .. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 2°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 13°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (37)Власта никогаш не е доволна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|