Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
21.09.2012, 10:08

Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко

Новата истрага што во Лондон ќе се води за убиството на Александар Литвиненко, поранешен оперативец на руската разузнувачка агенција, ќе ја испитува „руската врска“ во ова убиство.

Британскиот адвокат Бен Емерсон, кој е правен застапник на сопругата на убиениот, Марина Литвиненко, изјави синоќа дека истрагата ќе треба да го испита тврдењето за „вмешаност на русуката влада“ во труењето и смртта на Литвиненко, кој пред да биде убиен, доби британско државјанство.

Литвиненко по бегството од Русија, делуваше како политички дисидент и остар критичар на политиката на претседателот Владимир Путин. Во ноември 2006 година тој беше отруен во бифето на еден лондонски хотел, за време на средбата што ја имаше со двајца Руси, откако во неговиот чај беше истурен радиоактивниот полониум 210.

Литвиненко умре две недели подоцна, во една лондонска болница, а Скотланд Јард, по спроведената истрага како виновник го посочи Андреј Луговој, поранешен оперативец на руската тајна служба, а сега пратеник во Русија. Британското обвинителство побара од руските власти екстрадиција за Луговој, уште пред тој да влезе во политиката, но официјална Москва го отфрли таквото барање.

Луговој и тогаш и сега тврди дека тој нема никаква врска со смртта на Литвиненко и вината ја префрла на, како што вели, британските разузнавачки агенции. Новата истрага ќе се одржи на почетокот од идната година, а како сведоци би можеле да бидат повикани, покрај сопругата и синот на Литвиненко и Борис Березовски, најпознатиот руски дисидент во странство кој десет години живее во Велика Британија и со кого убиениот со работуваше, како и британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј. На сослушувањето одново би можел да биде повикан и Луговој, а не се знае дали како сведок ќе се појави и вториот Русин, Дмитриј Ковтун, кој беше на средбата со Литвиненко и Луговој, но не беше осомничен од Скотланд Јард за вмешаност во убиството.

Адвокатот Емерсон вели дека доколку се докаже постоењето на „руската врска“, во што тој и Марина Литвиненко веруваат, тогаш убиството на нејзиниот сопруг ќе биде „акт на од држава спонзориран нуклеарен тероризам“ на британските улици. Во текот на истрагата ќе бидат „затворени за јавноста“ деталите од заклучоците на Скотланд Јард за кои постои сомнеж за можната соработка на убиениот со британската разузнавачка агенција МИ6, веднаш по неговото бегство од Русија.


Статијата е прочитана 686 пати.

Испрати коментар



Возачкиот испит ќе се полага електронски
Филмот „Невиноста на муслиманите“ можеби не постои?
Иванов на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Солунското пристаниште се промовира во регионот
Едно лице загина во сообраќајка на патот Прилеп-Битола
САД не извршија доволен притисок врз Грција за спорот со името
Исчезнатиот Охриѓанец пронајден мртов
Нема отпуштања во администрацијата
Се модернизираат 16 училишта
Земјотрес во Охрид
Денеска пристигнува есента
Маж со секира уби четири, а повреди 13 деца во Кина
Нападнат белгискиот премиер
Македонските мировници не биле во опасност во Кабул
Mакедонската полиција ќе се вози во „шкода јети“
Откриени се прилепските бомбаши
СДСМ - Политиката да не се меша во образованието
Маљас прогнозира притисок од ОН, САД и ЕУ
Преговори, па името е нереална опција
Земјоделците ќе си менуваат ниви за поголеми парцели
Британски министер му се извини на полицаец за навредите
Турците разочарани од интересот за соработка на нашите бизнисмени
В понеделник предупредувачки протест на лекарите
Заразените закрепнуваат, уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
Македонија очекува почеток на пристапните преговори до крајот на годината
Околу 6.000 компании од Солун го преселиле бизнисот во Бугарија
„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"



девичанецот, 21.09.2012 13:23:00
А нели е акт на нуклеарен државен тероризам фрлањето на бомби со осиромашен ураниум од страна на замјите на НАТО, што ја бомбардираа Југославија. Србија за тоа има тужба пред меѓународниот суд, ама тој се прогласува за ненадлежен. А кој е надлежен? Бил Клинтон, Весли Кларк и Медлин Олбрајт, кој би требало сами да си се одудат?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |