Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.09.2012, 16:17
Тодоров: Судот мораше итно да постапува



„Правото на штрајк никој не може да го суспендира доколку е тоа реализирано согласно Законот за работни односи“. Ова беше одговорот на министерот за здравство Никола Тодоров на обвинувањата дека тој го суспендира штрајкот на лекарите кој требаше да се одржи во понеделник.

„Секое право носи и обврски, така и остварувањето на правото на штрајк е остварување на некои обврски кои децидно се предвидени во Законот“, вели Тодоров.

Во врска со забелешките дека судот експресно закажа рочиште, Тодоров објасни : „Согласно Законот, судот е должен по предлог за времена мерка рочиштето да го закаже веднаш, а најдоцна во рок од 3 дена по приемот (член 269, став 3 од ЗПП). Секое закажување на расправата после настанот за кој се поднесува предлог за времена мерка, забрана за одржување на штрајк, би била тешка повреда на Законот. Која ќе беше логиката да се закаже рочиште на кое треба да се одлучи дека се забранува штрајк на 26 септември, а штрајкот да се одржи на 24 септември“, изјави Тодоров. Тој додаде дека е потребно штрајкувачите да знаат дека за време на штрајкот не им се исплаќа плата, туку само придонес на плата и тоа на минимален износ, што има реперкусии и врз висината на пензијата.

Во врска со барањето на лекарите за зголемување на платите за 100 отсто, Тодоров смета дека намерно е поставено нереално барање за по секоја цена да се оствари однапред договорена одлука да има штрајк по секоја цена.

Тој одговори и на обвинувањата дека ги навредува докторите.

„Сакам јавно да го повикам секој доктор кој лично сум го навредил да поднесе тужба против мене и да ги изнесе тие аргументи на суд. Ако се докаже дека е точно, јавно ќе му се извинам и подготвен сум да ги сносам сите санкции“, истакна Тодоров. (М.Т.)

Статијата е прочитана 1212 пати.

Испрати коментар



„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегу��а во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Прва жртва на западнонилска треска во Македонија
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Ховит и Бејта се разидоа околу преименувањето на училиштата
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"



miki, 20.09.2012 16:35:30
.............. по наредба на Ким Гру Јо............
mimi, 20.09.2012 17:38:29
Definitivno sudot pokaza deka ne e nezavisen.Neka Ministerot znae da lekarite i med.personal go podrzuvaat strajkot na klinicki go odlozija no nema da go soprat.Nigde vo svetot ne se zadusuva strajk koj go predvodi sindikat samo kaj nas od ovaa nedemokratska vlada.Kutriot minister kade ke se sokrie koga ke padne ovaa vlada.Nikoj ne e vecen pa ni tie.Napravivte vaka,a ne ste svesen deka go zgolemivte revoltot kaj nas lekarite.Podrska na sindikatot na klinicki.Bravo Stavric sto ne potklekna na pritisocite, lekarite se so tebe.
Vodno, 20.09.2012 18:11:34
Strajkot e organiziran spored zakonot i direktorite na Klinikite ja organiziraat rabotata koja se sostoi vo lekuvanje na site itni slucai. Sudijkata dolnese politicka odluka - presedan za da odi vo Apelacija. 1200 doktori specijalisti od makedonija ke strajkuvaat, Ministre si imas seriozen problem!!!
od ostrijot, 20.09.2012 19:12:37
po glupava izjava od ova nesum slusna. sekoj doktor ima prava dame tuzi.a kaj koj sud ve molam osven vladinite sudovi drugi i nema kako se veli vije ste sudija i kadija vije sudite vije koljete vije besite. toa seveli demokratija na grujevski nacin.
Bukefal, 20.09.2012 19:51:26
Во светот има само две земји каде судот забранува да се штрајкува! Знаете кои се? Северна Кореја и Македонија! И после ќе рече некој ДПМНЕ не наликувала на фашистичка партија, биле за народот или не знам што ти не друго! Невидено, суд да забрани штрајк, со скопско и ДПМНЕ и се е можно!
mene, 20.09.2012 21:23:39
Se znaes be decko, za se te biva :) Go opravi obrazovanieto koe e vo momentov na deredze na detski jasli, pa sega i zdravstvoto ke go stokmis po slicen terk :) Veruvam deka rabotis naporno, sto bi rekle tvoite celnici 24/7, gledam i kosata ti pobelela, no pogresna ti e nasokata. Vidis, koga bi znael sto pravis i 10h rabotni bi bile dovolni.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C

Сабота
Сончево
Макс: 24°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (5)
Владетелот и совладетелката често не беа на „иста бранова должина“. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |