Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.09.2012, 14:53

Прва жртва на западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје денеска почина 53-годишна жена како последица на овој вирус. Лицето било хоспитализирано уште на 11 септември и Клиниката за тоа го известила Министерството за здравство

На Клиниката за инфективни болести во Скопје денеска почина жена од вирусот на западнонилска треска. Пациентката била на возраст од 53 години и починала со дијагноза енцефалитис, воспаление на мозокот. Тоа е првиот смртен случај во земјава на заболен од ова опасно заболување, од вкупно трите пријавени случаи.

„Станува збор за ризичен пациент кој претходно боледувал од дијабетес, хиптертензија и зголемена телесна тежина. Лицето на Клиниката било хоспитализирано на 11 септември. Второто лице е на возраст од 66 години со дијагноза менингоенцефалитис и во моментов е во добра општа состојба, во фаза на излекување. Третото лице е дете хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, родено во 2005 година, со дијагноза менингитис и тоа е во добра општа состојба и во фаза на излекување“, рече на денешната прес- конференција на Клиниката, министерот за здравство Никола Тодоров, според информациите добиени од Институтот за јавно здравје на Македонија.

Според направените анализи, посочи тој, се потврдува присуството на вирусот на западнонилска треска и во Македонија, како и во поголемиот дел од соседните земји - Грција, Србија, Хрватска, како и во Романија, Русија, Италија, САД...

„Лани имаше четири позитивни случаи на западнонилска треска, кои беа успешно излекувани. Тоа е заразно заболување, кое се пренесува на човек при каснување од комарец и може да предизвика сериозни заболувања од кои најопасното е менингитис, енцефалитис и полиомиелитис (парализа)“, потенцира Тодоров.

Тој истакна дека досега се преземени превентивни мерки, односно подготвен е Акциски план за превенција од вектор-преносливи болести со посебен акцент на комарци и крлежи. Во над 70 проценти од општините е веќе извршено мапирање на теренот, исушување на застоените води и спроведена е ларвицидна и адултна дезинсекција, која е најдобра превентивна мерка за уништување на комарците. Според Тодоров, подготвени се брошури за населението со информативно-едукативни мерки за превенција од каснување (сушење на застоени води, бари, поставување мрежи на прозорци и врати за заштита со средства против комарци.

Директорот на Инфективната клиника, Звонко Миленковиќ, рече дека лекувањето на пациентите не подразбира само лекови, туку услови за лекување, персонал и обучен ка��ар.

„При вакво лекување не постои каузална терапија. Клиниката долго време и целиот здравствен систем веќе две години се подготвуваа за ваков одговор“, додаде Миленковиќ.

Голубинка Бошевска од Институт за јавно здравје истакна дека примероци од лабораториските анализи ќе бидат испратени во клиниката „Роберт Кох“ во Берлин каде што ќе се направи обид за изолација на вирусот и ќе се утврди за кој тип станува збор.

Во Грција досега се потврдени 129 случаи на заболени од западнонилска треска од кои осум се починати. Во Србија 30 лица се заболени од кои пет се починати, а во Хрватска има регистрирано три случаи на заболени.

Додека во Европа има повеќе од 529 случаи на инфекции со западнонилскиот вирус. Во САД се регистрирани над 2.636 заболени од кои 118 се починати.

Инаку, во 80 отсто случаи оваа инфекција од комарец минува без симптоми, а во 20 отсто случаи се развива болест главно со умерени симптоми карактеристични за настинка или грип. Ретко се развива во менингоенцефалитис (воспаление на мозокот), првенствено кај стари луѓе или лица со намален имунитет. (М.Т.)


Статијата е прочитана 1249 пати.

Испрати коментар



Возачкиот испит ќе се полага електронски
Филмот „Невиноста на муслиманите“ можеби не постои?
Иванов на Генералното собрание на ОН во Њујорк
Солунското пристаниште се промовира во регионот
Едно лице загина во сообраќајка на п��тот Прилеп-Битола
САД не извршија доволен притисок врз Грција за спорот со името
Исчезнатиот Охриѓанец пронајден мртов
Нема отпуштања во администрацијата
Се модернизираат 16 училишта
Земјотрес во Охрид
Денеска пристигнува есента
Маж со секира уби четири, а повреди 13 деца во Кина
Нападнат белгискиот премиер
Македонските мировници не биле во опасност во Кабул
Mакедонската полиција ќе се вози во „шкода јети“
Откриени се прилепските бомбаши
СДСМ - Политиката да не се меша во образованието
Маљас прогнозира притисок од ОН, САД и ЕУ
Преговори, па името е нереална опција
Земјоделците ќе си менуваат ниви за поголеми парцели
Британски министер му се извини на полицаец за навредите
Турците разочарани од интересот за соработка на нашите бизнисмени
В понеделник предупредувачки протест на лекарите
Заразените закрепнуваат, уште еден сомнителен случај на западнонилска треска
Македонија очекува почеток на пристапните преговори до крајот на годината
Околу 6.000 компании од Солун го преселиле бизнисот во Бугарија
„Блиц“ го препорачува Охрид за есенски одмор
Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Kонференција за е-Демократија во Охрид
„Парада на гордоста“ на шести октомври во Белград
Се истражува „руската врска“ во убиството на Литвиненко
Ветераните денеска на Марш на мирот
Арифи во Вашингтон се сретна со Филип Гордон
Кризата продава државен имот во Грција
Актерка го тужи режисерот на „Невиноста на Мухамед“
Тридецениска соработка на Скопје со Нирнберг
Лани 302.000 лица побараа азил во ЕУ
Тодоров - Судот мораше итно да постапува
Аризанов - СДСМ води дволична политика за земјоделците
Милиони отштета за бели дробови од пуканки
Страв од глобална криза за храна
Хрватски пилоти ги извлекле македонските војници во Кабул
Еврозоната во септември влегува во рецесија
„Џонсон Мети“ доби А-интегрирана еколошка дозвола
Исчистени делови од коритото на Вардар
„Дуна iStore“ изработен по дизајн на „Епл“
Нови тајни разговори меѓу Македонија и Грција?
Потполковник на АРМ ќе настрадал од заскитан куршум
Тајната снимка го нагризува рејтингот на Ромни
Судот одлучи лекарите да не штрајкуваат
Владата ќе отвора градинки во руралните средини
Македонскиот правосуден систем станува поефикасен
Пороен дожд, грмежи и засилен ветер од денеска попладне
Бил Гејтс се` уште најбогат Американец
Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Почнува предвремениот откуп на тутун во кутии
ДУИ блокираше владин закон
Спорот меѓу Бугарија и Македонија заглави во „Трето полувреме"

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 23°C, Мин: 11°C

Недела
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (6)
Голооточки и дедињски молчаливци. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Рихард Самел - Ми беше чест да го играм Шпиц
„Ми се допадна дизајнот на Дарко Митревски, Шпиц e со квалитети кои во тоа време беа монополизирани од нацистите: дисцип...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |