Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
21.09.2012, 17:44

Поглед

Земјоделци и лицемери

Сања Наумовска

Распределбата на земјоделските субвенции, која требаше да се доуреди со дополнување на Закон за земјоделство и рурален развој, деновиве направи хаос во парламентот и предизвика лавина на препукувања меѓу власта и опозицијата, но и меѓусебно ги раскара земјоделците.

Кој како гласал и од кои причини, кој кому подметнува и зошто, кој се грижи за земјоделците, а кој е лицемер. Пинг-понг на релација власт - опозиција од изјави и обвинувања. На јавноста не и' преостанува ништо друго освен на секој час да чита ново соопштение, а по некој во меѓувреме можеби и ќе разбере по нешто од политичките игри врз грбот на земјоделците.

Накратко, најголемата политичка партија во власта ВМРО-ДПМНЕ предложи измени и дополнување на Законот, за кои нејзиниот коалициски партнер во власта ДУИ гласаше против. Опозицискиот СДСМ на гласањето во парламентот беше воздржан и измените не поминаа. Сепак, вината за тоа не ја поделија двете партии, туку само опозицијата го собра бесот на политичките противници. Ја нападнаа и земјоделските здруженија бидејќи многу од нивните предлози воопшто не дојдоа на разгледување пред пратениците.

За социјалистите, СДСМ покажала лицемерие и лажна грижа за земјоделците. Опозицијата, пак, вели дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ сама си е виновна што на собраниската седница и' недостасувале 16 пратеници, со кои, без гласовите на ДУИ и опозицијата, измените ќе поминале. Тоа, според опозиционерите, отвора сомневање дека најголемата партија во власта самата имала намера да си го минира гласањето. Како одговор на тоа, пак, власта најави нови предлози за измени на законот. Истото го најави и СДСМ.

Препукувањата меѓу политичарите продолжуваат. На земјоделците деновиве им останува само да ги дооберат пиперките. Бостанот одамна го обраа.


Статијата е прочитана 1066 пати.

Испрати коментар



Штрајковите се корисен вентил
Новинарски приказни
Годишнина



Трпе, 22.09.2012 01:13:18
Околу 2% од земјоделците биле задоволни од работата на власта.Во право се кога протестират пред штабовите на опозицијата,затоа што не гласале за пропагандните закони на владата.А каде се скриле и која била причината да побегнат пратениците од позицијата кога се гласел законот, само тие самите си знат.Сигурно некои побрзале да си купат пиперки за ајвар,ова година господ побрзал да ги откупи.
ФЕЛИКС, 22.09.2012 07:43:43
Нека Шатевци ,,пишат на мраз,,кога уште еднаш некој земјоделец ќе ги прими на ноќевање со мени,тешко да има селско дружење во иднина.По се изгледа (да ја цитирам авторката)Шатевци предизборно а богами и изборно ќе го оберат бостанот.Тоа го знае и мојот повампирен колега коментатор во ликот на бабами(што ти значи полова преобразба).Тој прашува каде биле ,,главом и брадом,,16 пратеника,и јас прашувам каде биле,знаејќи да и со тие пратеници ако земјоделско загрижените Шатевци гласаа воздржано немаше да помине законот.И на крајот на краиштата која пратеничка група е во пол состав на пленарните седници.
Ванка, 22.09.2012 07:53:11
Само во Македонија земјоделците се галеничиња.Не трујат преку нивната храна со преголеми количини на пестициди и други препарати.Државата им дава повластици, па зарем ние конфекциските работници не треба да добиваме субвенции.Што е различен земјоделецот од мене како шивач.
od ostrijot, 22.09.2012 10:04:03
se blizat lokalnite izbori a pozicijata ne bira nacin i sredstva kako daim nasteti na opzicijata se dribla na golemo a nakrajot moze dase izdriblat sami sebe.
BitolaHamiltonCanada, 22.09.2012 15:43:28
Do koga SDSM,naivno ke vleguva vo stapicite na VMRO??Zoshto 16 pratenici bile otsutni ??Glupava opozicio,i na FELIKS mu e jasno zoshto.Zatoa shto ne sakaa Zakonot da pomini.A Vie mudro konstatirate deka toa *otvara somnevanje*deka ne sakale Zakonot da pomini.Toa ne otvara somnevanje,toa e ocigledno.No ne za Vas,mudri glavi opoziciski.Bravos za Vashata politicka mudrost.Najmnogu mi e krivo shto moram da se slozam so FELIKS.Go obravte bostanot.Pishetesi krst kaj zemjodelcite.Vo edna takva situacija,koga VMRO ocigledno saka da ve namesti,se shto trebashe da napravite,beshe da glasate za Zakonot.Napadite od zemjodelskite zdruzenija,ke ve bolat najpoke.A i zasluzivte.Neka vi e na zdravje.
Баба Евда, 23.09.2012 10:43:25
Внучко Фељо , стара сум , па не дослушувам и не догледувам! Што рече , каде беа тие 16 пратеници од дпмне (бугарското крило на Силванева Бонева)? Да не беа на прославата на портокаловите југенди и пееја за Тоде Александов? Пишувај со покрупни букви , шате бабино , баба да го прочита одговорот!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Делумно облачно

Понеделник
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 2°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 13°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (37)
Власта никогаш не е доволна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Венчаници, елеганција, арт деко... во автосалон
Вториот дел на 6. издание на Моден викенд Скопје 2012 имаше динамика на случувања како на филмска лента...
Берлускони ќе го урива Монти!
Заканата доаѓа по судската пресуда за даночно затајување и изречената казна од една година затвор...
Интервју - Уметноста е начин на комуникација
Ликовниот уметник Игор Јосифов и во МСУ, како на повеќе места во светот, ја привлече публиката со своите дела...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |