Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
21.09.2012, 18:13

Едиторијал

Штрајковите се корисен вентил

Маја Томиќ

Oдложувањето на проблемите никогаш не значи и нивно решавање. Напротив. Тоа е така и на приватен и на професионален план. Истото важи за Министерството за здравство, поконкретно за Судот кој со одложувањето на штрајот на лекарите за 24-ти овој месец, мислат дека ја завршиле работата. Но, не излезе така. Внатрешниот револт кај белите мантили уште повеќе се зголеми. Тие се изјаснија дека ќе ја почитуваат судската одлука и во понеделник нема да излезат на генерален штрајк, меѓутоа не се откажуваат од штрајкување. Одлучија тој ден да одржат мирен получасовен протест во кругот на Клинички центар.

Очигледно, не му беше сеедно на министерот за здравство Никола Тодоров кога лекарите се заканија со генерален штрајк. Ама како да се надеваше дека, сепак, не се толку упорни и на крајот ќе се предомислат. Кога сфати дека не е така, го фати „последниот воз“ и поднесе тужба до Судот за времена мерка за одложување на штрајкот.

Постапка за донесување привремена мерка не е непозната работа во судството. Само што, во случајов е чудна брзината. Во понеделникот Министерството за здравство поднесе тужба, рочиштето се закажа за два дена подоцна, а одлуката падна во четвртокот! Оваа итност ја образложуваат со фактот што немало многу време бидејќи штрајкот требаше да настапи на 24 септември.

Според Судот, Синдикатот, не утврдил правила како ќе се одвива процесот на работа за време на штрајкот, а тоа може да има последици врз пациентите. Со тоа излезе дека организаторот на штрајкот- Синдикатот на Клинички центар, заедно со правните застапници, не ги познаваат добро законите или не ги проучиле пред да ја донесат одлуката за штрајк. Оттука, министерот Тодоров ги предупреди докторите дека ако штрајкуваат, тој има законско право да им ја сопре платата и да им исплати само придонеси.

Можеби се' ќе беше многу поедноставно ако министерот покажеше поголема флексибилност и седнеше да преговара со лекарите за нивните барања за повлекување на моделот, плата по учинок. Уште со самото негово воведување, во јули годинава, имаше многу реакции од докторската фела од сите здравствени установи. Тие не престанаа да реагираат, тврдејќи дека нема начин да се утврди кој колку пациенти имал и според тоа да биде награден или казнет со 20 отсто од платата. Иако министерот на тоа одговори дека станува збор за модел кој функцинира во многу земји, тоа не е прифатено од лекарите и така дојде до ескалација на состојбите.

Загрижувачки е што во овој судир меѓу министерот и штрајкувачите, како никој да не мисли на оние на кои јавното здравство им е наменето – на пациентите. Штрајкувачите на гарантираат згрижување на најитните медицински случаи, или можеби сметаат на тоа дека останатите три или четири (колку беа?) синдикати кои се противат на штрајкот, ќе работат наместо нив. Како и да е, едно е сигурно: одмерувањето на силите меѓу лекарите и министерот не смее да оди на штета на здравјето на населението и на квалитетот на здравствените услуги што ги нудат амбулантите и болниците.

Мора да се каже и дека државата е таа што треба да покаже поголема флексибилност и да не се плаши од еднодневен штрајк на лекарите. Лекари штрајкуваа дури и во една Велика Британија, а да не зборуваме за катадневните штрајкови во соседна Грција. Белки нема да пропадне здравството или Владата ако се случи лекарски штрајк! На крајот на краиштата, штрајковите се вентил за општеството.


Статијата е прочитана 708 пати.

Испрати коментар



Новинарски приказни
Годишнина
Земјоделци и лицемери



Haralampie, 22.09.2012 00:26:54
Avtorot na tekstot verojatno ne znae deka pri strajk na doktori se zbrinuvaat samo itni slucai a hronicni ne, pa kakov strajk bi bil ako se raboti normalno? Golema zabluda deka Sindikatot napravil nekakov propust? Sudijkata presudi po naracna na Vlasta i za toa ke bide nagradena a revoltot i poradi toa e uste pogolem.
Трпе, 22.09.2012 01:05:34
Владата работи по проучен метод.Прво го одзеде правото на штрајк на работниците во образованието.Сега со судски одлуки забранува да штрајкуват лекарите.Мора да им ги истегне ушите и на машиновозачите и тие сакале да штракуват.Чекор по чекор мора сите да се превоспитат.Зошто да протестират кога владата си функцинира како швајцарски часовник.Владата има право да организира контрапротести против опозицијата,таа им става сопки на власта.
Istocna Makedonija, 22.09.2012 10:44:47
So represivni merki i enzuri samo se zgolemuva revoltot.Pa balonot se duva,duva i na krajot ke pukne.Istorijata ova go verifikuvala,so sila ne vladeele , beskonecno,nitu nastrasnite diktatorski rezimi.
pretpriemach, 22.09.2012 12:54:17
Jas sum za toa Vladata da ni dozvoli da ne go plakame pridonesot za zdrvstvo: 1. bidejki nie vo privatniot sektor vo najgolema mera koristime privatni zdravstvenu uslugi (bez sini kartoni), i si gi plakame uslugite privatno. Toa go pravime zasto uslugite vo javnoto zdravstvo (vo najgolem procent) se uzasni!!! A plakajki si gi uslugite privatno nie dobivame podobri zdravtsveni uslugi i sme tretirani kako gospoda pacienti!!! 2. bidejki realno ne gi koristime sinite kartoni sto znaci bezpotrebno go plakame pridonesot!!! Inaku ne gi poddrzuvam lekarite od javnoto zdravstvo, bidejki tie nitu vo eden moment ne zastanaa na stranata na onie koi plakaa za tie da zemat plata (citaj rabotnicite od Zelezara, kozara , slavija...), a da ne zboruvame za odnosot lekar-pacient....

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 14°C

Петок
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (10)
Србите се криви за се'. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Мораш да живееш додека не умреш
Пренесено интервју со Салман Ружди. Повеќе од една деценија авторот на "сатанските стихови" се крие од муслиманските екс...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |