21.09.2012, 18:11 Реплики
Новинарски приказни
Соња Крамарска
Ниту една новинарска организација во Франција и во Велика Британија не се огласи по повод насилните мерки против неделниците „Клосер“ и "Дејли стар"
Со внимание го одгледав случувањето со британската кралска снаа Кејт Мидлтон и нејзините топлес фотографии. Имајќи ги во предвид овдешните случувања на полето на журнализмот, многу ме интересираше како ќе заврши оваа политичко новинарска афера. За жал, епилогот беше токму како што предвидов. По сите закани дека ќе го тужи францускиот неделник „Клозер“ ( кој патем е во сопственост на „неморалниот“ Берлускони), кралската палата во Лондон формално се повлече од битката и местото им го препушти на Вилијам и неговата сопруга Кејт. Тие тужеа, и баш како овде со лекарскиот штрајк, и таму судот се состана во рекордно кратко време и донесе одлука: На „Клозер“ му се забранува секакво натамошно објавување на разголените фотографии на Кејт! И не само тоа, туку по таа одлука следеше нов шокантен чекор. Француската полиција упадна и изврши претрес во просториите на „Клозер“, за да ги заплени евентуалните фотографии ако останале во компјутерите на репортерите.
Во меѓувреме, и на северот во Велика Британија, Ирска, се случуваше вистинска драма. Експресно е суспендиран главниот уредник на неделниког „Дејли Стар“ затоа што ги презел и објавил фотографиите од „Клозер“, а сопственикот на списанието излезе со изјава во јавноста дека објавувањето на фотографиите на голата Кејт е груб дисциплински прекршок и дека освен што ќе го смени уредникот, размислува и да го затвори весникот.
Простата новинарска логика, пак, вели дека сопругата на британскиот престолонаследник направила непромислена грешка шетајќи се гола на тераса која била чиста мета за фоторепортерите и дека такви фотографии од личност со таков висок профил се богат „улов“ за секој медиум. Тоа ќе ви го каже секој новинар, и од тоа се раководел и италијанскиот неделник кога тргнал во лов по ексклузивните фотографии од сопругата на Вилијам.
Но изгледа, не одело тоа така во земјите кои ние овде ги сметаме за демократски примери. Или тоа, или пак нам жителите на европската провинција, ни' недостасуваат уште „демократски“ лекции за однесувањата во триаголникот политика – судство - медиуми.
Во овој инспиративен (за размислување) епилог, зачудуваат уште неколку работи: Франција и Велика Британија се во меѓусебно ривалство во сите сфери, но кога дојде до сликите на Кејт, тие дејствуваа како едно. Со заеднички сили се бранат од новинарите „натрапници“. Иако, на пример, судиите не беа повикани да судат кога париските весници објавија фотографии од сестрата на Кејт и нејзиниот пријател кој додека се возеа во кола низ францускиот главен град впери пиштол во репортерите кои ги следеа. Но, француското новинарство и држава очигледно се' уште страдаат од вина поради околностите под кои загина принцезата Дајана. Тоа може да се наведе како една од причините за сегашната брза реакција против „Клозер“. Не само брза, туку брутална и крајно недемократска, судејќи според нашите овдешни критериуми.
Туку, види и едно друго чудо. Ниту една новинарска организација (а ги има многу во Франција и Британија) не се огласи по повод насилните мерки на француските органи против весникот, ниту пак општествата поведоа дебата за тоа. Иако е сосема јасно дека се работи за нарушување на уставно гарантираната слобода на говор. Немаше изјави за нарушена работа на медиумите, упад во медимскиот простор, не се одржаа драматични прес-конференции, не се фрлаа пароли за загрозена демократија и човекови слободи. Како сите да се помирија и да ја прифатија грубата одлука за полициско-судска обработка на францускиот магазин и експресното сменување на уредникот на ирскиот магазин.
Сево ова кажува, драги колеги и поддржувачи на нашата возбудлива професија, дека не само овде, туку и во земјите кои ние сакаме да ги даваме за пример за високи демократски дострели, журнализмот патува по осамена патека во општеството и дека на крајот на денот, откако нашите читатели и гледачи ќе ги изгустираат сочните написи за овој или за оној – ние немаме пријатели. Освен што сме си пријатели самите на себе. А понекогаш, како што е случајот овде во Македонија, и непријатели на самите себе.
Се разбира дека фотографиите на голата Кејт Мидлтон го обиколија светот, независно од акцијата на Кралската палата за нивно запирање. Американските и италијанските медиуми со посебна страст се нафрлија врз овој новинарски деликатес, како своевидна одмазда кон британскиот лажен конзервативизам, цинизам и исмевање на аферите на Берлускони, и дискретното нагласување во британските медиуми на неморалот кој владее во американското општество.
Некој ќе рече дека со оваа споредба даваме алиби на случувањата во нашата земја, но невозможно е да не се прават такви паралели во ситуација кога македонското општество води жестока дебата околу новинарските права и слободи, за кои сите со право сметаме дека се загрозени. А од друга страна, низ такви примери како што е односот на Лондон и Париз врз новинарската професија, сфаќаме и колкава е нашата одговорност и колкав обем на знаење и вештина се потребни за „да се избалансираат центрите на политичката моќ“ како што рече во неговото инаугуративно интервју новиот претседател на бордот на Њујорк Тајмс, Марк Томпсон. Колку само вештина (а и среќа) е потребна за да се преживее како поединец и како весник или телевизија.
Оттука,битката меѓу новинарството и политиката односно центрите на моќ, не се води само овде во Македонија, туку безмалку се води во цел свет. Додека постојат медиуми што известуваат за некого или за нешто, ќе има и интереси и желба тие да бидат ставени под контрола на владите, на бизнисмените, на црквите, на невладините организации. Тоа е битка што се води со сите средства што стојат на располагање и во неа „гинат“ политичари, бизнисмени но и новинари.
Гледајќи го епилогот со топлес фотографиите на кралската снаа, не може а да не се навратиме на декриминализацијата на клеветата и зошто нам новиот закон ни' изгледа строг и ограничувачки (и таков е), а на европските официјални лица кои помагаат во неговото донесување им е прифатлив. Сега е појасно зошто еврокомесарот Штефан Филе го поздрави овој закон. Политиката, преку него, всушност извојува важна битка против новинарството. Не само овде, туку со помош на такви закони такви битки добива секаде, како што покажаа последните случувања во Лондон и Париз кои несомнено се базирани врз законска регулатива. |
|
Статијата е прочитана 1318 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 22.09.2012 01:08:24 | Pogreseno ste ja svatile tuzbata. Tuka ne stanuva zbor deka se zabranuva slikanje na goli princezi, nego stanuva zbor za baranje na kralskata familija tie sliki da ne se objavuvaat, pa Sudot ednostavno im *ispolnil zelba*. Uste utre moze nekoj drug medium da objavi novi sliki od princezata pa ako tuzi i bara da se ostranat, Sudot pak ke i ja *ispolni zelbata*, ako ne tuzat, nikomu nisto. I moja slika ako stavite vo vasiot vesnik moze da baram da ja trgnete, ako ne vie, togas po sudski pat, i Sudot ke presudi vo moja korist bidejki jas taka sakam i imam pravo da baram moja slika da ne se pojavuva vo mediumi. Tuka se raboti za privatna tuzba a ne Zakon za zabrana za slikanje goli kralevi, carevi, princezi... I ponataka nekoj novinar ako ja naceka gola, pak ke ja slika i objavi, a tie pak ke treba da tuzat slikite da ne se objavuvaat. |
| Marioec, 22.09.2012 04:19:10 | Da toa e demokratija,a od druga strana se postavuva prasanjeto dali fotoreporterite ne ja zloupotrebile demokratijata i slobodata na govorot.Inaku ako nekoj se naodja vo hotel,rezidencija ili privatna kuca,se smeta za privatna svera i e strogo zabraneto narusuvanje na istata,i toa novinarite mora da go znaat i pocituvaat,sto vo pogolemi slucaevi ne se pocituva.Ako sekade se snima i vo sekoe vreme kakva privatnost i kakov zivot ce imaat snimanite?Kaj nas e problemot sto novinarite pisuvaat se i sesto,ti rekov mi rece i ne gi proveruvaat informaciite,a vo najvise slucai pisuvat od politicki orientacii ne od novinarski kodeksi,profesionalnost,odgovornost i dr raboti sto treb da go krasat novinarstvoto. |
| ФЕЛИКС, 22.09.2012 07:31:25 | Уште еден изблик на сваќањето медумска слобода на западниот свет,односно токму оние кој не подучуваа како треба тука да се практицира и овозможува медиумската слобода.Па ете место посегање по забрани и закани со милионски одштети нека медиумите што објавија разголени фотографии се извинат јавно,или казна ако не се извинат 200 евра за фотографот и за медиумот 2000 евра.И со тоа ќе ни докажат во пракса како треба да се опсервира медиумската слобода. Но такво нешто неверувам дека ќе се случи од овие загриженковци кои се однесуваат лицемерно во стилот,,тоа што му е дозволено на Јупитер не е дозволено на волот,,И на крајот совет нека си ги прибере кралицата палавите разгаќени принцови и принцези, оти им отиде медиумската слобода. |
| gorann, 22.09.2012 08:42:31 | Jovan, a pak ti kaj procita vo tekstot na g-ga Kramarska deka taa spomenuva ili zaklucuva deka stanuva zbor za zabrana na slikanje... Analizata na kolumnata e sosema na mesto. |
| od ostrijot, 22.09.2012 09:42:53 | edno e sigurno pravdata e bila sekogas na strana na moknite-bogatite taka i keostane. |
| za fotografi se raboti, ne za novinari, 22.09.2012 11:28:44 | Koj si ja ima muvata na kapata,veli:Простата новинарска логика, Кејт,направила непромислена грешка шетајќи се гола на тераса која била чиста мета за фоторепортерите... Kako prvo, toa bea FOTOGRAFI, a NE novinari!I taa NE BILA CHISTA meta. Ona ne se shetala na ulica, na plazha, na dofat na pogled, tuku na ogromen imot od 65 akri pokrien so shuma, bash za da se spasat od pogledite na paparacite. I ako tamu ne mozhe da se sokrie, kade mozhe? Fotografite se MILIONERI od takvi fotografii. Zarem slavnite licnosti ne smeat da imaat privatnost? Tie sluzhat za nekoj novinar da se bogati na niven rachun? Alal da vi e za logikata |
| Баба Евда, 22.09.2012 13:33:18 | Внучко Феле , браво!Ќе ми се шетаат разгаќени по дома разни принцови и принцези! А , бре , ние на Прометеј му купивме гаќи , а кралицата нема пари ни на фамилијата да им купи гаќи! Мора тие да се во негативна рецесија , а не во позитивна , како ние.Само напред , шате бабино! |
| BitolaHamiltonCanada, 22.09.2012 17:32:52 | Sonja,pravoto na paparatcite i na novinarskite kuki ne im e prekrsheno,zatoa nema oglasuvanje.Pravoto na privatnost na kralskiot par e prekrsheno.Ako za moment se stavish vo pozicija na Kate,a ne samo kako novinar,ke bidis objektivna vo tvojata analiza.Vaka si pristrasna.Zamisli se ti vo svojot dvor zaedno so tvojot soprug,se sunchash nudisticki i nekoj se prefrluva preku ograda i zema sliki,gi stava na youtube,facebook,novinski kuki gi objavuvaat.Kako ke reagirash??Veruvam deka ke tuzhish za prekrshuvanje na tvojata privatnost. |
| zagrizen, 22.09.2012 18:34:41 | I ova se desi, cudo, FELIKS napisa pisanie i zamislete NE GI SPOMANA Satevci ili liceto BC (tuku za liceto BC e zadolzen DP Latas). Ne mi se veruvza!Dali toa nesto se slucuva vo gorskoto nacelstvo?! |
| od Fr., 23.09.2012 01:28:17 | Draga Sonja,pogreshno si go razbrala slucajot so fotografijata, ili pogresno si gi razbrala pravilata za fotografiranje i objavuvanje! Ne e tocno deka mediumskata fela vo Fracuija i Anglija ( mislis verijatno od strav) ne dignale dzeva vo odbrana na svoite kolegi. Vo sushtina, tie znaeva deka nema mesto za odbrana bidejki ima sloboda,ima demokratija, no ze sé iMA GRANICI! NIKOJ nema pravo da objavi NICIJA fotografija, bez dozvola na fotografiranoto lice. Vo slucaj, Liceto ima pravo da bara oshteta za objavenotol, ili po zakonski pat da tuzi, po sto ke go dobie procesot. Ako, fotografijata e napravena na JAVNO mesto na manifestacija ili nekoja utakmica i vashata fotografija se pojavi vo pecatot,vie NEMATE pravo niti da se bunite niti da barate oshteta. Bdejki Princezata se soncala vo topleks vo privaten domen, daleku od ocite na javniot svet, nejzinata fotografija e otkradnata,poradi sto, e napraven prekrshok za koj se odgovara. Vo slucajov,pretresot e storen zakonski ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 19°C
Делумно облачно
|
Понеделник
Грмотевици со дожд
Макс: 19°C, Мин: 2°C
|
Вторник
Локални грмотевици
Макс: 13°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (37)Власта никогаш не е доволна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|