20.09.2012, 10:20 Попоски и Аврамопулос ќе се сретнат во Њујорк
Македонското МНР потврди дека шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција ќе имаат средба на маргините на Генералното собрание на ОН
Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос ќе имаат средба во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН.
- Не радува фактот што грчката страна позитивно одговори на нашите иницијативи за средби, велат од македонското МНР.
Аврамопулос средбата ја најави за време на брифингот пред парламентарниот Комитет за одбрана и надворешна политика, а информацијата ја пренесоа и повеќе грчки медиуми.
Според последните изјави на Аврамопулос, Грција и на оваа средба оди со ставот дека Атина „прави се и е конструктивна во процесот за решавање на прашањето за името“.
Аврамопулос исто така рече дека „конечно решавање на прашањето за името е една од најважните цели на грчката надворешна политика и е од витално значење за Грција“. |