21.09.2012, 09:44 Домот на „Пинк флојд“ во Лондон продаден за два милиони долари
Купувач е сингапурска претприемачка, која, како што кажа, не е голем обожавател на легендарните музичари
Легендарниот дом во Лондон на членовите на англиската група „Пинк флојд“ беше продаден вчера на аукција за 1,2 милиони фунти, или 1,94 милиони долари.
Купувач е сингапурската претприемачка Шиван Изваран, која, како што кажа, не е голем обожавател на легендарните музичари.
Според информацијата на аукциската куќа во 60-те години на минатиот век во таа зграда во северниот дел на Лондон живееле Роџер Вотерс, Ник Мејсон, Ричард Рајт и Сид Берет (првичниот состав на групата).
Во нејзините соби и денес има инструменти на пионерите на британскиот рок. Претходниот сопственик на куќата во реонот Хајгехт е близок пријател на групата - Мајкл Леонард.
Претприемачката од Сингапур изјави дека не знае се уште што ќе прави со имотот. Претставник на аукциската куќа изјави дека таа се здобила со дел од историјата на рокенролот. |