21.09.2012, 11:52 Хрватска отпушта 20.000 буџетари
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави отпуштање на 20.000 вработени во државната управа и во јавниот сектор, истакнувајќи дека државните службеници и следната година ќе бидат без додатоци на плата, регрес и други вонредни примања загарантирани со досегашните колективни договори.
- Мерките за штедење кои владата ги почна мора да продолжат и да се спроведуваат и следната година, изјави синоќа Линиќ, истакнувајќи ја и потребата од намалување на бројот на вработените во државната управа, здравството и образованието.
Линиќ говореше и за мерките за решавање на проблемите на неликвидноста, додавајќи дека од 1 октомври, кога ќе стапи во сила Законот за финансиско работење и претстечајно порамнување кој владата вчера го испрати во собраниска процедура, „нема да биде гледање низ прсти бидејќи сите кои делуваат на пазарот мора своите долгови да ги покријат на време“.
Државата сите долгови ќе мора да ги покрива во рок од 30 дена, додека претприемачите ќе имаат 60, наместо првобитно предложените 30 дена, со што Линиќ им излезе во пресрет на барањата на работодавците, но и на некои партии. |