Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
24.09.2012, 14:10
Студентите по танц со претстава ја почнаа академската година



Во 2013 година ќе дипломира првата генерација на студенти на Танцовата академија - Скопје

Со сегменти од претставата „Меѓусвет“ во кореографија на Рисима Рисимкин, вчера на сцената „Зебра“ почна првиот академски час на Танцовата академија Скопје, како поздрав за новите студенти по современ танц. „Нашите студенти се во одлична форма. Тоа е така затоа што летово ни беше работно“, рече на денешната средба со новинарите кореографот Рисима Рисимкин, директорка на Културниот центар „Интерарт“. „Работевме на два проекта, едниот во Битола на претставата ’Така зборуваше’ во режија на Звезда Ангеловска, а вториот беше гостувањето во Келн, Германија, кога на 30 и 31 август ја изведовме македонско-германската ’Човекот во ходникот‘, која премиерно се изведе на годинашното издание на ’Танц фест‘“.

Танцовата академија Скопје и Танцовиот театар, но и фестивалот „Танц-фест“, веќе трета година го поддржува амбасадата на Кралството Холандија. Амбасадорката Мариет Шурман, која присуствуваше на денешното свечено започнување на новата академска година за танчарите, рече дека за неа е огромно задоволство што е дел од проектите за современ танц.

„Танцовата академија Скопје е еден од нашите најуспешни проекти во Македонија. Рисима Рисимкин успеа да основа Танцова школа која е позната и надвор од земјава. Сега имаме Танцова академија Скопје, Танцов театар Скопје и ’Танц фест‘. Со тоа, модерниот танц во Македонија е во добар подем. За пофалба е и фактот што Академијата привлекува студенти и од странство. Она што е специфично за модерниот танц е тоа што тој им овозможува на младите да ги прошират своите хоризонти, да размислуваат поинаку од шаблонот. Во 2013 година ќе дипломира првата генерација на студенти и убедена сум дека тие ќе станат амбасадори на културата на Македонија и дека ќе бидат добар модел за идните генерации. Тоа ќе им го отвори светот. Им посакувам се' најдобро на новите студенти и среќни и инспиративни три години“, рече Шурман.

Рисима Рисимкин, која е основач на Танцовата академија - Скопје, истакна дека за неа е голема радост што има нови студенти. Годинашнава учебна година стартува под мотото „Да го разбудиме танцот во нас“. „Досега остваривме шест проекти, новооформени продукции за само две години, што е голем успех“, рече Рисимкин. Таа се пофали дека сезоната ја почнале во Келн на Саемот за танц каде што оствариле контакт со професори од реномираната школа „Џулијард“ во Њујорк и очекуваат следната година во Скопје да гостува кореографката Џенис Бернер, која ќе работи со македонските студенти. Рисимкин додаде и оти годинава студентите ќе имаат можност да работат со кореографи од светот, но и со македонски, меѓу кои Олга Панго и Игор Киров.

Во однос на меѓународните активности на македонските студенти по танц, Рисимкин го издвои тринеделниот престој на двајца студенти во балетот „Скапино“во Ротердам, Холандија, што ќе се случи во јануари, како и гостувањето на танчарката Матеја Киселички во Њујорк во октомври, каде што ќе биде дел од тамошната танцова сцена. (Т.И.)

Статијата е прочитана 298 пати.

Испрати коментар



Денови на македонската култура во Украина
Промовирано ДВД изданието на филмот „Мајки“
(ФОТО) Катарина во нова, суперсекси зимска колекција
Изложба на Игор Јосифов во МСУ
Мал драмски театар од Битола победник на „Експонто“ во Словенија
Три претстави и дебата за независниот театар на МОТ
Антички теракотни фигурини во Скопје
Изложба на антички теракотни фигурини
Македонските музичари освоија „Еми“
Шарлиз Терон повторно вљубена
Жесток и импресивен старт на МОТ
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
„Огнена топка“ на небото над Велика Британија
Почна „Октоберфест“ во Минхен
„Границата“ и „Војцек“ викендов на МОТ
Златна „Камера 300“ за Јоланта Дилевска од Полска
Концерт на Сашко Костов и „The Waiting Waits“ вечерва во „Хавана“
Домот на „Пинк флојд“ во Лондон продаден за два милиони долари
Антологија на македонската поезија објавена во Израел
МРТВ во ново руво
Волшебните „Дед кен денс“ вечерва во Солун
Филмската дива Софија Лорен наполни 78 години
Со скандалозно смелата „Пред ваши очи“, вечерва почнува МОТ
Боб Дилан претендент за Нобелова награда
Премиера на филмот на Иво Трајков во Битола
Мозаик во форма на солза во чест на Тоше
Андријана Будимир се сврши и останува во Македонија
Полна сала на „Манаки“ за „Скопје ремикс“
(ФОТО) Ќе се обновува конак во „Св. архангели Михаил и Гаврил“
„Матица ексклузив“, отворен новиот мултимедијален центар
„Блуз и соул“ вечерва со посвета на Хендрикс
Роби Вилијамс стана татко на Теодора Роуз
Крагуевачки Фиат 500Л претставен во Белград
(ФОТО) Милчо Манчевски стана национален уметник
Францускиот суд пресуди во полза на Кејт и Вилијам
Привршува изборот на најдобри евергрини
Градоначалникот Блумберг ја почна војната со дебелината
Моника Левински пишува книга за аферата со Клинтон
Одличен прием за „Смртта на човекот на Балкан“
Семејството ја закопа и пепелта на Ејми Вајнхаус
Ни кралицата не може да ги запре сликите на Кејт
Македонскиот балет со „Самсон и Далила“ во Сараево
Наградата „Дијалог“ за млад истражувач доделена на Александра Велева
(ФОТО) Трочлениот екипаж на МВС успешно се врати на Земјата
Жените на Тито
Митревски - „Трето полувреме“ се држи до фактите
„Браќа Манаки“ отворен со премиерата на „Трето полувреме“
(ИНТЕРВЈУ) Катрин Денев - Европскиот филм има душа
Промоција на уличниот магазин „Лице в лице“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 13°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (9)
Ми подметнувате нога! Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
(ФОТО) Звучен и духовен опиум од „Дед кен денс“
Култниот австралиски бенд одржа величeствен концерт во амфитеатарот „Earth“ во Солун...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |