25.09.2012, 13:28 Изложба на Игор Јосифов во МСУ
Изложбата на минатогодишниот победник на Биеналето на млади уметници ќе биде отворена во 20 часот
Прва самостојна изложба на Игор Јосифов, минатогодишен победник на Биеналето на млади уметници одржано во Музејот на современата уметност, ќе биде отворена во истиот музеј во 20 часот, на која ќе бидат прикажани негови селектирани дела создадени во периодот од 2007 до 2012 година.
Јосифов и' е познат на македонската публика, како и на љубителите на уметноста низ светот од 2000 година, со свои дела е присутен на самостојни и групни изложби во галериите и во музеите во САД (Сан Франциско, Беркли, Чикаго, Мајами и Њујорк), во Обединетите Арапски Емирати и на европскиот континент (Осло, Париз, Берлин, Белград, Тирана и Подгорица).
Во Скопје досега изложувал на групни изложби, а ова му е прва самостојна изложба во татковината, која ќе може да се погледне до 20 октомври. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец, Ива Петрова и Мира Гаќина. (К.Р.)
|