25.09.2012, 14:05 (ФОТО) Катарина во нова, суперсекси зимска колекција
Македонската топ-моделка се појавува во каталогот за зимската колекција на италијанската куќа „Јамамај“
Македонската топ-моделка Катарина Ивановска се појавува во каталогот за зимската колекција на италијанската куќа „Јамамај“, која е составена од три потколекции: долна облека, асортиман за спиење и костими за капење за мажи и за жени.
Фотографот Умберто Бароне ги смести прекрасните манекенки Аријадна Артилес и Катарина Ивановска во еден од прекрасни апартмани во „Капри палас“, создавајќи романтична и мистериозна атмосфера која ја опишува новата зимска колекција на „Јамамај“.
Колекцијата нуди различен избор, почнувајќи од стилови дизајнирани да одговараат на потребите на секој клиент и вкусови - за жените кои сакаат да бидат сензуални, како и за оние што сакаат да носат шик, но привлечна долна облека.
Мулен руж со своите бои и сензуалност, операта „Аида“ со својата страст и Лондон со својата ексцентрична суштина ја инспирираа новата колекција, која исто така вклучува и „Го сакам Ј.“, линија комплетно посветена на младите жени!
|