Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
23.09.2012, 15:56

Мое ќоше

Земја без штрајкови

Ерол Ризаов

Не кршете му го ’рбетот на Синдикатот на лекарите, ќе ви се удри од глава

Веќе неколку години Македонија е чудесно спокојна и стабилна земја без штрајкови. Сигурно нема таков малоумен кој мисли дека толку се високи стандардите на вработените што практично нема незадоволство. Кај што има цврста рака и тврд режим, нема силни синдикати. Кај што има страв, нема штрајкови, има само протести со слаб интензитет. А до пред неколку години имавме некакви, какви-такви, синдикати. Само што кренаа малку глава, власта им го скрши ’рбетот и ги парализира, пардон, партизира. За шок-терапија на ред е еден од ретките што ги испружи роговите и бара подобри услови за работа и поголеми плати. Ова се осмели да го изусти Синдикатот на лекарите. Набргу ќе следува лоботомија на Лекарскиот синдикат кој ќе настрада од вмровска треска.

Работите што ни се случуваат деновиве со штрајкот на лекарите потсетуваат на социјализмот и паничните чувари на идеалното бесконфликтно општество кога ќе се случеше нешто надвор од контрола. Штом ќе се расчуеше дека некаде има „прекин на работата“, така тогаш се викаше штрајкот, ќе се растрчаа локалните функционери од партиските комитети на Сојузот на комунисти да го гаснат пожарот. Се' додека работничките протести беа во кругот на фабриката, немаше поголеми потреси. „Работниците излегоа на улица“ беше најстрашната вест за највисоките партиски раководства. Од тоа имаа уплав. Како тоа да бидат незадоволни работниците, мора класниот непријател да замешал прсти. Пак кренале глава непријателите на татковината кои фрлаат клипови во тркалата на револуцијата. Овие странски платеници и домашни предавници секогаш се осилуваат кога ќе попуштат контролните механизми и будноста.

Веднаш се свикува итна вонредна седница на Централниот комитет и се донесуваат заклучоци во стилот: работниците се во право, веднаш да се преземат мерки да им се качат платите, да се подобри исхраната, се удира сериозна и жестока критика на директорите кои постапиле технократски, како капиталистички менаџери. Река од популизам и демагогија.

Добро се сеќавам на големиот штрајк на работниците на скопска Железарница кои спроти големите промени 90-тите години од минатиот век стасаа пред Собранието на Република Македонија и влегнаа внатре, ја зазедоа пленарната сала, да си ги кажат маките. Беше тоа прв ваков штрајк на работниците во цела Југославија пред едно републичко собрание со негово заземање. Беше тоа голем шок за политичките раководства. Еден месец пред штрајкот, поточно во октомври, во „Нова Македонија“ напишав уводник за социјалните тензии и го завршив со прашањето што ако железарците излезат на улица. По нецел месец, точно на 18 ноември, илјадници работници на Железарница маршираа по улиците од Автокоманда до центарот на Скопје. Граѓаните излегнаа на тротоарите да ги поздрават. Кај многумина видов солзи на очите. Некои не ги ни криеја. Работниците дојдоа по своето.

Утредента на затворената седница на Претседателството на Сојузот на комунисти еден од големите функционери побарал да се испита потеклото на новинарот и неговите политички определби, да се истражат неговите евентуални контакти со странски разузнавачки служби. Жестоко го поставил прашањето од каде тој знаел дека железарците ќе излезат на улица. Ова, се разбира, го дознав многу подоцна - да ме прашаа, ќе им кажев дека тројца членови на моето семејство работеа во Железарница и многу добро знаев каква е атмосферата.

Деновиве нашиот агилен министер за здравство, Никола Тодоров, ми наликува на некое претседателче на градски комитет на Сојузот на комунисти кое трча со црево во рацете да го изгасне пожарот што можат да го запалат лекарите. Притоа, демагошки рецитира дека никој не може да го одземе правото на штрајк доколку е тоа според законот. Се разбира дека е така министре. Поради тоа не ја проблематизирам ни судската одлука за одложување на штрајкот. Колку се важни правата на лекарите, уште позначајни и почувствителни се правата на пациентите. Но, еве еден најдобронамерен совет до растрчаниот млад министер да го спречи штрајкот на лекарите. Не кршете му го ’рбетот на лекарскиот или било кој друг синдикат, ќе ви се удри од глава. Оваа чувствителна професија и посебна категорија луѓе секогаш се предвесници на значајни промени. Тие секојдневно се со сите слоеви од народот. Обрнете им сериозно внимание на нивните барања. Тие не се ни партиски ни идеолошки. Не организирајте во режија на власта контрапротести. Ви се смеат луѓето со здрав разум.


Статијата е прочитана 3628 пати.

Испрати коментар



Писма - Ендемците во Охрид
Писма - Фактите за цената на лебот
Тајната на успехот на „Харвард“
Големи земји, мали војни
Амин за протест



Коста Стоименовски, 24.09.2012 00:48:54
Крајот на студената војна го означи крајот на силните работнички синдикати! Британскиот премиер М. Тачер при крајот на 1989 година, кога имаше тешки проблеми со рударските синдикати во ВБ, дојде во посета на Полска и од Варшава отиде во Гдањск за да се сретне со Лех Валенса. На средбата Тачер жестоко се спротивстави на лидерот на полскиот синдикат Солидарност за организирање на штрајкови, бидејќи со нив се нанесувале штети на државата и општеството. Оттогаш Л. Валенса престана да дејствува како синдикален лидер и се обидува да дејствува како политичар!
Mapkoc, 24.09.2012 01:24:11
Авторот верно ја долови положбата на работниците во „комунизмот„. Тие за своите легитимни права не можеа да сметаат со синдикалните раководства, бидејки тие беа продолжена рака на раководствата на претпријатијата, подмачкани со недефинирани привилегии. За нив не постоеше причина за штрајк, а при сам спомен на тој збор ќе је активираа сталинистичката досетка дека штрајкот бил бесмислен, бидејки работничката класа била на власт. Меѓутоа, денешната положба на работниците е поразителна и во споредба со онаа во социјализмот. „Синдикат„ пак, денес е мислена именка - благодарејки на силната спрега на работодавците и власта. А божем живееме во демократски земји!
realist, 24.09.2012 01:51:24
Lugeto so zdrav razum odamna se smeat, ne samo na Todorov. Se prasuvam, onoj moment koga ke prestanat so smeenjeto, dali toa ke bide dobro ili losho?
ФЕЛИКС, 24.09.2012 07:33:23
Интересантно е секогаш да се зборува за правата и да се бараат истите додека за обврските на барателите на права никој тука не дискутира или пишува.Никогаш авторот не се ,,згрозил,, кога нестручноста доведува до смрт на пациентот,никогаш не се згрозил кога во минатото се шиткаа стентови по ходници,нема реакција за спрегата доктори фармацетски могули околу баснословните цени на лековите,кој пациентите беа приморани да ги купуваат.Нема реакција за докажани корупциски зделки на релација доктор-пациент.Нема реакција кога министер по здравсво е во бегство,не се пишува за непружање помош на пациенти пред и во ходниците на болниците и т.н Но затоа се подржува штрајкот со енормните 100% барања за л.д и почитта.Таа сите знаеме се заслужува а не се бара.Инаку треба да се дигне глас да се заштитат оние доктори кој се совесни по сите норми а се неправедно сврстани со оние кој се спротивното.Сепак треба подлабока анализа за да се види кој е кој во здравството а кој ептен не е.
Stipjanec, 24.09.2012 07:45:24
Neiskustvo i mladost! Site nie povozrasnite, ako go vratime filmot nanazad, ke se setime na nasata energija na mladosta, so koja mozevme da go prevrtime celiot svet. Mladiot minister Todorov, tokmutaka go pravi toa sto e svojstveno na negovite godini. So golema energija i rabota saka da gi dovede rabotite vo red: ne e pravedno toj sto ne raboti da zema isto kako i toj sto se utepuva od rabota (pa toa bese svojstveno vo Socijalizmot). No, edno golemo NO! Sekoj pozitiven Potez moze da kreira deset negativni reakcii. Mladosta sekogas gleda EDNONASOCNO, kako rezultat na nemanje zivotno iskustvo, koe se steknuva so godinite. Istiot Minister sakase so DEKRET da go izdigne nasiot Univerzitet na nivoto na Berkli, a od druga strana pak se otvaraat selski Univerzitei so rang na osmoletka. Vo seriozno drzavi, ne moze da bide minister ako nema bela kosa, odnosno ako ne e vo poodminati godini, so sto ne bi se pravele DETSKI potezi, koi moze da predizvikaat nesogledivi posledici po drzavata!
mitre, 24.09.2012 07:48:20
КУНГ ФУ Министерчено е олицетворение на режимот на Ким Гру Јонг...........
OD OBRAZOVANIE, 24.09.2012 08:03:54
Ероле,есента 2008 година во образованието почна штрајк под водството на тогашниот претседател на СОНК Дојчин Цветаноски.Штрајкот траеше околу две седмици под будното око на власта од ДПМНЕ,со силни закани од власта и од ПОЛТРОНИТЕ на власта,а најмногу од најголемите ПОЛТРОНИ- директорите на училиштата.Насилно беа терани на настава професорите,насилно беа носени ученици од селата ВМРОВСКИ со „ бесплатниот„ превоз(бесплатен,а сеуште за неколку години им немаат платено на превозниците).Да биде разочарувањето поголемо огромен број од вработените во образованието им се улизуваа на властодршците,иако се работеше за штрајк со кој се бараше подобрување на стандардот на сите во образованието,па и на оние кои како глувци се криеја по кабинетите и „ им ги занесуваа“ на директорите ,а некои „ држеа“ настава со 2-3 ученици или ПРЕД ПРАЗНИТЕ КЛУПИ „ПРЕДАВАА“ !!!!!( жива вистина е ова).Каков ли народ сме ние Македонците,кој ли се не се вработи во и сакаме некој да не почитува и да ни опстане држава
od ostrijot, 24.09.2012 08:27:35
erole znajes kako se veli stravot lozje cuval pa taka e iso strajkovite,zivejeme vo isplasena demokratija.
stojan, 24.09.2012 09:02:16
Mi se dopagja ona-vi se smeat lugjeto so zdrav razum.Mn tocno.
Vančo, 24.09.2012 09:52:42
Tie što ja vodat državata ili pak nejzinite golemi sistemi mora da imaat mnogu znaenje, golemo izkustvo i site moralni in karakterni osobini. za žal kaj nas e najvažno ministriti da imaat partiska kniška i da se bezpogovorno poslušni. Iskustvoto i znaenjeto ne se važni. Zatoa sme kako država tamu kade sme. Da se ima sluh za narodot i za pravata na vrabotenite e golema rabota. Da se znae deka pred donesuvanjeto na site značajni odluki koi se odnesuvaat na vrabotenite mora da se razgovara so sindikatitite isto taka. Mnogu e somnitelno koga edna država se sočuva so tolku mnogu nevraboteni, golema siromaštija i nizok standart na vrabotenite da nema štrajkovi. Toa nemože da trae vo nedogled. Ednaš soccijalnata bomba mora da ekslodira.
stojko, 24.09.2012 09:58:03
Tocno taka im se smeat lugeto so zdrav razum, a pak tie si mislat deka toa se zemjodelci drzavni sluzbenici i ke protestiraat pred stabovite na SDSM
Marioec, 24.09.2012 10:07:28
Krajot vi e super samo bez toa NE,a toa bi znacelo Tie se partiski,isto kako i kontra sindikatite i toa povtorno se vrz grbot na siromav i jaden narod.Partiite si gi koristat sindikatite,farmerite,doktorite,prosvetnite rabotnici pa i verskite opredeluvanja samo da se doprat do vlasta i do foteljite,a posle koj gi strizi istite od vetenoto nema pak nisto tuku i poloso.Ko magareto i mazgata se prepirale koj poubo peel ,a zaboravile deka nepejat tuku rikat.Taka i sds i dpmne,no toa e koga se nema konkurencija ni ostanuva samo da gi broime stetite sto gi napravija ovie dve za drzavata inarodot.
Оливер, 24.09.2012 10:22:10
Вашето образложение за причините(ако негде во тектов сте навеле) за штрајкот ни го доловуваа партизнскиот напад врз министерот. Немате осноснова во текстот да пишувате за овој штрајк. Кој се тие што го иницираат, од каде влечат емотивни репови, конкретно за овој штрак да образложите кои се причините и зошто воопшто се борат лекарите да објасните. Обратно, Вие се обидувате да ја споредувате Македонија со Југославија и моќта на комунизмот кој преку компарација го поистоветувате со радикален национализам - патриотизам (како што неколкупати имате спомнато во вашите текстови). Г-не Ерол нема протест и штрајк кој не е поддржан или организиран од опозицијата, се што се организира како револт во Македонија не може ни да биде нешто друго освен опозициски протест. Жално е што неспособноста на СДСМ ги бламира и девалвира сите луѓе кои бараат права или искажуваат незадоволство. А луѓето со здрав разум се тие што организираат и затоа се смеат.
Баба Евда, 24.09.2012 11:27:20
Шате бабино , да не заборави дека е во бегство и бившиот шеф на царина (а кој му беше шеф на шефот?) , и уште еден со музикално презиме, од с’штите!Но , да те прашам нешто друго.Пред некое време едно 15-16 деца (малку поголемки) ме прашаа „Нешто ште те питам , бабо“. Не го знаев одговорот , па отидоа кај друга баба. Да не одеа дечињата на проба на хор за некоја прослава?
Генерација 1982, 24.09.2012 11:39:12
Јас се сметам себе си за домаќин човек, скромен сум, фала богу имам нешто памет во глава. И еве 7 години се чудам како тоа некој на мои години успева да води држава односно толку значајни сектори. Од една страна знам што значи енергијата и ентузијазмот, предизвикот, ама каде е тука искуството, промисленоста, одмереноста, критичкиот осврт. Никако не можат да ме убедат, дека мои врсници се кадарни да повлечат долгорочно издржани потези. Едноставно не знаеме и сме немале квантум време за да можеме да акумулираме туѓи искуства, поранешни грешки, минати судбини на држави и ситеми.
Istocna Makedonija, 24.09.2012 11:42:58
Nekogas revoltot vo sebe i cdenzurata da se iskaze nezadovolstvoto mozat da bidat poopasni za onie,koi toa go zabranuvaat.
Do Feliks, 24.09.2012 11:47:37
Ne meshaj babi i zabi! Rabotnicite (vo sluchajot doktorite) imaat neprikosnoveno pravo na shtrajk, vo soglasnost so odredeni pravila, a za anomaliite vo zdravstvoto shto gi ti naveduvash, postojat organi na progonot koi treba da si ja brkat rabotata (ako ne se i tie vo shtrajk). Taka da toa nema nikakva vrska so shtrajkot, kako shto i protivenjeto na doktorite za plata spored uchinok, nema nikakva vrska so zdraviot razum. No pravo na shtrajk imaat, makar toj bil neopravdan i glup. Svati, ne smee ni na koj nachin i ni pod koi uslovi da im se toa pravo sprechi. A dali so shtrajkot neshto ke dobijat ili izgubat, toa e sosem peta rabota.
hristina, 24.09.2012 13:26:40
Ova seto e vo red sammo da go prenamenese i dobronamerno go razberea ovie sega sto ni e unistuvaat SDSM kolku i d bile zasluzni nemozat se edni isti da bidat sekogas na pozicija.Lekarite imaat povejke dejnosti zarabotuvaat mnogu rabotat privatno i mislam deka treba da prifatat mnogu noviteti i pocnat da razmisluvaat Evropski a znaeme deka evropskite normi ke bidat bolni za pogolem broj grajgani,bidejki sakame vo Evropa.Sindikatite i nivnite lideri od sekogas se so vlasta kako porano taka i sega.Mesto za strajkovi ima imalo i ke ima a pari nema cel svet e vejke vo kriza energensite se prilicno so mnogukratno visoki ceni ova ludilo ne mislam deka ke se zapri so strajkovi ne e vinoven makedonecot nametnato e ova a i nemame nie nekoja industrija imame piperki i zadovolni ke si bideme so toa.
Goce USA, 24.09.2012 13:30:27
Interesno e kako onoj Feliks i Oliver od petni zili se obiduvaat na sekoj post da ja ocrnuvaat opozicijata kako taa da e na vlast. Pisuvaat gluposti i tresat zeleni samo da si go navedat muabetot na toa deka B.R i SDS-to se krivi za sve. Inaku kolku za informacija vo poslednive 15 godini VMRO e na vlast - 12! I seuste VMRO e toj sto organizira protesti!!?? Zamislete!? Protiv kogo? Protiv opozicija! Ni Lukasenko ne go napravil toa do sega! I seuste VMRO e toj sto prodava stentovi po hodnici i reketira biznismeni, mesti tenderi, pere stotici milioni preku kamenja. Gospodo dusegriznici od vlasta, ako sakate nesto da napisete - napisete tamu kaj deficitot, kaj tekstovite za recesija, za zgolemenite ceni - ama tamu nikade ve nema!
seirdzija, 24.09.2012 15:54:53
Kakva e ovaa drzava kade policijata pokraj benificiran raboten staz zema i pogolema plata od doktori???Normalno e deka lekarite ke strajkuvaat,normalno e deka ke baraat zgolemuvanje na plati,a toa kako funkcionira zdravstvoto e posledica na loso upravuvanje odnosno menadziranje.Onoj minister moze da bide dobar SHIBICER,moze duri i pidzami i duseci da nabavi za zdravstvo,ama da mu se dade da upravuva so zdravstvo e golema navreda za lekarskata fela.I op sea koj ne e za T.Aleksandar odma kidaj plata!!!Kakov ucinok kakov bakrac se e za disciplina na kicmata!!!!
Mitre od Rotino, 24.09.2012 16:09:14
Таквите како Оливер се дежурни критичари и се знае од каде и за кого работат. Дали во 68-а некој се осмели да ги спречи протестите кои од Франција стигнаа и до Балканот/случајно сун сведок на тоа што се случуваше во Белград но и во Скопје/. Некој може да се поигрува со народот, со некои професии но несум убеден дека може и смее толку да ги потцени лекарите кои сепак не се билокоја професија без која се може. Ако некој има премногу енергија како што вели еден коментатор нека ја искористи на друг начин,а не да ничкосува системи кои сепак функционираат солидно.Ерол браво

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во к��либа. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |