Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
23.09.2012, 17:10

Поглед

Амин за протест

Соња Маџовска

Ќе има протест со амин на министерот за здравство Никола Тодоров. Лекарите ќе се откажат од појадокот, тие денеска ќе протестираат само половина час, за време на паузата во круговите на установите.

Се поставува прашањето дали наместо тужби и судски одлуки за да се одложи штрајкот на лекарите, можеше многу побезболно да се заврши целата работа, со договор меѓу министерот и синдикатите.

Тие вчера успеаја да се договорат дека по протестот ќе преговараат

за да се надминат проблемите. Министерот Тодоров, за разлика од претходните денови, излезе со многу посмирена реторика, уверувајќи ги лекарите дека нема ништо против одржувањето протест со кој се гарантира уставното право на синдикатите да манифестираат незадоволство од определени одлуки. Тој порача дека е задоволен затоа што протестот нема да се реперкуира врз пациентите, односно врз редовното функционирање на здравствените установи.

Она што вчера се случи, всушност, требаше да биде договор уште пред еден месец. Ако тогаш министерот уште при најавата за штрајк, покажеше поголема флексибилност и седнеше да преговара со лекарите за нивните барања околу исплатата на платата по успешност, денеска најверојатно и немаше да има потреба од одржување на протест. Но, наместо тоа, се дозволи состојбите да ескалираат, па да мора да се смируваат.

Тоа дека лекарите се незадоволни со реформата во делот на платите, министерот добро го знаеше.

Никој нема ништо против реформи, но кога веќе се преземаат толкави големи промени, редно е тие да бидат усогласени во најголем дел со оние на кои се однесуваат.




Статијата е прочитана 883 пати.

Испрати коментар



Писма - Ендемците во Охрид
Писма - Фактите за цената на лебот
Тајната на успехот на „Харвард“
Големи земји, мали војни
Земја без штрајкови



Makedonec vo EU, 24.09.2012 02:03:15
Todorovski fati pena na ustata od falenje kolku e toj dobar reformator, organizator, menadzer, itn... Za zal, iako negovite postapki vreskaat mnogu poglasno od zborovite, ocigledno glasackoto telo vo Makedonija ne gi slusa. Dodeka lugje kako Gruevski i Branko se na vlast, za napredna, nacitana, vistinski obrazovana i cesna vlada, Makedonija moze samo da sonuva.
od ostrijot, 24.09.2012 07:50:15
amin od ministerot ili demokratija so dozvola see isto. bas sme za zaljenje.
ФЕЛИКС, 24.09.2012 12:59:45
Никој не е против штрајкот,нека се одвива по нормите и дали ќе успее или не останува да се види.Инаку во сите земји од Еу(таму каде што се стремиме да одиме)штрајкот си има свој ,,ред на возење,,во спротивно им фрчат тужби на организаторите.Така беше со камионскиот штрајк во Франција и најавената блокада на патиштата.И на крајот една препорака до мојот повампирен колега а во ликот на баба ми.Дури лекарите не се во штрајк под итно да се прегледа оти според негово вчерашно признание ,,ниту гледа,ниту слуша,,Не чита мали букви а не слуша пискотници од незадоволниците кај Шатевци.Едни бараат внатрешна демократија,други сами се кандидираат за градоначалници,трети едвај чекаат да му го видат грбот на илузионистот а како четврто ваквите ги обработуваат со Коки аргументите. Бабооо ај на лекар додека е време.
pusta makedonijo, 24.09.2012 14:54:34
samo vo makedonija moze da se sluci da im se zabrani so ustav zagarantirano pravo na lugeto i posle ke kazuva nekoj sto se bunite nema mediumski mrak nema ova nema ona ah pusta makedonijo do kaj doturka pa ajde da go smenime politickiov sistem i taka ne se razlikuvame od onie diktatorskite

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Ведро

Сабота
Сончево
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 32°C, Мин: 15°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (12)
Докторите на Тито во колиба. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Операција на колк во живо во „Аџибадем Систина“
Операцијата на 48 годишен пациент, траеше два часа, а ја следеа во живо голем број еминентни ортопеди, трауматолози и фи...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |