22.09.2012, 17:33 ЖРК Металург поразен од Бјосен
Во квалификациите од Лигата на шампионите домаќинот Бјосен извојува победа над македонските ракометарки од 29:19 (16:7)
Ракометарките на македонскиот првак ЖРК Металург доживеаја пораз во полуфиналето од квалификационата група 2 за пласман во Лигата на шампионите. На гостувањето во Трондхајм, домаќинот Бјосен постигна победа од 29:19 (16:7).
Решавачката предност Бјосен ја направи во воведните минути кога поведе со 8:0, а дури потоа Металург почна да постигнува голови.
Головите за ЖРК Металург ги постигнаа: Драгана Пецевска 4, Робертина Мечевска 3, Мирјета Бајрамовска 3, Наташа Младеновска 3, Соња Башиќ 2, Ана Милачиќ 2 и Олга Вашчук 2.
Најефикасна за Бјосен беше Ида Алстад, која постигна 12 гола.
Утре ЖРК Металург во терминот од 15:30 часот ќе игра со поразената екипа од второто полуфинале Букстехуде – Далфсен, додека Бјосен со победникот ќе игра за пласман во групите од Лигата на шампионите. |