Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Спорт
20.09.2012, 18:35

МКД-кошарка

Милоевиќ ќе ја дели правдата на Јадранот

МЗТ Скопје нема биде единствениот македонски преставник во АБА Јадранската лига, нашата кошарка ќе ја претставуваат официјалните лица: судијата - Александар Милоевиќ и делегатите Ѓорѓи Пиперков и Владимир Макревски. Милоевиќ е еден од најдобрите наши судии со знакот на ФИБА, кој ја делел правдата во Евролигата и во еврокуповите. Пиперков во Европската куќа на кошарката долги години е инструктор, а кај нас делегат, исто како и Макревски. (М.К.)

МЗТ Скопје

И Гечевски не отпатува во Ниш

Тодор Гечевски, сепак, не отпатува во Ниш, каде што вчера и денеска се игра хуманитарниот турнир „Купина куп“, кој е последен тест за МЗТ Скопје пред стартот во Јадранската лига. Лекарскиот тим на македонскиот шампион препорача искусниот центар да остане во Скопје и да не ризикува.

Гечевски во изминатиот период се соочуваше со повреда на дланката што ја доби за време на инцидентот меѓу МЗТ Скопје и украински Черкаси, кој не заврши поради масовна тепачка. Некогашниот репрезентативец во Скопје ќе работи според посебна програма, а дополнителните денови за рехабилитација ќе ги искористи за максимална подготовка за гостувањето кај Цибона во рамките на првото коло од АБА-лигата.

МЗТ синоќа требаше да се сретне со организаторот, тимот на Константин, во првото полуфинале во „Купина купот“. (М.К.)

Пријателски меч

РаботниЧки и Кожуф не доиграа поради скршен обрач

Првиот меч од подготовките за Работнички во салата „Градски парк“ траеше нецели две четвртини, односно 15 минути. Обрачот не го издржа забивањето на гостинскиот центар Кирил Павловски по што целосно се искриви. Откако домаќинот не најде решение, судиите одлучија да го прекинат мечот при резултат 30:24 за најтрофејниот македонски колектив.

Ненад Зивчевиќ до моментот на прекинот беше предводник на играта на Работнички со 10 поени. Во составот на Кожуф токму Кирил Павловски, со чие забивање натпреварот заврши во 15. минута, со 11 поени беше најефикасен на теренот.

Наредните пријателски натпревари Работнички ќе ги игра во соседна Србија, каде што викендов ќе настапува на меѓународниот турнир „Слободан Пива Ивковиќ“ во Белград, на кој ќе учествуваат уште екипите на Раднички Белград, ФМП и Глазура. (М.К.)

ТУРНИР

Фени индустри на контрола во Бугарија

Екипата на Фени индустри во наредните три дена ќе биде дел од силен меѓународен турнир што се одржува во Јамбол, Бугарија. Избраниците

на Емил Рајковиќ и покрај тоа што оваа година нема да бидат дел од БИБЛ Балканската лига, сепак интензивно се подготвуваат за новата натпреварувачка сезона во домашниот шампионат.

Покрај домаќинот, Јамбол и кавадарчани, на турнирот ќе земат учество турски Олин и грчка Кавала.

Гостувањето во Бугарија за Рајковиќ ќе биде вистинска шанса да ги провери можностите на новото засилување, Саша Батиќ, кој игра на позиција четири. Фени индустри првиот меч го игра денеска, а за противник го има тимот на Олин.

Со одигрувањето на трите натпревари во Јамбол тимот од Кавадарци ќе влезе во завршната фаза од подготовките за новата сезона. (М.К.)


























Статијата е прочитана 402 пати.

Испрати коментар



Минута аплауз за Вотк��нс во Сингапур
Јотовски во второто коло во Ниш
Татран бара службена победа над Металург и 15.000 евра
Вардар со двајца голмани на теренот против Еуромилк!
Европскиот првак преголем залак за вардарки
Јаневски ги подучува македонските тренери

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

 
Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 33°C, Мин: 13°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)
Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Ореше - мијачко гнездо во срцето на Македонија
Селото брои 300 жители, кои живеат тешко оти нема можност за земјоделство, а и тоа малку млеко што го произведуваат нема...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |