Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
04.07.2012, 17:44

Килограм пченица ќе се откупува по 14 денари

Битола - Цената на пченицата од годинешната реколта да не е пониска од 14 денари за килограм. Ваков договор падна по десетина средби меѓу Владата, земјоделците и мелничарите. Во просториите на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ во селото Логоварди, Битолско, денеска на преговарачката маса со земјоделците и мелничарите седна и министерот за земјоделство Љупчо Димовски, порачувајќи дека цената на пченицата треба да расте според квалитетот. „Се постигна договор меѓу двете страни според кој ќе се плаќаат 14 денари на принципот видено-купено за пченица со најнизок квалитет. Се' што е со повисок квалитет значи дека ќе има и повисока цена. Доколку во Источна Македонија каде што е почната жетвата, житото се откупува по пониска цена од оваа, тоа ќе треба да се ревидира. Во исто време, пак, во Скопско има откупувачи кои за килограм пченица веќе плаќаат по 15 денари според квалитетот на пченицата“, изјави министерот Димовски. Според него, на маса биле ставени сите прашања и проблеми околу годинешната реколта, посочувајќи дека во овој период ќе има засилена контрола од Државниот инспекторат за земјоделство за да се спречи секој можен обид за илегален откуп. „Целосно ќе се почитува регистарот на овластени компании кои се занимаваат со откуп, промет и увоз на пченица или производи од пченица од страна на Агенцијата за храна и ветерина. Ќе се заложам за корекции во одлуката околу режимот на сообраќај на товарните возила кои превезуваат пченица, а за време на откупот сите заинтересирани страни заеднички ќе заседаваат на секои 15 дена за решавање на проблеми доколку се појават“, порача Димовски. Предлогот на дел од земјоделците бил цената за најнискиот квалитет на родот да не биде пониска од 15 денари за килограм. „Укажавме дека има малку пченица годинава и нема да ја даваме под 15 денари. Жетвата во источниот дел на Македонија почна и таму приносите ќе бидат катастрофални, а туку во Пелагонија ќе биде малку подобро. Затоа сакаме добра и ефикасна цена. Слушаме по медиумите дека се увезува пченица со олово, е нашата домашната е чиста затоа бараме повеќе пари“, истакна Драги Мицковски од село Загоране.

Од најголемиот произведувачки капацитет на пченица во државата

ЗК „Пелагонија“ од Битола велат дека годинава имаат квалитетна пченица и очекуваат да обезбедат повисока цена. „Исто како и лани, така и годинава очекуваме повисока цена од најниско утврдената, бидејќи пченицата што се произведува во ЗК ’Пелагонија‘ е со висок квалитет“, потенцира извршниот директор на овој комбинат, Драги Петровски.

Првиот човек на Сојузот на земјоделците на Македонија Вељо Тантаров верува дека на производителите од источниот дел на Македонија кои десетина дена вршат откуп ќе им биде надоместена разликата бидејќи нивната пченица се откупува по 12 денари за килограм.

За мелничарите, пак, цената на пченицата ќе се одредува не на маса, туку на откупните пунктови. „Квалитетот на пченицата ќе каже дали ќе биде 14 или 15 денари за килограм. Ние цената ја дефиниравме тогаш кога ќе бидеме на пунктовите за откуп. Ова се само прелиминарни договори. Овие цени не се апсолутни. За разлика од ЗК ’Пелагонија‘, кој има за две класи поквалитетна пченица, на останатите земјоделци е нешто со понизок квалитет“, порача Благој Стојчев, сопственик на мелничко-пекарската индустрија „Млин Стојчев“. (А.Б.)


Статијата е прочитана 1005 пати.

Испрати коментар



Опозицијата го поздрави договорот за „Јужен тек“
СДСМ
Банките не можат толку да дадат колку што државата бара
Неуспешни над 35 отсто од електронските аукции
Потрошувачите против самоволието на „Топлификација“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 21°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 19°C

Четврток
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 17°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
(ФОТО) Се урна потпорен ѕид на Водно, жителите на зградите евакуирани
Жителите на овој дел од Скопје, велат дека поради опас��ост од излизгување на земјиштето и рушење на две згради од кои ед...
(ФОТО) Кристина Арнаудова се разладува во Котор
Скопскиот асфалт го замени со морските бранови, а во песокот и водата најмногу ужива, кој друг ако не едноиполгодишното ...
(ФОТО) Кавадарчанец освои бронза на натпревар за генијалци
Ѓорѓи Шемов се натпреваруваше со научен труд од областа на заштитата на животната средина...
Голема радост за враќањето на „Дед Кен Денс“
Со новиот албум „Анастасис“, австралиското култно дуо Лиса Жерар и Брендон Пери, уште еднаш ја докажа својата креативна ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |