04.07.2012, 14:23 Би-Би-Си доби нов генерален директор
Џорџ Ентвистл денеска е именуван за нов генерален директор на Би-Би-Си. Тој ќе го наследи досегашниот генерален директор Марк Томпсон, кој осум години беше на оваа престижна функција во британските медиуми.
Ентвистл е во Би-Би-Си уште од 1989 година, а на почетокот беше задолжен за обука на новинари. Сега се наоѓа на функцијата директор на Би-Би-Си - Вижан. Соопштувајќи го решението за изборот на нов генеларл директор, лорд Патен кој раководи со Советот на на оваа јавна британска медиумска компанија рече дека Ентвистл е „креативен лидер кој доаѓа на челото на една креативна организација“, каква што, според него, е Би-Би-Си.
|