04.07.2012, 12:23 ЦЕРН: Пронајден доказ за „божјата честичка“
Научниците од Европската организација за нуклеарна физика (ЦЕРН) денеска соопштија дека е откриена нова субатомска честичка, која би можела да биде Хигсовиот бозон, која поради карактеристиките ја нарекуваат и „Божја честичка“, имајќи ја предвид нејзината улога во создавањето на универзумот.
- Ова се прелиминарни резултати, но веруваме дека имаме цврсти основи, изјави Џо Инкандела, портпарол на една од двете научни екипи на ЦЕРН, кои работат на проектите АТЛАС и ЦМС.
Доколку се потврди дека е пронајден Хигсовиот бозон, тоа би било најголемо откритие во последните 60 години.
Постоењето на оваа честичка го отвора патот за подобро разбирање на принципот на „големата експлозија“ и настанувањето на универзумот, дури и на животот. |