04.07.2012, 09:26 Претседателот Иванов ќе го отвори Европскиот натпревар во претприемништво
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска официјално ќе го отвори Европскиот натпревар во претприемништво, во организација на Junior Achievement - Young Enterprise Evrope, кој под негово покровителство прв пат се одржува во Република Македонија.
Овој натпревар ќе обедини 70 млади претприемачи – основачи на компании и студенти, од 11 европски земји, кои преку презентација на нивните бизнис идеи пред меѓународно жири, ќе се натпреваруваат за титулата „Најдобра студентска компанија“.
Натпреварот е дел од проектот Junior Achievement Start up program, чија цел е преку практични образовни програми да ги инспирира младите да развиваат претприемачки и лидерски способности, да ги поттикне да ги користат сопствените вештини на иновативен начин, што ќе ги зголеми нивните можности за самовработување.
На натпреварот ќе земат учество студенти од Белгија, Бугарија, Велика Британија, Данска, Македонија, Норвешка, Португалија, Романија, Финска, Холандија и Шпанија. |