04.07.2012, 09:05 Британија ќе ги затвори границите за грчките имигранти
Британскиот премиер Дејвид Камерон се закани дека Велика Британија е подготвена да ги затвори границите за грчките имигранти, ако евентуално Грција излезе од еврозоната, објави денеска грчкиот весник „Та неа“.
Тој на меѓупартиска парламентарна комисија истакнал дека е подготвен да направи се за да го спречи влезот на граѓани од Грција и од другите европски држави, зафатени од должничката криза, во Велика Британија.
Камерон наведе дека британската влада подготвила планови за вондредни ситуации за да ја заштити безбедноста на британската економија.
Во меѓувреме и извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард изјави дека не планира повторно да преговара со Грција за кредит од ММФ, Европската унија и од Европската централна банка.
- Сигурна сум дека Грција ќе може да претстави јасни статистички податоци. Со нетрпение чекам да видам што направила во последните месеци, за да се адаптира на програмата изработена од тројцата меѓународни кредитори, посочи Лагард.
Таа додаде дека сака да знае во која насока ќе се одвива идната соработката со грчките власти. |