Дете почина во БиХ по излегување од автомобил со клима
Едноиполгодишниот Х.К. од Сански Мост почина од температурен шок кога родителите од извадиле од климатизиран автомобил на висока надворешна температура.
Детето почина од шокот поради огромната температурна разлика од повеќе од 20. степени. Кога пристигнал во болница, докторите ја констатирале смртта поради престанок на работа на срцето.
Неодамна малиот Х.К. допатувал во Сански Мост од Шведска каде живеел со родителите.