04.07.2012, 14:30 Нови 40 мерки за малите компании
Со нови 40 мерки кои ќе бидат опфатени во четвртата фаза од Регулаторната гилотина ќе се поедностават процедурите и ќе се олесни работата со која се соочуваат малите компании.
Станува збор за поголема група мерки од кои дел се однесуваат на даночните олеснувања и на тарифните броеви, а со дел од нив ќе им се овозможи на претприемачите поедноставно да комуницираат со институциите.
Има и мерки кои се во насока на тоа Централниот регистар да издава еден документ за сите потреби на претприемачите и мерки со кои ќе се овозможи спојување на градежни парцели во една со цел да може приватните градежни компании побрзо да градат.
Поголем дел од мерките се со рок на реализација до октомври годинава, а дел од нив ќе треба да се спроведат до крајот на јуни наредната година. Пакетот од 40 мерки е избран од пристигнатите 109 предлози на компаниите. Првата фаза од проектот Регулаторна гилотина е сто отсто реализиран, втората фаза е со 74 отсто, а третата со 73 отсто реализација. (Ек.Р.) |