04.07.2012, 12:53 (ОБНОВЕНО) Пет мртви во заложничка драма во Карлсруе
Вооружен маж зеде како заложници неколку лица во станбена зграда, а инцидентот се случил за време на принудното иселување на мажот од неговиот стан.
Заложничката драма во германскиот град Карлсруе заврши со петмина убиени, меѓу кои и киднаперот.
Претходно денеска вооружен маж зеде како заложници неколку лица во станбена зграда во германскиот град Карлсруе. Инцидентот се случил за време на принудното иселување на мажот од неговиот стан.
- Припадници на специјалните сили упаднаа во станот, откако од него почна да излегува чад и открија четири трупа. Едниот најверојатно е киднаперот, изјави портпаролот на полицијата. Подоцна една жена починала од повредите во болница.
Полицијата смета дека три лица, судскиот извршител, клучар и новата станарка во апартманот, биле земени како заложници. Но, сепак се уште не се јасни многу детали околу случајот.
|