04.07.2012, 13:04 „Зомби нападите“ стигнаа до Кина
Нападите во САД, во кои издрогирани лица напаѓаат невини луѓе и ги гризаат се додека не откинат делови од нивното тело, предизвикаа паника меѓу Американците, кои ги нарекоа „зомби напади“, а овој феномен пристигна и во Кина, пишува италијанскиот весник „Кориере дела сера“.
Во САД најгрозоморниот ваков напад се случи во Мајами, каде бездомник буквално го изеде лицето на свој сограѓанин, пред да биде убиен од полицијата.
Во кинескиот град Венџоу возач на автобус, кој според очевидците бил пијан, го запрел возилото, со кое управувал, слегол од него и се качил на кровот на автомобилот кој запрел зад него. Жената, која го возела автомобилот почнала да бара помош и се обидела да му избега, но тој ја нападнал и почнал да ја гризе по лицето.
Минувачите се обиделе да се вмешаат, но не успеале. На местото пристигнала полицијата и полицајците успеале да ја оттргнат жената од рацете на напаѓачот.
Според лекарите сега жртвата ќе треба да се подложи на пластична операција за да ги обнови своите усни и носот.
Се претпотставува дека нападот можеби е предизвикан од користење на новите синтетички дроги, кои беа главна причина за „зомби нападите“ во САД. |