Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
18.03.2012, 19:56

Ни купи куќа ни купи стан

Зошто стана тајна податокот колку барања се поднесени за проектот „Купи куќа, купи стан“

Соња Маџовска

Ги снема рекламите, а ниту банкарите, ниту Министерството за финансии, уште помалку градежниците го споменуваат проектот „Купи куќа купи стан��. Колку барања се поднесени никој не открива, иако кон крајот на месецов Министерството за финансии треба да ги избере првите добитници кои што ги исполниле условите, прво кај банките, а потоа и критериумите од Министерството.

Во банкарските кругови се шпекулира со бројка од само 100 барања. Но, и оваа бројка почнала да се топи, откако Министерството за финансии го продолжи рокот за проектот 31 мај. И оние што поднеле барање до први март, до кога беше првичниот рок, подоцна се повлекле со образложение дека им треба повеќе време за да најдат стан, локација и да ја соберат потребната документација.

Банките се оградуваат од конкретни бројки со образложение дека тие секојдневно испраќаат податоци до Министреството, а од таму пак веќе десетина дена нема никаков одговор на прашањата на „Утрински весник“, за тоа колку апликации стигнале кај нив, кој е крајниот рок за банките да им ги испратат комплетните барања и кога ќе бидат избрани првите добитници.

Тоа што никој не излегува со конкретна информација за овој толку очекуван проект, зборува дека воопшто не е лесно да се влезе во аранжман за купување куќа, или стан, без разлика што Владата нуди помош.

Сепак, и граѓаните и банките и натаму тврдат дека проектот е добар, но дека за него не се потребни реклами, туку дека Владата треба да најде понепосреден пристап за да ги охрабри оние што навистина сакаат да купат стан, или да градат куќа. Од банките велат дека оние што доаѓаат кај нив повеќето се информираат, отколку што се подготвени да влезат во овој проект.

„Најчесто доаѓаат да прашаат што им е потребно за да се пријават, а потоа велат дека им треба време за да најдат инвеститор, локација..., а има и такви што сакаат сами да градат. Голем дел пак не сакаат да се пријават за купување куќа или стан бидејќи се сомневаат дека токму тие ќе бидат избрани, а нивните коментари се дека ’кај нас се е смислено за некој близок‘. Рокот дека треба да го отплаќаат станот 20 години им е предолг, не се сигурни дека постојано ќе имаат работа и дека ќе можат да ги плаќаат ратите, па затоа не сакаат да преземат ризик. Имаат прениски плати за да може да отплаќаат рати од кредит, а не можат да најдат и сокредитобарател. Тешко наоѓаат соодветна локација“. Ова е впечатокот на банкарите од нивните лични контакти со клиентите.

Затоа тие укажуваат дека ваков проект не се промовира само со реклама,

дека требаше прво со инвеститорите да се договорат конкретни локации на кои што ќе се градат станови со цена до 900 евра, а не отпосле, како и што се случи. Дури откако почна проектот, Минситерството за финансии, градежниците и градоначалниците одржаа неколку состаноци за да најдат нови локации за градба.

Банкарите коментираат дека и со нив доцна го договарале проектот, а не се направило ниту истражување за да се дефинираат условите што би им одговарале на поголем број граѓани со помали примања.

Првиот човек на Стопанска банка Скопје, Глигор Бишев, неодамна излезе со конретен предлог дека „Вадата треба неограничено да го прошири рокот за финансирање станови или куќи на население со низок доход, согласно со критериумите што се објавени и, се разбира, истите да се користат во согласност со предвидениот износ на средства во Буџетот“. Но, нема одговор од Министерството за финансии, на овој негов предлог.

Повеќето од банките кои учествуваат во проектот сметаат дека е потребно подолго време за пријавување на конкурсот.

„Со оглед на фактот што станува збор за станбен кредит за што е потребна поголемо учество на клиентите како што е обезбедување средства за учество во кредитот, изнаоѓање на соодветна локација, обезбедување на потребните документи за пријавување, па и време додека информацијата за начините и условите на субвенционирање стигне до потенцијалните купувачи, очекувано е дека е потребно повеќе време додека овие средства бидат пласирани на пазарот. Во моментот во Про кредит банка има пријави кои чекаат на нивно комплетирање. Продолжениот рок би требало да остави повеќе простор за пријавување“, велат од Про кредит банка.

Банкарите објаснуваат дека постапката за пријавување на конкурсот кај нив е иста како и за било кој друг кредит, со документ за лична идентификација и пополнето барање. Како што е вообичаено и со други кредити, банката врши анализа за кредитоспособноста на заинтересираните баратели на кредитот. А барателот покрај основните лични податоци, брачната сосотојба, треба да наведе и колкави му се приходите во последните шест месеци, со каков имот р��сполага. Дали бара кредит за куќа, или за стан, површината, цената за квадратен метар, вкупната вредност на станот или куќата. А треба да го приложи и преддоговорот што го има со инвеститорот или изведувачот, и видот на субвенцијата што ја избира.

Откако ќе се помине банкарскиот филтер, потоа Минситерството за финансии проверува дали се исполнети клучните услови, а тоа се кредитобарателите да немаат месечни примања над 900 евра, како и тоа дали поседуваат друг имот.


Статијата е прочитана 6486 пати.

Испрати коментар



Марш за мир
Пораки за мир
Нова рунда партиски препукувања за меѓуетничките односи
Груевски: 880 лица работат на приближување кон ЕУ
Македонски тренд
Владата се подновува со 30 нови автомобили
Интервју - Белгија е претрупана со азиланти
Ќарот на банките
Стартува наградната игра на „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“



realno, 19.03.2012 11:13:14
Ovie ceni za novoizgradenite... pa i starite stanovi se granicat so sekoja nelogicnost.Spored Makedonskiot standard na ziveenje,cenata za stan,bezrazlika dali istite se vo Skopje ili vo bilo koj grad vo Makedonija ne smee da bide povisoka od 400 evra m2. Vo Makedonija nema sredna klasa na luge ( spored primanjata)Postojat bogati i ogromna brojka na siromastija.I kazete mi sega koga edno siromasko semejstvo koe sto nema pokriv nad glavata ke isplati stan od 900 evra po m2.Istotaka vredi da se istakne deka za ovie semejstva ,stanbenite krediti se nedostapni poradi toa sto bankite ne davaat kredit ,dokolku aplikantite (ocigledno) nema da bidaat vo sostojba da go vratat dolgot kon bankata.Zatoa namesto odreden broj na luge da se bogatat i pogatat,treba drzavata da pocne da gradi solidarni stanovi...
небитен, 19.03.2012 12:32:47
Јас бев еден од заинтересираните за овој проект. Едвај најдов стан кој беше со цена поголема од 900 евра/м2, но со уверување од изведувачот дека тие ќе ми фактурираат цена од 900 евра (колку да бидам во можност да аплицирам за проектот) а остатокот ќе требало да им го натокмам пред самото вселување, на база на некаков Анекс на Договорот (додатно изведени работи во станот). И на ова се сложив и после неколку дена добив ладен туш: од градежната фирма ми рекоа дека нема да можат да ми го понудат станот преку проектот на Владата туку ќе можам да си го купам по редовен пат. Зошто испадна вака? Моја претпоставка: на градежниците им се потребни пари и немаат време да чекаат кога (и дали) на мене и останатите, ќе ни биде доделена субвенција.
Ljubica Sevdinska, 19.03.2012 14:13:16
Предлог до Мин. за финансии: да дозволи и предвремено отплаќање на кредитот без никакво условување. Предолг е периодот од 20 - 30 години отплата. Можеби некој ќе заработи дополнителни средства или ќе добие на лотарија, па зошто да не се ослободи од една голема обврска?
цобе, 19.03.2012 14:28:32
Ова беше само јадица за наивните......... но луѓето се претпазливи, знаат со кого им��ат работа.............Ни куќа, ни стан.....туку отсели се во Афганистан за работа..........
РНД, 19.03.2012 15:11:55
Абе од каде да најдеме пари за 1 метар квадратен а не за 30-40??? Купи куќа купи стан е далавера на годината. Најинтересното е што ако сакаш да купиш куќа или стан ќе биде на 30 км од градот на некоја ливада, ќе се скапеш од отплаќање 40 години и ќе те шалтаат со каматата банките после 3тата година. Отворете очи пред да започнувате нешто на оваа тема....
skopjanec, 19.03.2012 15:19:55
Lugjeto ne se ovci kako vmr-OVCITE, sekoj znae deka toa e kupi kuka kupi stan-banka TAT, pljacka.
skopje, 19.03.2012 16:05:01
A tebe ne ti se chini onaka kako zaobikoluvanje na zakonot i zloupotreba ako ti fakturira nedopraven stan ne do nivo na vselivost kako shto e zakonski . Mislish deka za tebe specijalno ke rizikuva nekoja gradezna kompanija ? Se dodeka subjektivno se gleda na site konkretni proketi ke se nosat pogreshni zaklucoci. Pozz.
aleks, 19.03.2012 18:09:49
vladata saka da dade a da kari duplo so takov odnos nema uspeh so vakvi uslovi samo bankite i gradeznicite ke imaat kar a ako saka vladata iskreno da pomogne neka gi dade stanovite na otplata bez nikakva kamata kako sto e vo holandija zemas i go plakas na rati bes kamata nema natalitet so vakov odnos.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

 


Site Meter


Време
Скопје, 23°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 21°C, Мин: 5°C

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |