Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
20.03.2012, 17:22

Луксузот на „Салвадор Алјенде“

Како државата и' се оддолжи на сопругата на загинатиот претседател

Горан Адамовски



Плац од преку 1.700 квадратни метри и 300.000 евра за куќа до 300 квадрати беше помошта што државата и' ја додели на Вилма Трајковска откако нејзиниот сопруг, претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа кај Мостар во 2004 година. Владата донесе решение и за други привилегии што на семејството Трајковски требаше да му помогне за полесно да ја пребродат големата загуба.

Кражбата во новоизградената куќа на падините на парк-шумата во Водно, во кое живеат Вилма Трајковски и нејзините две деца ја заинтригираа јавноста. Палата што може да се види само во холивудските филмови, стана лесен плен за умешни крадци, кои го искористија фактот што луксузниот објект нема свое обезбедување.

Поранешниот премиер Владо Бучковски бил изненаден кога завчера преку медиумите видел каков е финалниот производ на куќата на Водно. Се сеќава дека тогаш по трагичната смрт, државата одлучила да им помогне на најблиските на претседателот.

„Се обврзавме да го плаќаме школувањето на децата, кое може да биде и надвор од земјава, на госпоѓа Трајковска и' обезбедивме годишно по четири авионски билети за учество на конференции и слични пригоди каде што ќе биде повикана, но најмногу контроверзии имаше околу куќата, односно изградбата и трошоците за оддржување“, се присетува поранешниот прв човек на Владата.

Тој вели дека членовите на семејствата на останатите соработници на Трајковски, кои несреќно загинаа во Босна и Херцеговина, добиле еднократна парична помош и им биле платени трошоците за закоп.

Живко Кондев, шеф на кабинетот на Киро Глигоров, вели дека неодамна починатиот претседател одбивал да користи какви било привилегии што му следувале како шеф на државата.

„Тој и кога беше претседател, одбиваше да живее во резиденција. Не ги користеше можностите да користи послуга, да бидат платени режиските трошоци и други привилегии. Можеше, ама не сакаше. Таков човек беше, затоа и погребот беше на сметка на семејството“, ни изјави Кондев.

Што денеска државата му плаќа на семејството Трајковски е тешко да се каже. Владиниот портпарол Мартин Мартиновски не беше запознаен со детали и само кусо ни одговори дека „се плаќало се' што било предвидено во Законот за поранешни претседатели“.

Вилма Трајковска ниту вчера не се јавуваше на мобилен телефон, ниту, пак, одговараше на смс-пораки. Своевремено, откако медиумите се интересираа зошто куќата е многу поголема од предвидените 300 квадрати, таа изјави дека се одлучила да изгради дополнителни два дела за своите деца, за што зела кредит. Тврдеше дека еден дел од куќата ќе биде одвоен за музеј во чест на експретседателот.

Во меѓувреме, полицијата трага по крадците, кои изминатиот викенд од палатата на Водно одзеле украсни камења, прстени, бурми, колекција охридски бисери, обетки од „Сваровски“, злато, бижутерија, девизи и лаптоп. Сепак, нема нови моменти во истрагата, потврдуваат од МВР.

Кражбата била извршена тој начин што арамиите ја прескокнале жичената ограда, ја скршиле двокрилната врата, влегле во куќата и ја исклучиле струјата. Од спалната соба и од поткровјето ги украле вредните предмети и побегнале. Никој од малкуте соседи што живеат спроти хотелот „Панорама“ не забележале ништо.

Три куќи во една

Семејната куќа на покојниот претседател Борис Трајковски е изградена пред неколку години на плац со површина од околу 1.700 квадратни метри. Иако претставува еден објект, практично е составен од три дела, независни еден од друг, секој со посебни влезови и без заедничка внатрешна комуникација. Заеднички им е само дворот во кој има и базен од задната страна. Објектот има приземје, еден кат и потпокрив и е граден според идеите на сопругата на претседателот, Вилма Трајковска.

Како што е познато, првично требаше да биде изградена една станбена индивидуална куќа со големина до 300 квадратни метри, за што средства обезбеди државата. Но, Трајковска го смени планот и одлучи да изгради уште два дополнителна дела наменети за нејзините две деца. Средниот објект е најголем и има површина од 300 квадратни метри, додека страничните објекти се со големина од 250 до 300 квадрати. Трајковска порано изјавуваше дека има намера средишниот објект да го направи меморијален центар со спомен соба за претседателот Трајковски.

 


Статијата е прочитана 4847 пати.

Испрати коментар



Лустраторите ја чекаат со скрстени раце одлуката на Уставен
А1 остана без дозвола
Опозицијата се собра кај Црвенковски
Грција не заборава на „ерга омнес“
Мистерија околу компензацијата за Лех Качињски
Семејството на Зоран Ѓинѓиќ не побара ни динар
Кој го забрани фудбалот
ВМРО-ДПМНЕ пред избор за Скопје - Коце или Ивица?



EU, 21.03.2012 00:16:02
Gospoga Trajkovska si znae zosto nea i na decata im trebaat po 300 kvadrati za ziveenje. Makedonskite gragani sakaat da znaat, kolku od nivnite pari potrosila vladata za izgradba na palatata, koja patem ne e ni barokna, i, kolku mesecno trosi za nejzino odrzuvanje.
jovan, 21.03.2012 00:33:54
Vo slucajov, neznam sto da kazam, a ima sto da se kaze. No vo sekoj slucaj, se preteralo.
vdovica, 21.03.2012 00:41:29
A so sto ovaa zena ne zadolzila, pa da i se oddolzuvame? Zosto drzavata i dava pomos? I mazot mi pocina pri pad od skele ama moeto semejstvo samo sonuvase pomos. Mazot mi bese gradezen rabotnik, ne bese pretsedatel. Dali toa znaci deka ne bese covek? Dali jas i mite deca sme pomalku luge od Vilma i nejzinite deca? Dali nekoj voopsto ima izdrzan odgovor na ovie prasanja? Blagodaram za prostorot.
STANKO, 21.03.2012 01:18:10
Alo, Ova e Holivudska rezidencija shto se zanesuva gospogjata koja predhodno zjiveshe vo Chento vo dvosobna baraka. Vakvi kuki imaat bogatite Amerikanci koi zarabotuvaat poveke od 100 miljoni dolari godishno.
Stecaec, 21.03.2012 03:00:50
Masala, a nie ke ziveeme vo mizerija ... Sekoja cest za megalomanstvoto.
jimmy1, 21.03.2012 04:52:42
Imav pozitivno mislenje za Boris Trajkovski, ali sega mislam obratno, znaci nema covek koj dosol na funkcija pa da ne se obogatil, odnosno da nedrpnal nesto. Kako sto gledam Gligorov i Crvenkoski ispadnaja najglupavi i si ostanaja po staro, ne se obogatija so nasa pot i vo vremeto vozeja doodeni vozila. Go zamoluvam Utrinski da se pozanimava sto poveke so ovie segasnive funkcioneri i da ne obavestuvaat redovno koj sto ima izgradeno posle stapuvanjeto na funkcijata. Kako sto stojat rabotite ne e samo ovaa palata, gi ima mnogu, a narodot treba da znae sto se gradat ovie lopovi so nivnite pari. Vilma ne se kacila od magare na konj, tuku letnala od magare na dvogrba kamila.
Dolno Vodno, 21.03.2012 05:37:05
So kakov obraz i so koja dusa, bezsramno se dvizi niz Skopje ovaa privileguvana vdovica koga gleda , so kakvi teskotii se bori obicniot covek,a cij skromen soprug bese niven Pretsedatel ?! Se sekjavame deka pokraj site prekumlerni privilegii koi gi dobi po zaminuvanjeto na Pretsedatelot, imase obraz da pobara uste edna dobra suma *za preziveanata dusevna bolka* kako, nikoj od semajstvata na ostanatite pocinati vo nesrekjata ne bea *uteseni*.I grandomanskite nevkusni zelbi, trebe da imaat svoja merka i vistina *trebe da se znae kade se odi, no da ne se zaboravi, od kade se dovagja*! Gospodinot Kondev ni dade ubav primer za ( ne) koristenje na privilegiite od Pretsedatelot Gligorov koj bese edna cesna i nekoristoljubiva licnost.Toj duri ne ja pobara denacionalizacija na nekogasnata imovinata, so objasnuvanje: *Neli sum li maz, neli mozam i bez toa da ja izdrzuvam familijata*?! NO, deneska za zal , sekoj gleda bezckrupulozno,da grabne sto poveke moze.
хммм, 21.03.2012 06:54:59
Читам за вдовицата на Кенеди, по смртта на мажот и по две недели по погребот се вратила во НИВНАТА куќа. Таа добила САМО заштита од тајните служби и френклин привилегија, кои ги изгубила по мажачката со Оназис. Се прашувам каде е подобро да си вдовица на претседател-во Македонија или во САД?
Istocna Makedonija, 21.03.2012 08:20:19
V red e drzvata da se odolzi i kompenzira semej- stvo na tragicno zaginat pretsedatel.Tuka nema sporno,no ova da bide,sepak pristojno!Da ne iritira!Nikako,pak ne treba da se repriziraat bes- tijalni primeri od minatoto na ovie prostori.Iseleni i bukvalno marginilizirani vdovicite na Josip Broz Tito i Edvard Kardelj,Jovanka i Pepica,a i pokoj- niot pretsedatel Kiro Gligorov imase,svoevremeno problemi so rezidencijata na Dedinje.Ova,nikako, ne e civilizaciski,humano.
Vinzdir na Vodno, 21.03.2012 10:29:25
Pokojniot Gligorov uste togas kaza deka se prekrsuvaat mnogu propisani zakoni za pravata na pretsedatelot na Republikata, ama bese zamolcen. Na ostanatite zrtvi na avio nesrecata ednokratna pomos i zakop na drzaven trosok a na Vilma zamon od Vinzdor na Vodno,i mnostvo privilegii. a so sto ja zadolzi Vilma tolku Makedobija, pa i pokojniot Pretsdeatel. Mozebi so onaaizgubena vojna vo 201 i onaj potpisan Ramkoven? All mu vera na kradecot. Ni gi opuli ocite , da vidime sto se se pravi od narodni pari vo zemjata sampion po mizerija.A da prasam dali ima i bazen so mozaik i zooloska gradina. ako nema pod itno na vladin trosok da se izgradi.Sramota i bruka!!!
Lambe, 21.03.2012 10:36:15
Mi se dopaga sto Vilma e edna skromna i decentna dama. Kukata e samo eden odraz na nejzinata duhovnost, doblesnost i samodovolnost. Da se zivee vo dom od 1000 m2 na Vodno sigurno ne e lesno.
Еееееее...х!, 21.03.2012 11:42:55
Свесна ли е В.Трајковска колку го руши и уништува споменот на покојниот претседател - токму неговата скромност беше еден од чинителите за неговата популарност во народот.Како може да ужива во тој сјај знаејќи дека тој последица од смрта на нејзиниот сопруг???!!! Зар не и пречи кога гледа дека семејствата на другите починати не добиле ништо???!!! Зар ниту еднаш не помисли оваа госпоѓа дека тн. државни пари се всушност НАШИ пари -, а дека огромно мнозинство на овој народ одвај излегува на крај со оваа сиромаштија, доколку воопшто можеме да го сториме тоа!
Meto, 21.03.2012 13:18:16
А да го пратите Влатко Ѓорчев малку да прошета по Водно? Тој имаше многу коментари што се има таму, мислам дека е време да направи ревизија на неговите посети. Мислам дека ќе има многу што да види и да ни пренесе низ коментар.
девичанецот, 21.03.2012 15:38:26
Замислете колку данок треба да плаќа госпоѓата годишно за тие изградени квадрати ( данок на имот), а уште колку за дворот, (данок на неаграрно земјиште).тоа секако не е помалу од 100 000 денари на годишно ниво. За некого е тоа годишна плата!
protestant, 21.03.2012 16:44:31
Почитуваната Вилма Трајковска најдобро ќе му се оддолжи на својот исклучителен сопруг ако ја предаде оваа хациенда на некоја хуматирана организација
Златник, 21.03.2012 16:53:56
А, дали и во овој случај државата e обврзана да ја обесштети Вилмето за нејзиниот украден накит?
Queen Elisabeth II, 21.03.2012 17:07:12
I just wonder...
mme, 21.03.2012 18:26:56
Deka se dadeni mnogu pari, dadeni se, ama kukata e grda, grda, grda... Provincisko megalomanstvo

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |