Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
20.03.2012, 17:52

Ставрески: Доволно направивме за бензините

Државата дала огромен придонес за да се одржува нивото на цените, вклучително и на бензините. Македонија има најниски оданочувања и трошоци во тој дел. Вака вчера вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговори на прашањето на новинарите дали се размислува за намалување на акцизата за горивата.

Според првиот финансиер, државата не ги зголемила даноците во овој период, како што направиле речиси сите европски земји. „Сите земји во ЕУ, 25 од 27 земји, во изминатиот период го зголемија данокот и со тој данок ја оптоваруваат цената на бензините и сите други цени. Ние тоа не го направивме и стапката на ДДВ од 18 отсто во Македонија е практично најниска во регионот и пошироко во Европа, а другите земји одеа со покачување на стапките до 23, 25 отсто, а некои дури и до 27 проценти“, појасни вицепремиерот, додавајќи дека Владата дала огромен придонес, колку што може во својот дел, за да се одржува нивото на цените, вклучително и цената на бензините.

Тој посочи дека монетарната и фискалната политика ќе останат во рамки на планираното, со што ќе биде остварен таргетот за инфлацијата, односно таа годинава да остане на ниско ниво под три проценти. „Сметам дека најбитно прашање за движењето на инфлацијата е дали ќе имаме здрава фискална и монетарна политика, односно посветеноста на фискалната и монетарната политика за одбрана на таргетираното ниво на инфлација. Тие ќе бидат реализирани и можам да ве уверам дека и јас и гувернерот ќе опстоиме на зацртаните политики“, рече Ставрески. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана 2802 пати.

Испрати коментар



СДСМ - Се редефинира македонскиот идентитет
Успешни САП приказни во македонските компании
Превозниците предлагаат мерки за намалување на нивните трошоци
Со новите автобуси и улици ја штитиме животната средина
Македонија смета на данската поддршка за ЕУ и НАТО
Кривична пријава за Рамиз Мерко
Македонија напредува во справувањето со климатските промени
Исчезна 23-годишно момче од Виница
Каменуван автобус со средношколци
Почина писателот Томе Момировски
„Дрeкслмајер“ почна да вработува кавадарчани
Осомничениот убиец од Тулуз ќе и се предаде на полицијата
Евробарометар
Тетовци продавале ладно оружје на тезга
Дојде да сведочи, а заврши со лисици на рацете
Уапсени охридски крадци на казани
Почина родилка, бебето се спаси
Градежен работник го загубил животот изведувајќи работи во хала во село Волковија
Генерал Методија Величковски ја презеде должноста командант на ЗОК
Активирање на кината во 14 центри за култура низ Македонија
Жирито за наградата „Штајгер“ се предомисли да му ја додели на Ердоган
„Carrefour”, „Zara”, „Cineplexx” и нови работни места во Skopje City Мall
„Carrefour”, „Zara”, „Cineplexx” и нови работни места во Skopje City Мall
Македонија и Кувајт потпишаа договор за избегнување на двојното оданочување
УБС
Ново обвинение за „Метастаза“
Симната тајната од документите за Сопот
Ограбена обложувачница во Пробиштип
„Епл“ по 17 години ќе исплати дивиденда
Ограбена куќата на Вилма Трајковска
Петмина повредени во три нови инциденти
Цути трговијата со оружје во светот
Ќе се градат нови 21 мала хидроцентрала
Интерес од турски компании за инвестиции во Македонија
Три жртви во напад на еврејско училиште во Тулуз
Министерот Попоски во работна посета на Германија
Оставка на грчкиот министер за финансии Венизелос
Иванов му го честита изборот на новиот претседател на Германија, Гаук
Мит Ромни победи убедливо во Порторико
Еден загинат при несреќа во рудник во Србија
Груевски
Стартува наградната игра на „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“
Пронајден женски труп во Долно Лисиче
Петмина повредени при изградба на „Сити мол“
Српскиот убиец возел такси низ Охрид
Скопјанец крадел охридски бисери
Стартува наградната игра на "Утрински", "Дневник" и "Вест"
Најбогатиот човек во светот доаѓа во Македонија
Српски убиец со години живеел во Охрид под лажен идентитет
Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Откажана изградба на „Белене“
Во турски хеликоптер загинаа 16лица
Косово не сака фуснота
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров
Пораст на проституцијата во Атина
Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Трајановски: Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови
Отпуштенби сто чиновници во грчкото министерство за развој
Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Северна Кореја ќе истрела сателит
Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Шок во семејството на македонскиот Швајцарец
Кривични пријави за тројца предизвикувачи на инцидентoт во автобусот бр. 65 на ЈСП
Попоски – Хаџинасто
Црногорскиот претседател Вујановиќ во посета на Македонија
Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Куршуми најдени крај река
Кој е Македонецот што дивееше во Базел
Венизелос моли да го изгласаат
Карзаи
И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Ахмети - Дијалогот всушност е започнување на преговорите со ЕУ
Телата на загинатите деца се враќаат во Белгија
Претседателката на кривичен Неделковска се сели во Врховен
Дијалогот е мост кон пристапните преговори со ЕУ
Десетина насилници претепаа момче
Во сообраќајка кај Пехчево загина едно лице
Компанијата „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Иднината на Македонија е во ЕУ, реформите да продолжат
Воjникот што уби 16 цивили во Авганистан префрлен во Кувајт
ОМД ја поздрави Резолуцијата на ЕП за Македонија
Кавадарци ќе донира за изградба на црквата „Св. Петка“
Филе
Скопје и Атина се притискаат да најдат решение за името
Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ
Струја удри дете во училишен двор



Трпе, 20.03.2012 18:36:04
Овој човек сигурно е паднат од Марс или му е време да го менува диоптерот.За ова што го дискутира без срам и перде.Толкав голем безобразлук неможе да се види ни во најголемите диктаторски земји.На народот му вели ние сме власт па што ни можете,тој си има и резервна земја за живеење.Чути и трај...Треба нему да му дајме плата од 150 евра а не да се шлепува на грбот на мирниот и наивен народ.Да го ставиме да живе во 30 квадрати па ке видиме со кого ке не споредува.Но ке има избори и ке видиме кого ке го лаже.Каде и да смета да побегне ке биде пронајден.Е тогаж дали ке вели дека многу напраиле или многу краделе.Доста е ова ситиот на гладниот да не му верува.Ке се вози во гепекот на неговиот омилен Варбург.
sebastian, 20.03.2012 19:28:59
со други зборови, сака да ни каже: „ќутете, трајте и бидете среќни што не сме ви ги зголемиле даноците“ ... ех државо, државо....
Vancho Strumica, 20.03.2012 19:44:42
Koj e ovoj cinicen odgovor, 95% od lugeto sto ziveat vo Makedonija ne go razbiraat sto kazuva ovoj taka narecen minister za finansii, ama cinizmot nema da go napusti.Mnogu bise sramele i da pocnat da odgovaraat kako nego.Ako na takvi im se vraka dupla doza na cinisam.
jane, 20.03.2012 21:30:57
bre soe to so napravil stavreski neka pogleda koga e donesen zakonot za akcizi za derivati i ddvto. toj uste bese dete i neznam kaj bese.
goran, 20.03.2012 21:58:58
Најверојатво Ставрески го има фатено некоја халуцинација па сега ни ја предава на Нас. Нека каже јасно дека и требаат пари на државата а преку бензините и другите стоки за кои постојат акцизи се собираат средства за јавните давачки.
MARJAN, 20.03.2012 23:45:42
Napravi ti dosta za sebe i benzinite, toa site go cuvstvuvame sekoj den se poveke i poveke. Najbolji si sto da se dodade drugo. So eden zbor legenda koja go reformirase makedonskoto stopanstvo.
bez trag, 21.03.2012 02:40:36
Bravos ministre samo napred,neli sme PATRIOTI ke izdrzime.Samo dali ne smetas budali,retardirani cela makedonska javnost ili tolku ste zaneseni so vlasta sto ja imate pa zaboravivte od koe selo bevte A.Koga ke pocnite da naplakate i za pesaci koga e denot? oti vo EU se naplajka i za toa znaete li,kako ne vi e stram narodot do vrvca go ostavivte na ralo i VOLOVI go vrativte.EEEEEEEEE nema pari za BENZIN oti stvarno ne napravivte NAFTA DEKA PIEME...
jimmy1, 21.03.2012 03:42:41
Napravivte NISTO. 18% DDV ne e mnogu??? pa kade zivees bogati na Mars???? Na sekoj 1000 denari vo promet vie zemate 180 denari i ne bilo mnogu. Molimte odi uci matematika a i po ekonomija si TAPA da ne recam DUDUK. Vidiv na TV kako ti suflira Grujo sto da recis, kako da odgovoris, grdna slika. Evropa i da gi nagolemila ama platite im se 4000-5000 evra na mesec, a kaj nas se 150 evra na mesec, tri kazni ministre, tri glupavi kazni vovedeni od vas krvocicaci. Kaj nas eden rabotnik da zemi 4000-5000 evra mu treba da raboti skoro tri godini, i kako mozi nestoto da go sporeduvate so evropskite drzavi. Za cenite se tokmite so Evropa a za platite bas vi e gajle, vasite se pogolemi od Evropskite nevklucuvaki gi tuka honorarite a od rabotnicite se pomali i od afrikanskite drzavi. Taka ke bide se dodeka nepismeni luge ni vodat drzava.
НЕВЕН ГНЕВЕН, 21.03.2012 06:43:39
А бре овај продолжува по старо. ем мава, ем плаче. Нема ни срам ни перде. Безобразлук невиден.
ivan, 21.03.2012 07:40:22
Akcizata na benzinot e nepromenliva no DDV e promenlivo. Koga bese benzinot 60den. 18% e 10,8 den a sega na 90 den e 16,2 den. Celi 5,5 denari poveke vo drzavnata kasa. Znaci im odgovara benzinot da bide sto poskap se sobiraat pveke pari vo drzavnata kasa. Inace cenata na nasiot benzin e vo prosekot na Evropskiot(energy.eu) samo sto vo evropa cenata na trudot e mnougu pogolema,cenata na strujata isto taka imaat i neli i pogolemi danoci.
prist, 21.03.2012 08:10:42
ehhhh blaze nas koga eden vaka struchen minister ne sporeduva so EU i so nivnite danoci. bravos za vas gospodine ministre, samo vie uzivajte i mnogu mnogu sekiracii ne, zoshto stresot e najgolem ubica
Петре, 21.03.2012 08:15:38
По мое мислење, од зголемувањето на цените на горивата а со тоа и на акцизите, во буџетот нема да се слеат повеќе пари од проста причина што помалку горива ќе се купуваат и масата на пари за буџетот може дури и да се намали. Но затоа пак ќе има многу други комерцијални негативни ефекти. Помалиот промет на горива значи помали даноци од производителите до дистрибутерите, помалку работа и евентуални отпуштања на работници а со тоа и помл персонален данок и поголема невработеност и тн. и тн. Во моментов, кога сите држави околу нас ги поскапеа горивата, сега му е мајката ние да ги поефтиниме. Веднаш сите ќе навалат кај нас да купуваат бензин, ќе се зголеми прометот во сите погранични градови како Гевгелија,Струмица, Битола, Куманово, Кр. Паланка, Делчево и тн. Кога странците ќе навалат по бензин тие секако ќе купуваат и други производи кои и така кај нас се поефтини. Можност да вивне трговијата а со тоа и далеку поголеми приливи во буџетот.
Горан, 21.03.2012 08:49:05
Благодариме што не ги зголемивте даноците! На следните избори кога ќе ги намалите акцизите јас своеволно ќе плаќам поскапо само за да ја одржиме ниската стапка на инфлација. А она дека 25 од 27 земји од ЕУ ги зголемиле даноците... има еден многу важен детаљ... ОД ЕУ, а не од земји како нашата. Во секој случај ние ќе си трпим��.
Lidija, 21.03.2012 09:14:56
Dali stapkata na ramniot danok za gorivata e poniska ili povisoka od lanskiot danok? Ako e poniska mislam deka ovaa godina treba i ramniot danok da bide ponisok!
od ostrijot, 21.03.2012 09:40:28
osven za trubenje na falbi i lazi ovaj minister za drugo i negobiva.
Marija, 21.03.2012 10:03:30
Какво лицемерие - дали имаат образ?
danco, 21.03.2012 11:35:02
bidete srekni ni more imame ni pristaniste kako sakame evtino nisto ne rabotime samo trgovija ste se zaprasale li od kade drzavata pari
aleks, 21.03.2012 11:59:07
ako se namalat akcizite mnogu ljuge nema da zemat plata kolata odamna e luksuz moze da se dvizite i pes treba da ima nekoe olesnuvanje samo za zemjodelcite.
petko, 21.03.2012 12:01:47
Па сигурно доволно направија. Само пред избори лани ја намалија акцизата, а сега бидејки нема избори, нема што повеќе да прават. Прост народ, силна држава!!!
miki, 21.03.2012 12:53:18
Оваа шупелка од Министер за се има објаснување??? Каде му се резултатите од замајувањето на луѓето од типот КУПИ КУЌА; КУПИ СТАН???? Доживеа целосно фијаско.......и сега соли памет што ја нема..........ама овој народ сам си го гласаше па сега молчите си..........
ретко, 21.03.2012 13:02:05
Во Европа ретко кој зема плата 4-5000 евра, ве молам ведете статистика кога веќе имате интернет. А во Македонија ретко кој зема 150 евра плата, ако има такви тие немаат пари ни за пешки да одат а камо ли да дискутираат за цената на бензинот.
viktor, 21.03.2012 16:11:42
Ova ti e prost primer na idiotizam-za se koga ke se kacat cenite kako na primer gorivo, struja, razni danoci i da ne nabrojuvam se poreduvaat so evropa i kako e tamu i kolku e tamo, a standardot kakov e tamu a ovde kakov e mizerija toa ne e nisto mre ako vaka si sedime i gledame kako ne gazat i mislat deka sme ovci uste malju i sol i leb ke ni bidat skapi za jadenje.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 19°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |