16.03.2012, 12:32 Пријави за предизвикувачи на инцидентoт во автобус на ЈСП
Со насилничкото однесување тие предизвикале и чуство на страв, загрозеност и несигурност
Скопје - СВР-Скопје поднесе кривична пријава против лицата Ј.С. (19), Н.А. (21) и малолетникот М.С. (15) сите од Скопје, поради основано сомнение дека на 13-ти овој месец, околу 12,40 часот во автобусот на ЈСП, бр. 65, пред автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во населба Автокоманда, го нападнале Д.П. (19), удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, нанесувајќи му видливи телесни повреди.
Со насилничкото однесување тие предизвикале и чуство на страв, загрозеност и несигурност кај присутните во автобусот, возачот на автобусот А.М. (49), Ш.Ф. (17), В.Ф. (17), С.А. (16), М.Е. (51), И.Б. (51), С.К. (21), како и кај другите присутни патници од автобусот, со што сториле кривично дело „насилство“, соопшти МВР.
Откако тројцата пријавени влегле во автобусот во село Сингелиќ во кој имало голем број патници кои биле претежно млади лица на патот кон насел��а Ченто во автобусот се качил и Д.П. Откако автобусот бр 65, се приближил до следната автобуска постојка кај спортска сала „Младост“ во населба Автокоманда, во еден момент малолетникот прашал дали има полиција на автобуската постојка и кога од некој од присутните добил одговор дека нема полиција, Ј.С. почнал грубо да го малтретира и навредува Д.П., а при тоа и физички го нападнал удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото по што му се придружиле Н.А. и М.С. и со уште две други засега непознати лица продолжиле да го тепаат. Возачот веднаш го сопрел авобусот на автобуската постојка и ги отворил сите врати. Случаен минувач кога забележал како Д.П. го тепаат повеќе лица го фатил за облеката, го извлекол надвор од автобусот, притоа викајќи гласно дека доаѓа полиција. Кога напаѓачите го слушнале тоа избегале во непознат правец. (МИА) |