Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.03.2012, 12:52

Шок во семејството на македонскиот Швајцарец

Ристе Л. стравувал дека лекарите сакаат да го отрујат. Тој побегна од болница, украл автомобил и усмрти жена

Мајката и братот на 27-годишниот Ристе Л., кој пред неколку дена предизвика тежок инцидент во Швајцарија, се во шок. Момчето боледувало од шизофренија, но, сметаат дека установите требало подобро да се грижат за него. Несфатливо е како Македонецот, роден во Швајцарија, успеал да побегне од Психијатриската болница во Базел, украл автомобил и газел се' пред себе, усмртувајќи една жена и повредувајќи осуммина.

Тамошните медиуми и вчера продолжија нашироко да известуваат за овој случај, кој ја дигна на нозе јавноста. Ристе израснал со помалиот брат Александар (23). Соседите велат дека било златно момче.

„Се' се смени кога почина татко му. Тогаш почна да пуши, стана агресивен. Во една прилика, со чекан го нападна својот брат“, пишува „Блик“.

Продолжил со насилно однесување. Во 2007 година бил осуден на шест месеци затвор поради нанесување лесни повреди. Во затворот било утврдено дека станува збор за психички болна личност, па наредната година бил префрлен во Психијатриска болница.

„Четири месеци немав никаков контакт со него“, тврди мајката Јагода. Таа вели дека нејзиниот син еднаш веќе побегнал од болница.

„Мојот син е многу болен. Доколку Клиниката подобро внимаваше на него, немаше да дојде до ова“, изјави за швајцарските весници.

Според тамошните закони, болните од параноидна шизофренија и нарушување на личноста не се сметаат за јавна опасност. Тој бил во затвореното одделение за криминалци: прво во одделението со средни, а потоа со пониски безбедносни стандарди.

„Во болницата нема оддел со висока безбедност“, објавија медиумите.

Ристе Л. стравувал дека ќе биде отруен од лекарите. Крвавиот инцидент се случи во вторникот околу 18,15 часот кога ја соборил стажантката во болницата, го зел клучот и побегнал. Наишол на колона автомобили застанати на црвено светло. Влегол во „волксваген пасат“, го истуркал возачот, прегазил 46-годишна велосипедистка и повредил осуммина. Кога немал каде, го оставил автомобилот и почнал да трча. Бил фатен од тројца полицајци. (Г.А.)


Статијата е прочитана 7660 пати.

Испрати коментар



Вицепремиерката Арифи во посета на Косово
Не се знае дали убиецот од Тулуз е жив
СДСМ - Се редефинира македонскиот идентитет
Успешни САП приказни во македонските компании
Превозниците предлагаат мерки за намалување на нивните трошоци
Со новите автобуси и улици ја штитиме животната средина
Македонија смета на данската поддршка за ЕУ и НАТО
Кривична пријава за Рамиз Мерко
Климатските промени ќе земаат се повеќе жртви
Исчезна 23-годишно момче од Виница
Каменуван автобус со средношколци
Почина писателот Томе Момировски
„Дрeкслмајер“ почна да вработува кавадарчани
Осомничениот убиец од Тулуз ќе и се предаде на полицијата
Евробарометар
Ставрески
Тетовци продавале ладно оружје на тезга
Дојде да сведочи, а заврши со лисици на рацете
Уапсени охридски крадци на казани
Почина родилка, бебето се спаси
Градежен работник го загубил животот изведувајќи работи во хала во село Волковија
Генерал Методија Величковски ја презеде должноста командант на ЗОК
Активирање на кината во 14 центри за култура низ Македонија
Жирито за наградата „Штајгер“ се предомисли да му ја додели на Ердоган
„Carrefour”, „Zara”, „Cineplexx” и нови работни места во Skopje City Мall
„Carrefour”, „Zara”, „Cineplexx” и нови работни места во Skopje City Мall
Македонија и Кувајт потпишаа договор за избегнување на двојното оданочување
УБС
Ново обвинение за „Метастаза“
Симната тајната од документите за Сопот
Ограбена обложувачница во Пробиштип
„Епл“ по 17 години ќе исплати дивиденда
Ограбена куќата на Вилма Трајковска
Петмина повредени во три нови инциденти
Цути трговијата со оружје во светот
Ќе се градат нови 21 мала хидроцентрала
Интерес од турски компании за инвестиции во Македонија
Три жртви во напад на еврејско училиште во Тулуз
Министерот Попоски во работна посета на Германија
Оставка на грчкиот министер за финансии Венизелос
Иванов му го честита изборот на новиот претседател на Германија, Гаук
Мит Ромни победи убедливо во Порторико
Еден загинат при несреќа во рудник во Србија
Груевски
Стартува наградната игра на „Утрински“, „Дневник“ и „Вест“
Пронајден женски труп во Долно Лисиче
Петмина повредени при изградба на „Сити мол“
Српскиот убиец возел такси низ Охрид
Скопјанец крадел охридски бисери
Стартува наградната игра на "Утрински", "Дневник" и "Вест"
Најбогатиот човек во светот доаѓа во Македонија
Српски убиец со години живеел во Охрид под лажен идентитет
Штипјани грабнале 17-годишна девојка
Откажана изградба на „Белене“
Во турски хеликоптер загинаа 16лица
Кос��во не сака фуснота
Да се урнат сите цркви на Арапскиот Полуостров
Пораст на проституцијата во Атина
Куќата на Словенец продадена поради неплатени сметки во износ од 124 евра
Трајановски: Скопје ќе биде поделен на квартови и блокови
Отпуштенби сто чиновници во грчкото министерство за развој
Во Охрид уапсен српски државјанин, баран по потерница од Интерпол
Северна Кореја ќе истрела сателит
Одземени возила кои вршеле јавен превоз без дозволи
Кривични пријави за тројца предизвикувачи на инцидентoт во автобусот бр. 65 на ЈСП
Попоски – Хаџ��насто
Црногорскиот претседател Вујановиќ во посета на Македонија
Лани 6.000 поплаки од потрошувачи
Куршуми најдени крај река
Кој е Македонецот што дивееше во Базел
Венизелос моли да го изгласаат
Карзаи
И Ѕинго со тужба против Бошкоски
Ахмети - Дијалогот всушност е започнување на преговорите со ЕУ
Телата на загинатите деца се враќаат во Белгија
Претседателката на кривичен Неделковска се сели во Врховен
Дијалогот е мост кон пристапните преговори со ЕУ
Десетина насилници претепаа момче
Во сообраќајка кај Пехчево загина едно лице
Компанијата „Бенетон“ гради текстилен центар во Ниш
Иднината на Македонија е во ЕУ, реформите да продолжат
Воjникот што уби 16 цивили во Авганистан префрлен во Кувајт
ОМД ја поздрави Резолуцијата на ЕП за Македонија
Кавадарци ќе донира за изградба на црквата „Св. Петка“
Филе
Скопје и Атина се притискаат да најдат решение за името
Почнува пристапниот дијалог на високо ниво Македонија - ЕУ
Струја удри дете во училишен двор



dodi, 16.03.2012 13:07:51
Ajde sega nacionalisti.-Neli ke bese Albanec, ne Makedonec, sega? od takvi nacionalistiu fasizoidni ne odi Makedonija napred !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 20°C

Ведро

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 4°C

Петок
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |