19.03.2012, 13:03 Министерот Попоски во работна посета на Германија
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе престојува во работна посета на СР Германија.
Посетата ќе ја започне со средба со група германски парламентарци, а утре во германскиот Бундестаг ќе се сретне со претседателот на Комисијата за прашања на ЕУ, Гинтер Крихбаум по што ќе оствари средба и со неговиот германски колега Гидо Вестервеле.
На средбата со Вестервеле се очекува да бидат разменети мислења за политичките и економските односи меѓу двете држави, за процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, како и за регионалните и мултилатералните прашања. Според агендата, планирано е министерот Попоски во Владата на СР Германија да се сретне и со советникот на канцеларката за надворешна политика Кристоф Хојсген.
Шефот на македонската дипломатија ќе присуствува и на средба што ја организира фондацијата Конрад Аденауер.
|