16.03.2012, 14:35 Отпуштени сто чиновници во грчкото министерство за развој
Последици на неодамнешниот скандал за поткуп на двајца чиновници од оваа дирекција
Грчкиот министер за регионален развој отпушти сто вработени во министерството, кои работеле во главната дирекција за инвестиции, откако пред извесно време се откри скандал за поткуп на двајца чиновници од оваа дирекција, соопштуваат медиумите.
Двајцата чиновници од оваа служба беа уапсени за тоа што од еден бизнесмен изнудувале пари.
Министерот Ана Диамандопулу, исто така, побарала да се проверат сите даночни пријави на вработените во посочената дирекција од 2005 година до денеска, а шефот на службата за борба со финансиски криминал наредил да се проверат банкарските сметки на 57 вработени, а исто така и на веќе пензионираните чиновници од неговата служба.
|