Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
18.03.2012, 16:23

Скопјанец крадел охридски бисери

Охрид – Скопјанец заврши во притвор поради извршени 26 кражби во Охридско. Според полицијата, приведен е 43-годишниот В.Ќ. од Зелениково, кој осум месеци оперирал  по станови и куќи во охридскиот крај. Крадецот бил приведен во момент кога се обидувал да изврши кражба во стан. При акцијата за негово приведување, тој нападнал и полицаец, но бил совладан и уапсен. При претрес во еден стан, пронајдени се дел од алатот кој бил употребуван при кражбите и дел од одземените предмети.

Скопјанецот ги извршил кражбите во периодот од август минатата година до март годинава, при што направил штета од 10.000 евра, или над 600.000 денари.

„Тој преку добро разработен систем со употреба на сет шрафцигери се специјализирал за разбивање на сигурносните брави од вратите и со употреба на физичка сила. Насилно влегувал во повеќе куќи и станови, одземајќи пари, златен накит, вредни часовници, лаптопи, фотоапарати, мобилни телефони, накит од бело злато и охридски бисери, резбани и бакарни предмети, па дури и авионски карти за Австралија“, велат во охридската полиција. Крадецот вешто ги кршел буренцата од влезните врати, се качувал преку балконите, ги користел металните конструкции по дворовите и кршел прозорци, по што вршел брзо пребарување по собите одземајќи ги парите и вредните предмети. (В.М.)


Статијата е прочитана 1105 пати.

Испрати коментар



Ограбена и оштетена црква во Тетово
Пријави педофилија на 15-505
Пронајден женски труп во Долно Лисиче
Петмина повредени при изградба на „Сити мол“
Српскиот убиец возел такси низ Охрид
Исчезнати со години

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 11°C

Ведро

Среда
Сончево
Макс: 22°C, Мин: 5°C

Четврток
Сончево
Макс: 21°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |