19.03.2012, 17:01 Мое ќоше
Тајниот закон на Груевски
Ерол Ризаов
Колкави се шансите за департизација на јавните претпријатија
Наслушнав дека премиерот Никола Груевски и Владата подготвуваат во најголема тајност значаен закон за департизација на јавните претпријатија. Ќе се укинуваат управните одбори во државните компании. Ќе се заоструваат критериумите за избор на генерални директори на големите државни корпорации. Таквите работни места ќе се огласуваат на меѓународен конкурс. Кој менаџер ќе понуди најдобра програма и најголем профит тој ќе ја добие работата. Ќе се формираат надзорни одбори од стручни и компетентни личности. Сите членови, до еден, ќе бидат високопрофесионални, познати и успешни деловни луѓе, а не партиски војници како досега. Искуствата покажале дека нашите златни кокошки кои прават најголеми профити почнале да несат златни јајца откако се приватизирале и откако се департизирале. Додека биле во сопственост на државата, произведувале само загуби. Премиерот на неговото патешествие низ светот по инвеститори дознал дека и државните компании ако се ослободат од политички стеги и партиски интервенции, можат да работат многу успешно. Веднаш дал наредба да се подготви правна основа за такво работење. Боже, боже, се штипнав, да не е сон. Имам прилично тврди уши, па си реков галиба не сум дослушал добро. Тоа би било револуционерен чекор напред да се урива главниот извор од кој се напојува сегашниот политички и партиски монструм.
Не помина половина час, ми се јавува изворот и ми вели априлили. Издишав како наивец со сочна пцост дека премногу е рано за вакви првоаприлски лаги. Тамам реков еве една добра прилика да ја пофалам Владата, кога тоа ти било несолена шега. Всушност, работата не е обична измислица. Инспирацијата на мојот влијателен вмровец му дошла, гледај чудо, од Србија од градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, кој подготвил предлог-закон да ги растури партиските јасли во државните претпријатија. Тешко е да се поверува дека ќе успее, ама ја пуштил болвата, па сега го фалат и кудат преку медиумите. Секогаш духовитиот Светлслав Басара во своја колумна го поддржува Ѓилас, но го опоменува јавно дека може да заврши како неговиот славен презимењак кој не пишувал закон за јавни претпријатија, но пишувал за „анатомијата на еден морал“ што го направи најпознат дисидент во некогашна Југославија.
Па, добро, му велам на мојот извор, идејата е одлична зошто таа не би можела да се спроведе кај нас. Сигурен сум дека ќе даде повеќе ефекти од сите досегашни половични економски реформи. Ти си улав, ми возврати категорично. Тоа ќе ја дестабилизира целосно Македонија. Човеку, каде живееш? Прво тоа се главните партиски финансиери и филијали за вработување. Покрај генералните менаџери кои се наши, таму се првиот, вториот и третиот ешалон на коалиционите партнери. Стотици и стотици луѓе живеат од тоа. Тука стручноста не е важна, ниту знаењето. Опозицијата за тоа не не критикува, бидејќи тоа се и нивни ресурси кога се на власт. Укинувањето на управните одбори, ми вели, би имало директни последици на меѓуетничките односи и на Охридскиот договор и би предизвикало уставна криза. Од каде, пак, сега ова, му велам, кога тие се разнишани по друга основа. Ова е многу, многу поопасно од запалени знамиња и тепачки во автобуси. Знаеш ли ти што ќе биде ако овие од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ заминат од управните одбори од јавните претпријатија. Или ако оние од пајтон-партиите останат без работа. Отиде власта за 24 саата. Нема потреба од никакви избори. Политичко самоубиство.
Фабричката грешка на македонскиот плурализам не може да се поправи без вистински и болни реформи, хируршки резови, без анестезија. Таков хирург на премиерска функција Македонија немала и ќе нема во догледно време. Замислете во јавн��те претпријатија да се сосече и партиската администрација. Хорор. Затоа и не ни се брза многу кон Европа. Државните чешми се' уште се најштедри и таму сите сакаат да пијат без да платат. Само малкумина знаат дека сметката расте и еден ден ќе стаса фактурата сосе камата. Комшискиот премиер Јоргос Папандреу им ја врачи сметката на Грците, па мораше да си оди. Никој не ги сака гласниците на лоши вести. Тие се поомразени од оние што ги прават големите штети. Затоа нашите премиери секогаш кажуваат само добри вести. Лоша е само реалноста. |
|
Статијата е прочитана 4937 пати.
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 20.03.2012 00:08:09 | I jas koga pocnav da go citam tekstot, pomisliv deka ke pocnat da se sreduvaat rabotite so parazitizmot po Upravnite odbori vo koj pretezno clenuvaat sinovi, kerki, rodnini.... na poznati *faci*, koga, se da ti bilo za.... |
| Erol se podigrava, 20.03.2012 00:15:55 | Erole ili si ogras majtap so nas ili se podigravas. Ti ne si naiven da poveruvas po takvi prikazni. Gruevski da gi smenel partiskite vojnici i da ja departizira drzavata?! Ajde bogati?! Pa toj znae deka edino se krepi na tie stolbovi o ogromnata manipulativna propaganda od platenite telali od tipot na Janko , Milenko, Mirka i Latas. Zatoa i ns laf muabet si odi kaj niv. |
| USA, 20.03.2012 00:32:26 | Sto bi bilo, koga bi bilo. Nesto kao na Rada kolumnite. Aj se kladime deka navodniot izvor, ako voopsto postoi, ne e VMRO. |
| mozebi, 20.03.2012 00:56:00 | fokus pisuvase neodamna za eden sovetnik na Grujevski koj bil direktor na 5-6 upravni odbori? koj e toj/taa? |
| Mapkoc, 20.03.2012 01:41:37 | Во право е г. Ризаов: нема решение „без вистински и болни реформи, хируршки резови, без анестезија„. Тоа се вика револуција, за која пак нема никакви услови. Иако се очигледни две Македонии„ - едната ја чинат граѓани привилегирани по неброени основи (со семејствата), а другата, побројната, дискриминирани и ограбени граѓани по многу основи (со семејствата) – мнозинството од другите покажува невидено трпение, и речиси не пушта глас против неправдата и бедниот живот. А со „етнички„ отрови пак, партиите на власт успеваат да имобилизираат и таква сила од 500.000 небработени. Али еднаш, ненадејно, кога кризата ќе биде „доволно длабока„, може и да бувне. Што неминовно би значило и судир на двете Македонии.
|
| Rob na Grujopatra, 20.03.2012 03:46:44 | Erole ,ne se majtapi so nas (ili mozebi ne zasluzuvame podobro. Narodot za zal ,go misli sprotivnoto,mozebi taka mu e arno.Erole ovaa dinastija (GRUJOPATRA),mora da ima nekoja genetska povrzanost so Egipetskata kralica (taa bila Makedonka),i vladeat faraonski,do beskonecnost.Sega ke pocneme i piramidi da gradime,da znae svetot deka sme Ajvan narod! |
| jimmy1, 20.03.2012 06:02:24 | Ne se slozuvam so toa deka koga bile vo drzavna sopstvenost deka proizveduvale zagubi. Od mnogu drzavni predprijatija koi neseja zlatni jajca denes nema ni traga. Da spomnam samo nekolku: Makedonka od Stop, Astibo, Teteks, EMO, Oteks, Bratstvo, Struzanka, Boris Kidric, Vinarska Vizba Ohrid, 11ti Oktomvri Skopje, Titov Zavod i mnogu drugi. Vo vremeto beja najprofitabilni i toa so proizvodi od svetski kvalitet, a denes mnogu od niv gi nema a i onie sto gi ima denes edvam opstojuvaat i toa so namelena rabotna snaga a i onie sto rabotat vo niv se slabo plateni a sto e uste potesko so meseci im kasnat platita, rabotas za septemvri a zemas plata za januari (9 meseci nanazad). Denes nema predprijatie koe nesi zlatni jajca, toa e proslost, segasnite jajca se za gazdite a za rabotnicite luspata od jajceto. |
| B. Betinski, 20.03.2012 06:22:15 | Ima edna rabota so vlasta koja, po se izgleda, ja gubis od vid, g. Rizaov. Taa rabota e vo vrska so nejziniot skrien paradoks (imanentna kontradikcija, kako sto bi rekol Stardelov). Imeno, vlasta e dobra togas i samo togas koga im sluzi na drugite (narodot) i losa koga se sluzi so drugite za da se odrzi kako - vlast. Ako im sluzi samo na drugite, rizikuva brzo da bide soborena zatoa sto, vo prirodata na covekot e da ocekuva povekje od toa sto go ima. Ako si sluzi samo sebesi, rizikuiva da bide omrazena (neka me mrazat, ama neka mi se plasat!) no i povekje izgledi da opstane kako - vlast (Franko, na pr., si umre vo postela). Setete se sto stana so legendite Cercil i de Gol. I dvajcata bea ponizani od svoite narodi togas koga pomisllija deka zasluzuvaat poveke i podsobro od toa sto dotogas im go dale tie dve ikoni na antifasizmot. |
| od ostrijot, 20.03.2012 10:06:09 | sekoj ima pravo da fantazira pa i vije gospodine
no vistinata e sosema druga se dodeka e grujevski
na vlast nema nisto dase promeni. |
| bezanec, 20.03.2012 10:20:24 | Пријатно е да се читат твоите колумни кои се многу поучни. Но би те советувал малку со јазикон на народот и дообјаснување,бидејки овој народ нема ум да размисли со своја глава.Вмровците го научија само да слуша и да му даваат субвенции,многу паметен да не се прави. На тоа можам со факти да го илострирам со отварањето на многуте факултети,што ќе произведуваат багра,која само ќе го слуша премиерот,кој исто така прошета низ факултетите да заврши. Продолжи со таквите колумни. |
| Капетан Немо, 20.03.2012 10:28:53 | Ероле ја погоди една од суштините зошто нашите сите досегашни влади не сакаат влез во ЕУ. Останатите се заштита на монополите во банкарството,осигурувањето, енергенсите и телекомуникациите. Башка што нашите политичари не сакаат некој да ги контролира како ги трошат народните пари.
|
| Vinci, 20.03.2012 10:57:44 | Bravo za avtorot, sekogas znae da gi pogodi pravite temi i toa direktno vo centar.Samo ke dodadam, aj sto se partizirani upravnite odbori na javnite pretprijatija i pretstavuvaat glasacka masinerija na partiskite direktori /da ne objasnuvame za partiskata birokratija/, ogromni sredstva /milionski sumi/ od Budjetot se odlevaat za nivnite honorari i plati, i koj go plaka seto toa, pak na grbot i na taka se posiromav i posiromav narod!! Se slagam deka nieden premier do sega nemal m..a da go presece ovoj Gordiev jazol, a najmalku pa ovoj ,,prerodbenikov,, , zasto bukvalno toj i negovata tajfa na toa i opstojuvaat, a sto e potragicno uste sega zemaat zalet za novi partiski vrabotuvanja pod prevez na volonterstvo, privremeni vrabotuvanja../se priblizuvaat lokalni izbori/, i se razbira toa se novi zafakanja od narodnite pari, sto go konstatira i Erol, i kolku podolgo ke cekame ovie vlastodrsci da gi snema, tolku podebela ke bide smetkata, a narodot vo se pogolema beda i mizerija!!!!???? |
| Prijatel, 20.03.2012 12:34:53 | Grujo ke gi reformiral javnite pretprijatija!? Ahaha, ahaha, hahaha, ha, haaaaha,... daj te molam prestani so vicevive Erole pred da izumreme od smeenje..., haaa ha, ha,.... Ova ne mozhe da bide prvoaprilska shega, tuku samo nauchnofantastichen film. Mozhebi treba da prestanesh da pishuvash za ekonomski temi, opasno ja zasmejuvash javnosta!!! |
| Istok, 20.03.2012 13:16:26 | Gdine Erol, da ne slucajno se najdovte vo zemjata na cudata pa Vi dojde ideja da napisete takva cudna kolumna. Toa vo makedonija ke se sluci koga kako sto velat vo narodniot govor koga ke si go vidam tilot ili koga vrbata ke rodi grozje. Ajde ti se molam ne sonuvaj so otvoreni oci deka vlasta sama ke si gi zatvori slavinite od koi cica kako slon. Toa ke bide cudo nad cudata, deveto svetsko cudo. |
| Ljupco, 20.03.2012 13:39:38 | Erol ja kaza najgolemata bolna vistina za p ropaganjeto na nasava drzavicka. So takva partizirana administracija i iljadnici krlezi koi ne cicaat sekoj den, ni nema spas Stanuvame Grcija. Edinstveno promena na vlasta so predhoden program za unistruvanje na rak ranata - narecena partiska administracija. Narodot toa ke go primi so odusevuvanje. |
| Злоба, 20.03.2012 13:59:31 | Колумнава нема врска со вистината. Македонскиот народ е свесен и знае кого бира. А ако некој не верува во народот или вели дека е незнајко или слично тогаш проблемот е кај критизеров. Се надевам ова не е за необјавување. Врие од антимакедонски колумни и коментари а објавувате. |
| Трпе, 20.03.2012 15:57:28 | Кога еднаш ке се напика крлеж во кожата и цица ли цица крв.Без разлика што од многу прецицување ке умре но сепак не се откажува.Носи јајца за нови свои крлежи и тие да продолжат да цицат се додека и тие не пукнат.Можно е да ги уништи само некој однадвор со некој препарат и семето да и се уништи.Сами да се откажат нема шанси. |
| mene, 21.03.2012 08:29:44 | Do zloba!!! Da ti kazam ubavo si go odbral imeto. Ne da si ZLOBA! OTEPANIJA si. Zarem mislite deka treva pasime? Vie takvite sto go opravduvate ova sto se pravi ama so site firmi? Vmrovcite vlegoa i vo privatnite firmi, tie kazuvaat koj ke raboti i kako prodavac vo Tinex. Zarem moevo izlaganje e antimakedonsko? Ne drugar! Tvoeto e! Zasto si gledas samo za sopstveniot gaz, a koga ke dojde red TVOJOT NAROD da ja plati smetkata, se nadevas deka ke si dovolno bogat za da ne osetis sto si mu napravil na sopstveniot narod zaedno so ovcite kako tebe. |
| stavre, 21.03.2012 09:27:09 | abe brat Zloba, gledas deka si osamen vo komentarot. Iskreno te zalam! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Претежно облачно
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 25°C, Мин: 11°C
|
Вторник
Обилни врнежи
Макс: 20°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|