18.05.2012, 09:44 Индијана поведе против Мајами
Сан Антонио уште еднаш пред своите навивачи оствари триумф против Лос Анџелес Клиперс во полуфиналето на Западот и поведе со 2-0
Кошаркарите на Индијана ноќеска остварија убедлива победа од 94:75 на првиот домашен натпревар или трет од полуфиналето на „Исток“ и поведоа со 2-1 во дуелот со Мајами.
Индијана на теренот имаше неколку расположени играчи, а дури четири од нив имаа двоцифрен број поени: Џорџ Хил 20 поени, Рој Хиберт 19 (18 скокови), Дени Гренџер 17 и Дејвид Вест 14.
За разлика од нив Мајами тотално потфрли во шутот. На Леброн Џејмс му требаа 22 удари за 22 поена, Двејн Вејд имаше 5 поени, а двајцата заедно имаа 9 грешки. Најефикасен беше Марио Челмерс со 25 поени.
Следниот натпревар се игра в недела, а Индијана е повторно домаќин.
Сан Антонио уште еднаш пред своите навивачи оствари триумф против Лос Анџелес Клиперс во полуфиналето на Западот и поведе со 2-0. Предводени од славеникот Тони Паркер (30.ти роденден), кој постигна 22 поена и Тим Данкан, кој реализираше 18 поени, „мамузите“ победија 105:88.
Вечерва се играат натпреварите: Филаделфија – Бостон (2-1 во победи за Бостон) и Лос Анџелес Лејкерс – Оклахома Сити (2-0 за Оклахома Сити).
|