13.05.2012, 23:04 Шеста шампионска титула за Вардар
Победата над Силекс извојувана попладнево во Кратово со 2:1 им беше доволна на „црвено-црните“ да сигнат до трофејот на три кола пред крајот на првенството
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар шести пат стана шампион на Македонија.
Победата над Силекс извојувана попладнево во Кратово со 2:1 им беше доволна на „црвено-црните“ да сигнат до трофејот на три кола пред крајот на првенството.
Последниот шампионски пехар Вардар го освои во сезоната 2002/03.
До својата шеста титула од осамостојувањето на Република Македонија „црвено-црните“ дојдоа со победата над Силекс во Кратово од 2:1, која им ја донесе Филип Ивановски со своите два гола.
Тој најпрво го отвори резултатот во 22. минута, а во 41. минута ги постави �� конечните 2:1 откако Несторовиќ успеа да изедначи на 1:1 девет минути претходно. Само две минути по изедначувачкиот гол црвен картон заработи домашниот голман Божиновски по еден негов прекршок вон шеснаесетникот на Силекс.
Овие три бода и теоретски ја обезбедија титулата за Вардар, кој сега има недостижни 72 бода на врвот, пред втората Шкендија (63 бодови) и Металург, кој има 11 бода помалку од лидерот.
На другите денешни натпревари од 30.коло од Првата македонска фудбалска лига постигнати се следниве резултати: Шкендија – Брегалница 3:2, Работнички – Напредок 4:1, 11 Октомври – Охрид 3:1 и Хоризонт Турново – Тетекс 2:1. Вчера Ренова го победи Металург со 1:0.
Табела: Вардар 72 бодови, Шкендија 63, Металург 61, Ренова 45, Брегалница 39, Силекс 39, Работнички 37, Напредок 36, Хоризонт Турново 32, Тетекс 28, Охрид 26 и 11 Октомври 16.
|