16.05.2012, 15:02 Шпанецот Родригеш петти лидер
По Тејлор Фини, Рамунас Навардауска, Адријан Малори и Ридер Хејседал шпанскиот велосипедист од тимот на Катјуша го презеде водството во генералниот пласман по победата во десеттата етапа
Жоаким Родригеш е петиот лидер во годинашното Џиро ди Италија. По Тејлор Фини, Рамунас Навардауска, Адријан Малори и Ридер Хејседал шпанскиот велосипедист од тимот на Катјуша го презеде водството во генералниот пласман по победата во десеттата етапа. На најдобар можен начин ја искористи последната нагорнина на 3,95 километри до крајот на етапа и во целта влезе со време од 4:25,05 часа, две секунди побрзо од Полјакот Бартош Хусарски на втората позиција и Италијанецот Џовани Висконти на третата.
Родригеш ја облече розовата маичка со вкупно време 40:27,34 часа, а освен Хејседал само уште четворица го следат со помало заостанување од една минута. Трет во генералниот пласман е Тиралонго со 32 секунди послабо време од Родригеш.
Денеска се вози 11. етапа од Асаси до Монтекатини (243 километри), најдолга на годинашното Џиро.
|