17.05.2012, 20:07 Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
Пет лица се повредени денеска за време на принудно слетување на авион со 58 патници и четворица членови на екипажот во Минхен, поради што една воздушна линија на овој аеродром беше затворена неколку часа.
Пилотот на авионот на италијанската регионална авио-компанија „Ер Доломити“ десет минути по полетувањето од минхенскот аеродром за Венеција побарал дозвола да се врати, бидејќи бил детектиран чад во кокпитот.
За време на слетувањето авионот скршнал од пистата, а пилотот пријавил проблем на моторот, изјавија претставници на аеродромот и на полицијата.
Јужната писта на аеродромот во Минхен поради овој инцидент беше затворена неколку часа, а 20 летови беа пренасочени на други аеродроми.
|