16.05.2012, 14:45 Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Најголемиот дрогериски синџир во Европа, германскиот „ДМ“, денеска отвора две продавници во Скопје. Над 10.000 производи за нега, хигиена во домот, органска храна и текстил, меѓу кои и брендовите на „ДМ“, „Балеа“ и „Алверде“ ќе може да се купат во продавниците во ГТЦ и на улицата „Даме Груев“, во центарот на градот.
До недела сите производи ќе имаат попуст од 15 проценти, а одредени производи и до 50 проценти. Денеска, од 12 до 14 часот на касите во двете продавници купувачите ќе ги услужуваат ракометарот Наумче Мојсоски и водителката Лила Филиповска, а парите кои ќе се соберат во тој период ќе се донираат на Клиниката за детски болести.
„До крајот на годината во Скопје ќе биде отворена и третата продавница, во ’Скопје сити мол’. Со тоа инвестицијата на ’ДМ’ во Македонија ќе се заокружи на еден милион евра“, истакна Марија Милошеска, менаџер на „ДМ“, и додаде дека во моментов компанијата во Македонија вработува 15 лица. (С.Н.)
|