Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.05.2012, 17:14

„Бесплатната“ здравствена картичка ќе чини 250 денари

За невработените, за пензионери со примања до 15.000 денари, како и за самохрани родители и деца без родители картичката ќе има повластена цена од 100 денари

Јасмина Јовановска

Здравствената електронска картичка која за почеток треба да ги замени сините картони, а подоцна и здраствените книшки, место да се издава без пари, како што првично беше најавено, ќе чини 250 денари. Ова е предлог-цена што ја дефинирало Министерството за здравство со правилникот за цена на здравствена картичка и кои категории ќе бидат ослободени од плаќање. Цената беше обелодената откако Фондот за здравствено осигурување се изјасни дека околу 700.000 здравствени картички наменети за јавната администрација и за пензионерите се заглавени, бидејќи се чека на Министерството да ја дефинира цената на здравствената картичка.

Согласно со правилникот кој во Министерството велат дека е готов и е даден во Секретарјатот за законодавство на проверка, здравствената картичка ќе биде бесплатна за социјалните случаи и за лицата корисници на парична помош. За невработените, за пензионери со примања до 15.000 денари, како и за самохрани родители и деца без родители, се планира картичка со повластена цена од 100 денари, додека за сите други лица и вработени таа ќе чини 250 денари. Исто толку ќе се наплаќа и ако картичката се загуби или оштети.

Од Министерството за здравство не кажуваат зошто здравствената картичка мора да се плаќа кога беше предвидено да е бесплатна. Посебно што за нив беа планирани околу 7,5 милиони евра.

Не можејќи повеќе да чекаат да се воведе електронската здравствена картичка и за да се премости периодот до електронското здравство, од ФЗО вчера промовира сини интернет-картони. Поконкретно, се воведува интерент-сервис http://moeosiguruvanje.fzo.org.mk преку кој секој осигуреник ќе може да провери дали има здравствено осигурување и до кога му важи. Ќе може да се провери дали лицето има матичен лекар, матичен гинеколог и матичен стоматолог. Оваа интернет-страница не само што ќе им ја олесни работата на матичните лекари туку и на пацинетите доколку сакаат да го сменат матичниот лекар. Ќе се спречат и злоупотребите што ги прават матичните лекари со бројот на пациентите.

„Со интернет-сервисот ќе нема рашетување на пацинетите и на матичните лекари, туку со едно кликање ќе се проверува дали пацинетот има осигурување и кој му е матичен лекар“, појасни директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева-Змејкова.

Директорот на Секторот за информатика во Фондот, Гоце Гаврилов, рече дека по отворањето на веб-сервисот, ��е внесуваат податоци за здравствениот број или бројот на здравствената легитимација, се користи матичниот број како лозинка и буквите од ознаката.

За првиот фондовец овој интрнет-сервис е чекор повеќе кон електронското здравство, но за да профункционира, треба да се испечатат здравствните картички и Министерството за здравство да потврди дека сите јавни и приватни здравствени установи се комплетно информатички подготвени за користење на електронската картичка.

„Подготвени сме уште утре да ја воведеме здравствена картичка, доколку се потпишат два договора со Министерството и се донесе правилник за цената на здравствената картичка“, се изјасни Парнарџиева-Змејкова кога може да се очекува сините картони да бидат заменети со здравствени картички. Едниот договор е со хрватската фирма за печатење на картичките, а другиот е за протокот на информации и податоци.

Од Министерството за здравство не одговорија ништо околу тоа кога ќе се потпишат договорите, туку само дека се чека виза за цената на здравствената каричка од законодавство. Не ни открија ни до каде е интегрираниот информатички систем за да може да се поврзат сите болници, клиники и ординации со Министерството и со Фондот за да проработи здравствената картичка барем како замена на сините картони. Од кабинетот на министерот Никола Тодоров само ни рекоа дека поради неизвршените обврски е раскинат договорот со хрватската фирма. Како пенали и' е одземена банкараската гаранција од 228.000 евра, која ќе се употреби за доработка на софтверот. „Еден дел од системот е готов, а другот дел ќе може да се среди со доработка на веб-страницата мој термин и така да се заокружи системот“, појаснија од Министерството за здравство, од каде што не објавија кога може да се завршат сите овие активности.


Статијата е прочитана 4961 пати.

Испрати коментар



Пет загинати и над 50 повредени во земјотрес во Италија
Ван Баален - Грција да отсуствува кога ќе се носат одлуки за Македонија
Втор круг од претседателските избори во Србија
Иванов: Македонија со право очекува да го добие заслуженото место во НАТО
Почнува Самитот на НАТО во Чикаго
Тодоров назначи нови директори на битолската и струмичката болница
Македонските почесни конзули во САД побараа прием во НАТО
Меркел со предлог за грчки референдум за задржување на еврото
А2 стартува под ултиматум
Скопјанка убиена во својот стан во Автокоманда
Македонската делегација отпатува на Самитот на НАТО во Чикаго
Ван Баален - За нас спор за името не постои
(ФОТО) Рекорден број ученици на „Матурската парада“
Верниците муслимани денеска не протестираа
Шест деца повредени во тешка сообраќајка кај Белград
(ОБНОВЕНО) Две момчиња ранети додека седеле во парк
„Фејсбук“ денеска излегува на берза
Работник паднал од покрив
Во стан во Скопје најдена мртва жена
МАНУ - Македонија да биде примена во НАТО со референца
„Матурска парада“ на плоштадот „Македонија“
Човекот кој го создал Интернетот не користи Фејсбук
Груевски - Бизнис можностите првпат презентирани во Хонг Конг
Кофи - САД да ја притиснат Грција за прием на Македонија во НАТО
Шулц - Излегувањето на Грција од еврозоната не е крај на злото
Обид за убиство во Ѓорче Петров, двајца повредени
Пет лица повредени при принудно слетување на авион во Минхен
ДМ со донација за Детска клиника
Протестите за „Монструм“ во илегала
Софија не оди кај Елизабета
TechDays 2012 на „Мајкрософт“ денеска и утре во Скопје
Затворени две агенции за обезбедување
Потврден стабилниот кредитен рејтинг на Македонија
Излегувањето на Грција од еврозоната ќе чини билион долари
Чичек - Македонија во најкраток рок да стане дел од НАТО
Кочанчанец загина берејќи печурки
Трговијата и инвестициите во фокусот на разговорите во Кина
Младиќ вмешал прсти во сите злосторства во Босна
Шпиунирале во џамии маскирани со бурки
Сега Строс-Кан бара милион долари од собарката
Грчката чиновничка влада положи заклетва
Нападната полициска станица во Бујановац
„Аџибадем Систина“ и „Теа модерна“ прогласени за „Супербренд“
Ципрас - ЕУ и Меркел „играат покер“ со животите на луѓето
Сведок е министерот што го притворил Масри
Ќе летаме директно до Бенелукс и Скандинавија
Ќе се скрати времето за пат до Австралија
Пет наместо седум години затвор за Љубе Бошкоски
Дрогериите „ДМ“ од денеска и во Скопје
Грција доби чиновничка влада



beni, 16.05.2012 22:36:52
ostvaruvame........... dur denes doznav deka za da go zapisam sinot vo uciliste treba da plakam 250 denari za potvrda od lekar.......besplatno vo MKD e seuste samo vozduhot :)
Урос, 16.05.2012 23:32:23
Verojatno dogovorot go potpishal nekoj korumpiran ili totalen idiot. Kako e mozno da se dozvoli edna larticka da se prodava po 4 EUR ako se znae deka nejzinata izrabotka ne koshta nitu polovina EUR. Matematikata e jasna 4 EUR pomnozeno so brojot na karticki shto ke bidat izdadeni ke dobiete kolku milioni EUR ke zavrshat vo nekoj dzeb. PRASHANJETO E CIJ E DZEBOT?
maja, 17.05.2012 01:24:54
neli e sram da se bara 100den od nevraboteni,samohrani roditeli...koi ziveat so socijala od 1000-2000den...a koi prihodi ce ima 200ilj po 1,5evra 300ilj evra a kolku ce teeba za adminstracija da gi proknizi ovie pari...nemi e jasno 1,7mil evra za ograda za most a se cigancime za 1,5evra od siromasi.......
Ванчо, 17.05.2012 07:40:21
Еден пензионер кој издржува семејство од четири члена има пензија од 25.000 денари, треба да плати 1.000,00 денари за четири картички, а двајца пензионери во едно семејство со пензии до 15.000 денари треба за изработка на две картички да платат по Ваше 200.00 денари, каде е правото и соцојалната политика. Дали новинарот кој известува го има во оригинал текстот на правилникот-многу неправилности и недоречености.
ФЕЛИКС, 17.05.2012 08:15:12
Ќе ви посочам пример од Хрватска како мое искуство околу здравствената заштита.Оној кој сака да плаќа секој месец околу 400 ден. или 50 куни во Хрватскиот фонд за здравство добива бесплатна здравствена заштита на сите нивоа,од примарна секундарна до терцијална.Потоа буквално сите лекови му се безплатни,добива медицинска куќна нега 5 дена во неделата кога медицинско лице болниот ако е слабо подвижен го капе,бричи и сече нокти,по потреба и дава инфузија. Можеби ова е добар пример за да се инсталира и тука,со што на многу семејства би им ја олеснило работата ем на стари и немоќни лица ем на слабо подвижни болни.Висината на ваквата партиципација може да се прилагоди на нашиот стандард.
Кемал Ататурк, 17.05.2012 08:37:11
КУПЕТЕ СИ НАВРЕМЕ ДА НЕ ФАТИ РЕБАЛАНС ПА ДА ПОСКАПИ
od ostrijot, 17.05.2012 09:33:03
znaci i dotoj stepen dojdofme izdavame besplatni zdrastveni karticki za pari ili prosto receno si igrame majtap so narodot kako sakame i znajeme.
korektorot, 17.05.2012 09:53:29
Во стилот на Коце Трајанов, што се буните за картичката која ќе чини мизерни 250 денари, па тоа е евтино, требало да биде 700 денари ама џанам се смилувале па ни ја намалиле на 250 денари. До кога ќе не прават овци за стрижење. Само.... кучињата лаат, карванот си врви, Вие мислите дека нешто допира до нив, илузии.
do beni, 17.05.2012 10:03:10
beni, besplatno e se. te ukrale tie sto ti ja izdale potvrdata. jas vadev za kerka mi - se bez pari.
Beti, 17.05.2012 11:34:49
Jas sum vrabotena i zemam 10 iljadi denari plata, so dve deca isto tolku u soprugot, i jas treba da platam 250 den. za elektronskite kartici za 4 clena, a penzioner do 15 iljadi ke plakaat 100 den. za 1 ili 2 clena. Nesto ne mi e realno.
Elektronsko zdravstvo i devastiranje na Jav. zdravstvo, 17.05.2012 12:03:37
Javnoto zdravstvo, so grabesi i ovie kobajagi reformi, ni e doneseno na pitacki stap i e na nivo na zdravstvoto od Africkite zemji, ama vazno voveduvame elektronka karticka i elektronski pratenje na site promeni. Sto ce pratite more vo naseto zdravsto osvem beda , necistotija,nemanje najosnovni lekarstva, nestrucnost i propagandi? Sega tesko na siromasnite koi nemaat pari za lekuvanje vo Sikstini, Filipi II , Neuromediki i drugi privatni zdravs. ustanovi koi na smetka na smisleno razruzuvanje na Javniot zdravsten sistem si sobraa klienti . I seto toa e so dogovor na FZO i Ministerstvo za zdravstvo. Nekoj debelo ce se ofajdi i od provizija za ovaa elektronska karticka. Vazno porerodbata prodolzuva i so golemi cekori se povece napreduvame ! Gospod da ni e na pomos!!
bb, 17.05.2012 12:41:12
eee felikse daleku sme nie od hrvatska ,ako e taka kako sto pisuvate ,ke se prodolzi vekot na ziveenje na nashiot narod,pa posle ke e problem shto ke se pravi so toj narod,zosto tuka se e pobitno od narodot
Gratis, 17.05.2012 12:42:05
Kaj nas se e besplatno i so sekojdnevni niski kazni za se i sesto.Taka mladite bracni parovi po sklucuvanjeto na brakot ako odat na meden mesec vo stranstvo besplatno kje platat 500 evra, ako mladata nema nov pasos so novoto prezime.Na ovoj nacin medxeniot m esec kje bide doma.
сузе, 17.05.2012 13:10:08
Феликс,сигурно може хрватскиот модел да се воведе и кај нас ама во некое друго време за кое сум сигурна дека нема да биде ПОРТОКАЛОВО!
Vinci, 17.05.2012 15:24:05
Narodot pak so prstot vo usta, bidejki poradi nesposobnosta i nepismenosta na instaliranite partiski strukturi vo MZ i FZO, elektronskoto zdravstvo koe od poodamna trebase da zazivee, penalite po kojznae koj pat pak ke gi plaka rajata,za konecno da se ispecatat elektronskite zdravstveni karticki, a nikoj da snosi odgovornost za toa kade otidoa grdni sredstva od grantovi i proekti od SZ i dr.megunarodni institucii davani za ovaa namena.Uste pak se vadat deka Hrvatskata firma koja rabotela na ovaa realizacija ne izvrsila del od dogovornite obvrski, dajte veke prestanete da lazete, zasto na narodot mu e veke preku glava od Vasata nesposobnost, em nezadovolni od uslugite vo javnoto zdravstvo, em sega da se maltretiraat i da ja plakaat EZK vo proklamiranoto ,,BESPLATNO,, zdravstvo!!!???
Radomir, 17.05.2012 16:21:16
ZOSTO VO MAKEDONIJA NEMOZE NI DOBAR DEBN DA SE KAZE A DA NE SE NAPLATI..? SRAMOTA, USTE POSLEDNITE DENARI NA SIROMAVIOT NAROD OSTANA POSLEDEN IZVOR ZA VASE FINANSIRANJE. SRAMOTA,SRAMOTA......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 25°C

Делумно облачно

Недела
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |